Општина Бутел ги „позлати“ Миркуловски и Ристовски Македонските ракометари Филип Миркуловски и Борко Ристовски добија златни плакети од општина Бутел. Поради нивниото достигнување, се разбира заедно со останатите ракометари на Европското првенство во Србија, Филип Миркуловски и Борко Ристовски добија златни плакети од општина Бутел. Како што изјави градоначалникот Петре Латиновски, овие плакети се доделуваат на заслужни граѓани и тоа на јубилеите на општината, но поради она што го постигнаа со македонската ракометна репрезентација, Миркуловски и Ристовски заслужуваат место во историјата и секако го заслужија и ова признание. -Јас сум среќен и горд бидејќи денеска сме со две големи спортски имиња, кои токму од оваа општина ги почнаа своите први чекори во ракометот. Нашата општина има ракометна традиција, а за постигнување на големи успеси потребни се многу труд и работа. Со успехот кој го остварија со останатите ракометари, Филип и Борко заслужуваат посебно место, не само во спортот туку воопшто во историјата на нашата општина, изјави градоначалникот Петре Латиновски. Првиот човек на општина Бутел изјави дека се надева дека успехот на македонските ракометари, како и Миркуловски и Ристовски, кои се идоли на младите генерации, ќе бидат поттик и пример за следните млади спортисти и дека токму од генерациите кои доаѓаат од оваа општина, ќе се создадат нивни достојни замени во националниот дрес. http://kurir.mk/sport/rakomet/60777-Ops ... -Ristovski
Mеталург ја прегази Висла..Јуху ху! 20-24,аха 4 предност за Металург! Металурк-ноќен кошмар на Висла! ах,плус игравме без Миркуловски и Ракчевич. Пак сме 2ри на тебелата! Ма можеме ние и Хамбург,на наш терен,има да грми Борис Трајковски! !
Многу ми е мило што победивме во гости, а посебно што играше Маркович, срце е, според мене еден од најдобрите. Ајде сега во недела и на домашен терен една победа добро ќе ни дојде
Браво за Металург!!! Ајде сега наредната победа дома да биде!! Иначе кога сме кај згодните македонски ракометари го заборавивме Дејан Пецаковски од Вардар
ВИДЕО: Металург доби официјална химна Македонскиот ракометен шампион Металург доби официјална химна. Според информациите промоцијата ќе биде на 26-ти февруари кога во „Борис Трајковски“ ќе се одигра дуелот против Хамбург во Лигата на шампионите. Инаку, химната е во изведба на неколку наши поп и фолк пеачи, додека музиката и аранжманот се на Дарко Тасев. Официјалната химна претставува преработка на досегашните навивачки песни на навивачката група „Пирати“. Со оглед на резултатите во последниот период Металург секако одлучи да поработи и на својот имиџ. Ова е одличен чекор, а химната може да стане многу популарна, се разбира доколку нашиот ракометен тим направи големи резултати на европската ракометна сцена. Извор: http://www.kurir.mk слушнете па кажете како ви се допаѓа.
http://www.kurir.mk/sport/rakomet/61862 ... -EHF-lista Македонија на 13-тото место на новата ЕХФ листа Четврток, 23 Февруари 2012 11:22 Споделете ја веста со Вашите пријатели Благодарејќи на освоеното петто место Македонија скокна на 13-тата позиција која не „смести“ во вториот шешир за ждрепката за ЕП 2014-та година. Македонската ракометна репрезентација се најде на 13-тото место на новата ранг листа на Европската ракометна федерација. Благодарејќи на освоеното петто место на Европското првенство во Србија, на новата листа на ЕХФ се најдовме на оваа позиција која ни носи место во вториот шешир за ждрепката за ЕП во 2014-та кое ќе се одржи во Данска. На првото место на листата разбирливо е Данска, која нема да игра квалификции за следното ЕП поради тоа што е домаќин, а пред Македонија се репрезентациите од првиот шешир и тоа Хрватска, Франција, Шпанија, Исланд, Полска, Србија и Германија, додека од вториот шешир подобри на оваа листа се Унгарија, Норвешка, Шведска и Словенија, а зад нас се Чешка и Австрија. Инаку системот на квалификации не е променет, ќе се играат седум групи со по четири екипи, а двете најдобри ќе се пласираат на првенството. Ждрепката ќе се одржи во Копенхаген на 20 април, а квалификациите почнуваат оваа есен и продолжуваат низ цела 2013-та година.
