Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска ракометна репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 6 јануари 2012.

  1. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
    На Hipica и Amelia им се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Браво Кире, да ти се множат наградиве.
    Оваквите успеси се гордоста на Македонија :clap:
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  3. flowerly

    flowerly Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    Леле најјаки сме си бе!Си грмиме!Огромнооо браво до Кире!Иначе кога бев во Белград за утакмицата со Данска бев сместена во ист хотел со ракометариве.По утакмицата,идам ја накај соба и у лифт со мене се качуе некој од ракометарите.Носеше капуљача,и одпрвин не го познав кој е.Му викам "Еј штета што изгубивме,ама најјаки сте! :D " и он ми вика: "Tребаше да ја фрли Кирил на крај топката у аут барем.Ама тоа е кога некој си мисли само за себе." се отвори лифтот и излезе.После сфатив дека тоа беше Темелков.Леле колку ми падна жал неможам да ви опишам.А како сум ги пцуела после данците :devil: :swear:
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Ќе кажам нешто од гледна точка на спортист/репрезентативец кој има во моментот се или ништо.
    Човекот-како поим, е секогаш незадоволн,од нешто бара уште повеќе.Лесно е да се рече во аут да фрлеше или да задржеше топка, ама во тој момент од 1 бод, имаа 5-6сек за можност и за 3 бода.Тогаш се не јавува егото на Кире Л. туку човечката незаситност за повеќе, и слабата ментална сила на нашите спортисти(сите во сите спортови). Бидејќи (конкретно за ракометариве сега,иако и за другите спортови тоа важи), дај сега и преку леб погача оти којзнае кога пак ќе дојдеме до ваква шанса и сила.
    А најлошо од СЕ, кога знаеш дека сите во МК очекуваат повеќе од реалната максимална моќ.
    Го кажувам од искуство, не е воопшто лесно.
     
    На Hipica и sadangel им се допаѓа ова.
  5. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Ах, да. А да не фрлеше “Онај глупион оти не шутнаааааа топкана в раце му бешеееее сељааак, најмизереен заради него немавме 3 поени плусссс аееее тој ѕвезда бил топка в раце назнае да фати.’’ Македонска работа. :x
     
  6. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.232
    Допаѓања:
    1.639
    Ова ли го рекол Темелков и за кого конкретно мислел за Кире ли? :o
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Епа ако ја кажува вистината, девојчево рече дека во лифтот со неа бил Темелков и тоа го рекол за Кирче.
    Додуша мене ова баш и не ми е за верување. Ти Флауерли велиш дека Белград за утакмицата си преспала во хотел, и тоа баш во истиот со ракометарите. И сте се нашле со Темелков (и јас во мислите си се наоѓам со него, ама не во лифт :D ) во лифт (баш се чудам што правел сам да се шета низ хотел :?: ) и тој пред тотален странец ќе каже ваква остра критика кон колега од тимот.
    Yeah right |(
    Мислам, овен е во хороскоп, сигурно е импулсивен дечково, ама ти не знам што треба да бидеш во хороскоп за да скроиш вакво сценарио.
     
    На BoaVista, esperanca и Miss-Independent им се допаѓа ова.
  8. flowerly

    flowerly Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    Не,не лажам затоа што "Темелков не се шеташе по хотел" тоа беше по загубата со Данска.Пристигнав во хотел и си влегов во лифт се качи и Темелков.Зошто да лажам?Не сум против Кире,само кажувам што кажа. :!:
    А плус,зошто да не бидам во ист хотел?Бев со другарка ми ,и хотелот го резервирала таа.Не ни и верував дека сме во ист хотел , додека не пристигнавме и да видам дека во хотелот пишува листови на кој кат е која репрезентација.А всушност,ок мисли дека лажам твој проблем :!: :lol: :x
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Морам да се надополнам самата себеси.Ви текнува за кошаркарите, незнам Војдан или Дамјан кој шутираше за 2ка-за изедначување и продолжение, им викаа лелееее како можеа тука се иде на се или ништо, требаше Марин да рече за 3ка да се фрла.
    Е сега еве Кирца фрла за се или ништо, е сега и тоа нечини :)
    Таков ни е менталитетот на сите :)
     
