Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска ракометна репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 6 јануари 2012.

  1. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.232
    Допаѓања:
    1.639
    А ќе имали пренос?
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Обично за вакви мечеви нема пренос или има во последен момент.
    Така да засега не сум слушнала ни за карти ни за пренос ништо.
    Али знам дека освен во 18 часот играат и во понеделник во 14.45 уште еден натпревар.
    Причината за толку рано играње е што во петок играме во истиот термин со Унгарија.

    Дали ми верувате дека уште од сеа имам трема? :lol:
    Еве ги инаку натпреварите.
    Не очекува идниот викенд смеење, нервози, грицкање нокти, сафра, плачење нормално солзи радосници :wasntme:
    Првиот и второпласираниот во групата одат на олимпијада.

    6/4 14.45 Унгарија-Македонија
    6/4 17.00 Шведска-Бразил

    7/4 13.45 Бразил-Унгарија
    7/4 16.00 Македонија-Шведска

    8/4 14.45 Бразил-Македонија
    8/4 17.00 Шведска-Унгарија

    Колку ќе ни биде убава државичкава, обоена црвено-жолто, полни кафичи, полни плоштади, се навива, ќе се радуваме, гушкаме и ќе вадиме англиски визи :D

    http://www.youtube.com/watch?v=Jgtd0hNVhr0
     
    На Smilly, elcezelce, esperanca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Алал да ти е Росонерке за последнава реченица ,ептен убаво кажано ,Англија да ја обоиме во жолто-црвено време е :D
     
  4. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    На фб прочитав дека за натпреварот Македонија Романија, ќе има пренос на сител во 18:00, а картите синоќа во 21 часот биле пуштени во продажба на шалтерот во салата Борис Трајковски, по цена од 100 ден.
    Инаку имам едни другари, си купија карти за Шведска и сега во понеделник заминуваат, којзнае колку ќе биде прекрасна атмосферата таму.
    Не се споредува чувството кога гледаш во живо и од пред ТВ, јас во Белград бев на Македонија Данска ( трагичната утакмица ;( ), таков адреналин и менување на различни емоции во секунда немав осетено до тогаш, се радуваш кога водиме, плачеш кога губиме, срцето ти се стега, навиваш на цел глас, а плус како што нашиве цело време играа стресни натпревари неизвесни до последната минута. Кога данците дадоа гол на крајот, цела сала како што беше на нозе, одеднаш настана штама, тишина, на никој не му се веруваше што ни се случи, сите како да занемеа, ептен беше тажно ;(
    Ама како што рече Кире: Данци доаѓаме во Лондон! ќе им вратиме за тој болен пораз, сметам дека ќе ги помине квалификациите, можеме да ги победиме и Унгарија и Шведска, за Бразил ни не правиме муабет :)
    Едвај чекам да почне ракометната треска низ цела Македонија, се е убаво кога се живее во духот на спортот, ќе ги бодриме нашите, не за џабе странците не прогласија за најдобри навивачи на планетата :)
    Што би рекле во NBA, I love this game :inlove:
     
  5. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
    Леле и мене ме дрма трема како се приближува почетокот на квалификациите. :|
    Да соберам нерви овие денови,ќе ми требаат и резерви,знаејки ги нашиве какви неизвесни мечеви играат. :D
    Ех,ќе ми нема крај на среќата ако се пласираме на олимпијада. :)
    Знам дека ќе биде многу тешко. :|
    Само да се ракометарите психички добро подготвени,тоа е она што најмногу ни фали. :^)
    И како што изјави една од учесничките во Сурвајвер чиј татко е освојувач на златен олимписки медал во ватерполо,тоа и го кажал на својата ќерка пред заминувањето во шоуто.

    Не освоивме злато затоа што бевме најдобри ,туку затоа што верувавме дека сме најдобри. :!:

    Момци верувајте во себе и само храбро. :)
     
    На JaneAusten, esperanca и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  6. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Новите дресови на нашите ракометари.
    [​IMG]
     
    На Smilly му/ѝ се допаѓа ова.
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Meне одлични ми беа и старите дресови, многу ми се допаѓаат линиите. Имаме уникатни дресови и овие се ок, но немаше потреба од промена.

    Картите инаку за натпреварите со Романија се 100 денари и на касата во салата Борис Трајковски се набавуваат од денес.

