Еве и мое мислење за натпреварот. Одбраната ни беше катастрофална. Премногу простор имаше. Технички грешки еден куп. Пола натпревар го игравме со играч повеќе, ама не знаевме тоа да го искористиме. Во клучните моменти многу се брзаше и таму ни беа најголемите грешки. Со бавен напад сме посигурни. Секоја чест за Наумче. Одличен беше во прво полувреме, но второто беше доста затворен. Кире денес многу слабо. Избрза на неколку наврати. Се надевам дека утре ќе го покаже токму спротивното. А Шундовски си е приказна самиот по себе. Се чудам што тражи таму на клупата. Блага веза си нема од ракомет. Митков и Ф.Лазаров ги пуштил во напад. Тајмаут вика на 20секунди од крајот на натпреварот, кога Македонија има 2 гола негатива. Тоа требаше да го стори кога имавме шанса за израмнување. И требаше да стави фластер на кубанецот. Ја изрешетира мрежата на Ристовски. Како можеше Унгарскиот тренер тоа да го направи над Кире и Мојсо (во второто полувреме) кои беа затворени. Ќе се согласам со некои од вас дека имаше неколку контраверзни судиски одлуки. Најмногу од такт ме извади онаа кога Миркуловски остана без воздух, а тие ниту 2 мин, ниту фаул, туку дозволија играта да продолжи. И една кога имаше пробивање од страна на Перез мислам беше, а тие досудија пенал. Но сепак најголемиот виновник си бевме самите. Не знаевме да искористиме златни шанси, кои можеби ќе не чинат и Олимпијада. Но сепак да не гледаме се толку црно. Мислам дека имаме шанса утре против Шведска. На денешниот натпревар беа тапа. На крајот успеаа некако да фатат приклучок и тоа благодарејќи на грешките на Бразилците. Се надевам дека ќе знаеме да го искористиме тоа, ако сакаме да одиме на Олимпијада.
Абе мора ли секогаш да почнеме добро за на крај да ја утнеме работата. Па добро водевме 3 гола предност и одма се опуштија и еве ти ги грешките, веднаш се јавија. Неможе а да не грешеме, тоа ни е вродена маана, значи мора да се направи грешка. И тамн на крај се израдував еве си реков 2минути има доволно е и нерешено и оп пак грешка, ама што е тоа е. Да кажам дека Златко Мојсовски добро се покажа, требаше одма да го уфрлат во игра и него и Манасков, од каде до каде Ангеловски крило, голема грешка на селекторот наш, а Манасков беше добар и млад е, брз, кај Алушовски се гледа заморот, би било подобро Манасков да игра повеќе време. Да се надеваме утре со нови слили ќе може да ја совладаме Шведска, ништо не е загубено, немојте да заборавите.
И со ладна глава поразот боли,со самата помисла колку овој меч беше важен како за момците така и за целиот Македонски народ. Точно,ништо не е готово,но за мене ова беше клучниот натпревар за евентуален пласман во Лондон.Таму се играат само 3 натпревари,натпревари на нивната кариера,а не 6-7 па да има поголем простор за поправка.Сакам утре момците да ме демантираат,дај боже.Надешта е жива и лебди некаде во воздухот,бар до утре. И никогаш не треба да зависиме од тоа како останатите ќе изиграат и бодовни комбинаторики.Некаква минорна утеха ми е фактот што изгубивме во меч во кој противникот доминираше скоро во текот на целиот меч,меч кој не беше одлучен во последни секунди,ниту меч кој го одлучиле судиите.Можеби неколкупати суделе во нивна корист,но не се сложувам дека го одлучија натпреварот .Ние сме имале 2 пати помалку исклучувања,т.е тие скоро половина натпревар играле со играч помалку. И големината на секој спортист е да признае дека противникот бил подобар во натпреварот ,како што тоа беше денес. Грешки,многу грешки и лоша игра.Лоша одбрана,голман на кој не му беше денот,а се чувствуваше и отсуството на Темелков.Од Кире и не очекував многу затоа што се знаеше уште пред мечот дека ќе биде добро чуван. А за селекторот и да не правиме муабет.Дефинитивно не го заслужува местото на кое што е.Безличен и неафторитетен. И добар психолог во тимот е неопходен. Многу ќе ми биде криво ако оваа генерација на момци не ја искористат оваа историска шанса,која прашање е дали и кога повторно ќе се укаже. За голем успех потребна е голема храброст,верба во себе,беспрекорна пожртвуваност и голема концентрација.Од се по малку им недостигаше денес во мечот.Силно посакувам тоа да не им недостасува утре.Едноставно мораат да дадат 100% од себе.Нема друг избор ако сакаме успех.Не може среќата или судиите да победуваат за нас.