Зошто коментирате во темава, а не во темата Ракомет? Па ЛШ е ова, нема врска со македонската ракометна репрезентација, само македонски тим игра
Уште еден трофеј за Лазаров. http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=6383 Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров со својот клуб Атлетико Мадрид го освои Копа дел реј, откако во финалната средба ја совладаа Барселона со 37-31. Македонскиот „бомбардер“ и во ова финале беше на висина на задачата и го предводеше Атлетико Мадрид со седум постигнати гола, од кои три реализирани од седмерец. Одличната игра на Кире Лазаров му го донесе и признанието за најдобар играч на овој финален меч.
Ексклузивно инфо од Гетеборг: половина Скандинавиум ќе биде црвено-жолт! Неверојатна мобилизација се случува деновиве кај македонските иселеници во Гетеборг, на само две недели пред почетокот на ракометниот квалификациски турнир во ракомет за пласман на ЛОИ во Лондон, каде што Македонија се бори за едно од првите две места во групата во која се и Шведска, Унгарија и Бразил. Ѓорѓи Трпинов, еден од главните организатори на мобилизацијата кај нашинците во Гетеборг, ни ја пренесува атмосферата од шведскиот град, каде што има неколку македонски друштва на иселеници. „Максимално сме ангажирани. Владее тотална еуфорија, се купуваат билети, им се делат организирано на членовите на друштвата. Досега само ние тука имаме купено 5.000 влезници за натпреварите на Македонија, поддршката што ракометарите ќе ја имаат во Скандинавиум ќе биде невидена. Народски кажано, на секој агол, на секоја улица има нашинец што е задолжен да го рекламира настанот. Не верувам дека има Македонец во Шведска што не знае што се подготвува за периодот 6-9 април“, вели Трпинов. Тој се надева дека уште повеќе Македонци ќе има во арената во Гетеборг (капацитетот на салата е 12 илјади), зашто во бројката не се сметани навивачите што со чартер-летови и со автобуси ќе допатуваат од Македонија, но и од другите европски земји. Трпинов исто така нè информираше и за љубомората кај Швеѓаните од невидената мобилизација на Македонците за овој настан. „Викендов играше нивниот претставник во Лигата на шампионите (Савехоф н.з.) и во салата имаше едвај 4.000 навивачи. Тие се добро информирани каква еуфорија кај нас владее за ракометот, знаат и како се навива на дуелите на Металург. Се чувствува дека се љубоморни, не гледаат нас, како се подготвуваме, како едвај го чекаме моментот да дојдат нашите момци. Згора на тоа, ги боли што тие како домаќини може да останат со најмалку навивачи во арената Скандинавиум, зашто информациите што ги имам јас се дека и од Унгарија ќе дојдат многу навивачи на нивната репрезентација“, објаснува Трпинов. Освен големата поддршка што Кирил Лазаров и неговите колеги од репрезентацијата ќе ја имаат во салата, се очекува вистинско лудило и на улиците во градот, кој се очекува да биде празен поради прославувањето на католичкиот Велигден. Во време кога масовно Швеѓаните ќе заминат надвор од градот, Гетеборг ќе биде обоен во црвено-жолто. Затоа, Трпинов најавува дека се очекува организирање на огромна фан-зона и тоа на стадионот каде што настапува фудбалскиот клуб Вардар од Гетеборг, екипа која ја имаат формирано нашите иселеници во далечната 1972 година. „Очекуваме таму да биде главното дружење на сите навивачи пред и по натпреварите, ќе има храна, сокови, пиво… Местото не е многу далеку од салата, има околу 4 километри, но со јавен превоз се патува кратко. Фан зоната би требало да работи нонстоп, таму ќе биде центарот на сите случувања, секако и нашите ракометари би сакале да дојдат таму и да се дружат со нас“, вели Трпинов. Македонија во Гетеборг ќе се чувствува како домаќин, поддршката ќе биде исто толку голема како што беше во јануари на ЕП во Србија, кога завршивме на петтото место. Сите предуслови за радост се исполнети, останува уште ракометарите да ги повторат игрите од Ниш и Белград и потоа на ред за окупација да дојде и Лондон… Многу сум нестрплива. Едвај чекам да почнат квалификациите за ЛОИ.
Селекторот на машката ракометна репрезентација Звонко Шундовски го соопшти списокот од 20 ракометари на кои смета за квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Лондон, кој што од 6 до 8 април ќе се одржи во Гетеборг, Шведска. Меѓу повиканите има дури 12 ракометари на Металург. Состав: Борко Ристовски, Петре Ангелов, Стевче Алушовски, Дејан Манасков, Владимир Темелков, Златко Мојсоски, Ванчо Димовски, Стојанче Стоилов, Кирил Лазаров, Аце Јоноски, Бранислав Ангеловски, Филип Миркуловски, Велко Маркоски, Наумче Мојсоски, Филип Лазаров, Митко Стоилов, Никола Маркоски, Владимир Митков, Никола Митревски, Милан Левов. http://www.rkmetalurg.mk/storija/1920