  10. flowerly

    flowerly Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    И зошо знам шо ќе избувне од едно мислење сега,подобро бришете ги последниве мислења.Стварно не ми е до карање,расположена сум си :rofl:
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    :) кој спомна карање, ние само дебатираме во различни тоналитети :lol: ;)
     
  12. flowerly

    flowerly Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    Така веќе подобро,нејќам да испадне лажам,после ова она... :!:
     
  13. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Флаверли без љутиш али информацијава ко бајаги неточна ми стои.
    Значи многу ми е чудно на некој непознат што го сретнуваш прв пат во лифт да му кажеш вака тешки зборови. Тоа е исто ко на некој непознат во лифт да му кажуваш семејни проблеми.

    Башка што ти си можела и информацијава да ја продадеш во весник и да избие скандал.
    А и доколку е вистина овој коментар е крајно не професионален и не спортски.

    Не велам дека лажеш само чудно ми е и репрезентативец во ист лифт да се вози со кои други гости што се сместени во хотелот. Јас бев во ист хотел со некои фудбалери на припреми па никогаш и не се разминавме, а со другарка ми намерно станувавме рано и одевме во менза и тоа беше најблиската средба што ја имавме.
     
    На Peppermint, SunFlower94, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Па и он си доаѓал од утакмица сам,мислиш у Скопје на тренинг бил па си идел дома. |(
    Ај не битно,ја расипавме темава скроз со глупости.
     
    На Hipica и SunFlower94 им се допаѓа ова.
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Чудно??? па зарем треба да чека празен лифт, или ако тргне сам а на втори кат да се качи некој, он треба да излезе?
    што ќе му направи,нема да го изеде, единствено автограм ако му побара.

    Хехехех се замислувам себеси,па ја кога настапувам репрезентациски каква среќа имам се на некои 8-9-12-13 катови од хотели ме ставаат, сто пати би требала да влезам и да излезам за сама да се возам :rofl:


    пс. najubava2010,не е ништо против тебе, ама многу смешно ми дојде слика во глава
     
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Бил или не бил Темелков во лифтот ич не ми е гајле ни ми е интересна приказната јас само ќе кажам нешто во одбрана на Лазаров и воопшто во одбрана на оние момци кои се капитени или кои се водечки играчи во еден тим.
    Кога доаѓа крај последни решавачки минути, посебно кога од последниот напад зависи победата сите се плашат да шутнат.
    Ако приметивте кај кошаркарите таа одговорност ја превземаа Антиќ и Бо и евентуално Илиевски. Кај ракометариве Кире, можеби и Наумче кој никогаш па не поентираше на битните шутеви.
    Значи ако погодат се херои, ако промашат се лузери, идиоти, кретени, сељаци итн. Ако победат соиграчите го креваат во раце, го величат, цар ваков таков, ако промаши себичен бил.
    А пуштете ги сите натпревари со завршници решавачки и пратете ги другите играчи, сите им ја даваат на овие клучни играчи и не сакаат сами да ја превземат одговорноста и да шутнат. А кога друг ќе шутне и промаши тој им е крив.

    Глејте ја последната минута и ќе видите кај ја даваа топката, а Темелков посебно седеше во ќошот и ни побара топка ни ништо.
    http://www.youtube.com/watch?v=U36VNsxsuXE


    Немаат право своите тимски грешки на поединци да ги префрлаат!
     
    На Hipica, Peppermint, pafpaf и 6 други им се допаѓа ова.
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Абе Сноу не да чека празен лифт, али сепак мислам дека пак имале организирана некаква заштита од трети лица, сепак се репрезентативци кои играат на Европско и посебно окулу нив се крена голема фама. Од кај да знаеш во лифтот може да се погоди некој разлутен навивач па да се испотепаат.

    Види незнам како точно функционираат овие работи, сепак никогаш не сум се бавела професионално со спорт, па овие работи ги тресам од ракав, ама и се водам од логика.