    Одбројувањето започна.
    7 дена...
    [​IMG]
     
    На esperanca, BlackSwan5 и Smilly им се допаѓа ова.
  8. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Jaс сум веќе обоена во црвено-жолто!Цел месец ме мава еуфорија ^_^
    Април,срцето и душата ќе ми ја земат утакмициве.
    Си ги спремам,боите да се шлакам по обравчињата!
    Френдиците мои,ги полудувам со ова уткамициве.Абе 24/7 ја тупам за тоа.Јас сум им организатор за гледање уткамици,морам сите да ги соберам,дали во кафиќ или кај некоја дома,небитно.
    Да не сум им јас,они би гледале ладнокрвно утакмици без око да им трепне.Јас им влевам еуфорија,и гледам убаво им е.Цела нервоза автоматски на нив ја пренесувам,и полека полека неизвесноста ги убива и нив. 8) Кога сме у кафиќ обазено летаат по неколку чаши,ама тоа е вообичаено скоро на секоја маса,у такви стресни моменти!

    За пренос,ќе има на Шител,рекламата ја пуштија уште за време на натпреварот Металург-Загреб!
    А и пораката им беше оргинална,Сител им носел среќа на нашите репрезентативци..Прво на кошаркарите,па на ракометарите,а се мислат дали да даваат пренос и на фудбалските утакмици 8) !

    Јас верувам дека ќе се квалификуваме за ЛОИ ^_^ ма сигурна сум!
    Кирил Лазаров до фановите на Шведска: ГЕТЕБОРГ ДОАЃАМЕ , ЕДНАШ СЕ СПАСИВТЕ НО СЕГА НЕМА !

    [​IMG]
    Феминки,ќе вадиме визи за Ангија..? :l:
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    може дека навикнавме на старите па новиве ми се чудни, не се лоши,дрес како дрес, подобро било каков отколку никаков
     
  10. Addicted

    Addicted Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Го гледа ли некој натпреварот? Нема пренос на сител :\
     
  11. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.232
    Допаѓања:
    1.639
    нема пренос, но незнам дали може online ако може некој да прикачи линк
     
  12. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Охоо гледав и голем бев навивач, ниту еден натпревар не испуштив :!: Ги сакав сите, наши се Фала Богу дека ќе ги сакам :) ама најмногу Илиевки, Антиќ и Мекелеб
     
  13. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Да не си ја згрешила темата?
    Пишува "Македонска ракометна репрезентација",а зборуваш за кошаркари? :D
     
    На cigarce и esperanca им се допаѓа ова.
  14. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Еленушка си ја згрешила темата. Овде пишуваме за ракометарите, а не за кошаркарите. :lol:
     
  15. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    А како поминаа денес ракометарите со романија? овој припремниот пријателскиот ? знаете ?
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Македонија ја совлада репрезентацијата на Романија со 30-28
     
  17. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
    Во денешниот втор контролен натпревар со Романија,изгубивме со 1 гол разлика 26-27 :|

    Туку се повредиле Мојсоски и Темелков,неизвесен е нивниот настап. :doh:

    http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=7032
    http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=7034

    Како што се ближи заминувањето за Гетеборг за настап на квалификацискиот турнир за ЛОИ во Лондон, така се поголеми стануваат проблемите со кои што се соочува стручниот штаб на македонската репрезентација. Наумче Мојсовски поради болка во коленото го пропушти денешниот пријателски меч со Романија, а дополнителна главоболка на селекторот Шундовски му создава најновата повреда на Влатко Темелков.
    Евентуалното отсуство на Темелков од квалификацискиот турнир во Гетеборг ќе претставува огромен проблем за стручниот штаб на македонскиот национален тим, ако се знае дека на позицијата десно крило Шундовски би го имал единствено Златко Мојсоски.
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^еее само уште ова ни фалеше,ајде да се надеваме дека не е ништо озбилно :|
     
  19. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Поголеми малери од нас здравје.
    Белким не е ништо страшно и во петок ќе заиграат и двајцата.
     
  20. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
    Темелков,еден од клучните играчи, и дефинитивно не патува за Гетеборг.:| Добра вест е што Мојсоски ќе патува. :)

    http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=7045

    Македонија ќе биде осетно ослабена на предолимпискиот турнир во Шведска откако се потврдија стравувањата дека повредата што Влатко Темелков ја заработи на денешниот натпревар против Романија е од посериозен карактер. Имено, деталните лекарски прегледи покажаа дека станува збор за кинење на лигаментите во десното колено, повреда поради која што на одличниот крилен ракометар му претстои пауза од неколку месеци од терените.
    Добра вест за селекторот Шундовски е што Наумче Мојсовски ќе биде подготвен за настап во Гетеборг. Еден од најдобрите македонски ракометари го пропушти денешниот пријателски дуел со Романија, но деталните прегледи покажале дека не станува збор за посериозен проблем и Мојсовски ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на националниот тим.