Едно е факт, ова беше утакмица од психичко занчење-растеретување....играта не е изгубена...изгубено е утре ако изгубиме, а во спротивно со победа ќе почнеме со калкулации кое е подобро вака овие треба да загубат ове треба да тепаат,ееххх овие барем нерешено да бида...ЗА НИЕ ДА ОДИМЕ НА ОЛИМПИЈАДА....тоа е реалноста
Денеска и утре мора да победиме. Се надевам имаат силна волја и мотив . Не се сомневам во нив,знам дека ќе дадат се од себе и нема да не разочараат. Предходниот натпревар не го ни гледав,изгледа нема да го гледам и денеска,евентуално недела. Ама на школо стално се шираат информации,постојат де. Им пуштам многу среќа. Ајде,момци...вие можете!
Ајде, ајде- нема разочарувања, денес победуваат 100%. Секогаш на почеток губат за после да се стегнат и да газат се живо и диво пред нив. А и ако победеа вчера ќе имавме опуштен викенд, а македонска репрезентација без стрес не е тоа тоа Се знае, кај нас се' се решава у последна минута, ама затоа после победа, адреналин- како штотуку излезен од Дизниленд
Ајдее, со надеж се може! Да навиваме колку можеме! Да победиме, супер ќе биде, ама не победиме, здравје, такви сме! Важно позитивни да бидеме!!! СО СРЕЌА МАКЕДОНИЈА!
Не нееееее, ич не не крадат судиите. нееее -.- и на тој андерсон, све по список , го утепа миркулвски ништо не досудија, ги влече другиве ракометари, пак ништо. Ако ваква игра има цели 60 минути, џабе ни е колку и да сме добри (читај најдобри)
Е за разлика од вчера, многу се поактивни нашиве, секоја чест. Не дека се лоши и овие, ама ептен провоцираат мамето, а се извлекуваат само со опомена. Ама ќе дозволат ли судииве домаќинот да изгуби? Псс... Ако не па нека си играат сами Швеѓаниве против Борко. р.ѕ. И Диви постои бе ало!!!
Нашиве се криви само што играат чесно.. Играат како што треба, а не овие Швеѓаниве маме им, ги испотепаа нашиве, ги маваат, ги буткаат.. Па кај се игра така? Грујо, место да плаќа публика можел да плати некој судија, ќе дадевме по некој прилог сите.. Нашиве не треба само да играат агресивно, треба да земат да удрат заби таму да почнат да кршат..
Епа неможам, а да некажам, дека судивее на моменти се понашаат педерски. Ги претепаа нашиве, и на крај, Кирчо, доби 2 минути бе.
Лошата игра од вчера се повторува.Премногу грешки.Само на онаа судиска одлука се лутам,кога Андерсон го турна Миркуловски,така да резултатов не е ваков поради лошо судење,туку поради многуте грешки. Швеѓаниве играат агресивно,и одлично го отсекоа Лазаров од игра. А дури и да се судиите на нивна страна,домаќини се,тоа и однапред го знаевме.Сами си ја кроиме судбината.
So stori be luge,gi otepaja! Nema da gi ostat da pobedat...Ama aj da se nadevame do kraj,ako ja izvadat...A i ovaj golmanot nas,katastrofa
Ја да бев таму ќе го убиев оној ПеДерсон!!! Кретен. Шо има бе да го бута у гол... Уф, требаше да му ја шибнат една васпитна!!!