06.04.2012 Hungary - Macedonia 14:45 07.04.2012 Macedonia - Sweden 16:00 08.04.2012 Brazil - Macedonia 14:45 Ракометарите на тренинг во Гетеборг. http://www.mkd.mk/23863/sport/ekskluziv ... -geteborg/ Освен тоа што го почитувам Лазаров како врвен ракометар и по мене најдобриот спортист кој што сме го имале,ми се допаѓа неговата приземјеност и реалност.Пред ЕП во Србија рече нацијата да не очекува чуда.Кога се вратија,во интервју на ТВ рече дека сме аутсајдери во квалификациската група за Олимпијада.Оваа негова изјава дека се чувствува како да сме на Олимпијада,јас ја протолкував како дека ова што сме стигнати до тука,до можноста за Олимпијада,е голем успех и изненадувачки резултат за нас. И околу прогнозите за мечот со Унгарија додека останатите ракометари изјавуваа дека шансите ни се 50-50 тој рече дека фаворит е Унгарија.А и светските кладилници го потврдија тоа.Дури не е ни мала разликата во коефициентите. http://kurir.mk/sport/rakomet/66722-Ung ... uvalnicite Но,на среќа,фаворитите на хартија не победуваат секогаш.Па затоа секогаш имаме шанси. едит Ноќна мора имаат противничкиве селектори од Кире Најверојатно ќе играат фластер на него,па би требало другиве бекови да распалат. http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=7113
Судиите се од Шпанија, Франција и Словенија. Се прашувам oд кај ги најдоа Шпанците. Тие се истите што ни судеа против Словенија и на Металург против Загреб во Загребската арена.
Заедно да се држиме, судиите да ги победиме! Уфф еуфорија ме фаќа, одвај чекам утре од школо да си дојдам па да си го пуштам телевизорот, тон максимално, да ми ече цела куќа кога ќе дадат гол, па кога ќе ги здогледам македонските навивачи, салата црвено - жолта, па од милина срце да ми се напуне, и за крај дај боже да победеме па да ни појде победнички. Одвај чекам
OOO едвај чекам Кратко ќе трае ама слатко ќе биде Каква еуфорија ме мава пред вакви натпревари,неможам да опишам.А и плус многу убави работи некако ми се случуваат во вакви периоди,додека владее патриотска еуфорија меќу народот Штета што сум на школо утре попладне,ама ќе му ја кидниме после втор час и одиме сите со реквизитите АЛЕЕЕ АЛЕЕ
Ајде ајде утре е денот. Арно шо сум сабајле на школо, ќе се лудва пак, Темелков не отпатува,криво ми е за то .. Како и да е другите се сите на број Се чека утре сеа, ќе навиваме сите.
Феминки,започна одбројувањето..! За неколку часа,цела македноска јавност ќе биде сплотена,градовите обоени во црвено-жолто,а срцата полни со љубов и топлина,и желни за победа. Сон нема да ме фати вечерва,и повеќе од спремна сум за утре. ! Договорот падна,ќе гледаме во мојот омилен кафиќ, за вакви спортски манифестации. http://www.youtube.com/watch?v=haOax37Bsxs Aх,видеово е моќно!Премногу.. Јас верувам дека ќе ја почвуствуваме топлината на олимпискиот оган !
Изглеа тактика им е некоја со новите дресови, онакви тесни од ликра, припиени уз тело, да не можат многу да ги тегнат, и да ги фатат за дрес да не може да ги додржат. Ако, ако се што треба, само да им тргне, доволно е да ја имаат формата од европско и можеме со сите да се носиме, па после гол за гол, па кој има највише живци на крај ќе тепа. Се надевам тоа ќе сме ние, една тесна победа со Унгарија и после Бразил на тенане и то је то. Али и да не биде( пу, пу скраја да е) само нека дадат се од себе, бар да знаат дека напраиле се што можат. Ајдеееее М-А-К-Е-Д-О-Н-И-Ј-А!
Мхмммм станав се истегнав и си реков ДЕН ЗА ПОБЕДА! Фалангата пред 1 час пристигна во гетеборг. http://www.youtube.com/watch?v=whmt8Bk8 ... ture=share
Ја мислам ќе ги победиме, озбилно. Може чудно ама ние со кои сили се носевме на првенството, зошто да не и со Унгарците? Што убаво што ќе можам од дома да си гледам, дојдена сум од 11 прва смена бев, мераци. Стварно
Во многу бош време се утакмициве, среќа сум слободна. Уште од станување некоја еуфорија ме мава, место не ме фаќа, едвај чекам да дојде 15 до 3 Криво ми е за Темелков што нема да игра, знаеше да даде гол кога е најмногу потребен, не знам дали ќе го заменува Никола Марковски или Златко Мојсовски. Добри се новиве што дојдоа во репрезентација, има надеж. Слушнав и дека Манасков бил во многу добра форма на подготовките, па можно е и повеќе минути да има на овие натпревари.
Ајдее повторно не зафаќа еуфорија, повторно сите пред тв, повторно навивање, викање, неизвесност, малку нервоза и се надеваме сите на крај прослава НАПРЕД МОМЦИ СО ВАС СМЕ МА-КЕ-ДО-НИ-ЈА Але але
Момци цела Македонија е со вас. Само напред. Одиме на победа. http://www.youtube.com/watch?v=HhEz8r6p ... r_embedded Исток, запад, север, југ се тука со тебе сигурни сме ќе победиме !!!
Лош ми е терминов. Сама дома, нема жива душа, кој на работа, кој на школо. Нема везе, јас си купив прееска смоки, ќе ги смачкам со јогурт. Сама. Ајде за арно нека е, да победиме...
дечки со срејка денес да се доакзете најубаво се разбира и цела македонија цела срејка на свет да ја имате/....