    Можеби грешам, можеби девојчето стварно било во лифтот, но незнам, али некако ко да ми нема логика во целиов муабет.

    Инаку во потполност се согласувам со Роси, во вакви клучни моменти ретко кој играч се нафаќа да превземе одговорност.
    Требало вака или онака, се само чаршиски муабети, секоја им чест на момците и покрај сите пречки успеаа да освојат солиден пласман.
     
  18. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
    Хмм,ако е ова вистина тогаш сум загрижена за атмосферата во репрезентацијата.Ако е вакво размислувањето меѓу ракометарите, тогаш ситуацијата помеѓу нив не е воопшто онаква каква што изгледа однадвор. :doh: Ме загрижува затоа што колку и да еден тим е добар или има одлични поединци никогаш не може да постигне голем успех ако постои несложност и недоразбирање меѓу соиграчите. :worried:
    Ќе го земам ова со резерва,не можам да кажам дали е вистина или не,кога не сум била сведок на ситуацијата.Јас би сакала да не е вистина.Ако е вистина,мислам дека Темелков како професионалец не смеел да си дозволи да го критикува капитенот пред непознат човек во лифт :^) Можеби има и некои од останатите играчи кои мислеле или мислат исто,но тоа го држат за себе. :^)
    И јас се согласувам со некои од мислењата дека во прите два натпревари играта на Кире не беше на највисоко ниво.А околу ситуацијата и промашениот шут во последните секунди од натпреварот,ќе кажам-
    Да не беше Лазаров ние воопшто немаше ни да се пласираме на европското првенство.
    Да не беше Лазаров немаше да ги забележиме сите добри резултати на првенството.
    Да не беше Лазаров ќе изгубевме од Данска со 5 или повеќе разлика.Затоа што тој на 6 минути до крајот кога губеме со 3 гола разлика,успеа со своите голови и асистенции да не врати во неизвесна завршница . :!:
    Да не беше Лазаров никогаш Европа и Светот немаше да дознаат за македонскиот ракомет.
    Без потценување на останатите ракометари,имаме навистина добри играчи и ова не е само успех на Лазаров(што и самиот го изјави тоа) бидејки се работи за колективен спорт,но,без него како играч од светска класа немаше да постигнеме ништо од ова што сега го имаме. :!:
    Вистинската слика за квалитетот на репрезентацијата ќе ја имаме кога Лазаров ќе се повлече од тимот,а сигурна сум 100% дека без него ќе биде сосема друг тим. :worried:
    Дури тогаш повеќето ќе ја сватат големината на Лазаров. :!:
    Нека ни го чува Бог уште многу долго,а останатите нека учат од него. :!:
     
    На Amelia и Hayley им се допаѓа ова.
  19. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Убаво кажа pafpaf, Лазаров не дојде само така до титула за најдобар играч на светско и европско првенство. Не гледам ни што можел само за себе тука да гледа, еден гол не му менува многу нему лично колку што можеше да го промени резултатот на утакмицата за целата репрезентација.
     
  20. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Македонците досега купиле 4.000 влезници за Гетеборг, на трибините се очекува двојно повеќе!
    Вкупно 4.000 влезници досега купиле македонските друштва на иселеници од скандинавските земји за квалификацискиот турнир за ЛОИ во Лондон, откри Марјан Начевски, генералниот секретар на РФМ, на денешната седница на УО.
    [​IMG]
    Начевски додаде дека се очекува огромна поддршка за нашиот тим, зашто досега биле резервирани уште 4.000 билети, а најавено е од Скопје дека ќе тргнат најмалку 5 чартер-авиони и десетина автобуси.

    „Ќе има помеѓу 6 и 8 илјади наши навивачи, верувајте, луѓе, интересот е огромен. Ќе ги организираме и иселениците од Германија и од Данска, досега вкупно 11 македонски друштва од Скандинавија купија 4.000 билети“, вели Начевски.

    Македонија е во група со домаќинот Шведска, Унгарија и Бразил на квалификацискиот турнир за ЛОИ во Лондон.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.