Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска ракометна репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 6 јануари 2012.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Тоа сме ние. Еднаш ќе се подигнеме и толку. Кај нас поразите се почести од победите, за жал. Луѓе не ни е во генот да бидеме толку силни и победнички настроени. Јас некако потајно знаев дека Олимпијадата за нас ќе биде сон само. Како и да е многу, многу треба да се работи на оној победнички дух, на самодоверба, на моќ ... најмногу на играта.
     
  2. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
    Тоа е тоа.И официјално Олимпијадата остана само сон. :(
    Играта ни приближно како онаа на ЕП.Слаба одбрана.Кире ги одигра можеби најслабите натпревари во својата кариера.Многу грешки.Сума сумарум,со оваква игра не ни заслужуваат Олимпијада.Играта ни малку не покажа дека имаат огромна желба за Лондон,напротив.
    Ах,се чудам и како стигнавме до 5 место на ЕПбез селектор.Очекувам таа восочна фигура да не ја видам повеќе на клупата на репрезентацијата. :!:
    Не растури Андерсон денеска,селекторот ништо да смени во играта. :x
    Душата ме боли за оваа неискористена историска шанса.Имаме одлични играчи,но ќе ја гледаат Олимпијадата на ТВ. :(

    Останаа уште кошаркарите.Ама како ни тргнало...
     
  3. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Андерсон и Педерсон да ви :swear: се женско во фамилија!
    Да немате пари веќе за потплаќање на судии! Ова веќе апла местенка :fubar:
    Го изнатрескаа од земја Лазаров, го тегнеа, го буткаат и не бреее ништо.. Нашиве само го погалија Андерсон и ајдееее одма ван игра! Сељачана, маме ви :swear: .


    Браво македонци! Вие сте победници за нас. И онака си се враќате дома, исчукајте ги прво швеѓаниве и дојдете си на убав пречек. Љубим вас у сред чело, сите до еден! :*
    Лавови наши, македонска гордост!
     
    На Bibko, Amelia, butterfly33 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Рагби, рагби тим имаат швеѓаните.
    Многу многу неферски, многу брутална груба игра.
    Срам да им е.

    Ние треба да си најдеме прво НОВ ТРЕНЕР.
    Тренер кој кога ќе види дека Кире е прочитан како буквар и дека нема убав ден ќе го смени, сеедно што е капитен.
    Кој кога ќе види дека противнички натпреварувач шутира ко луд нека стави фластер. Приметивте дека никад не става фластер?
    Кој кога ќе види дека на голманот не му иде да го извади, а тоа да не е 45 минута како денес.
    И да не им ги менува местата на ракометарите. Стоилов уште на гол да го ставеше, си експериментира со просечен играч.
    Шундовски е тренер кој нема тактика, НЕМА!

    Ајде момци во јуни имаме бараж за светско, не е се изгубено, секој тим победува и губи, тоа се составни делови.
    Не пљукам по никој, бидејки сите имаат лош ден, сите понекогаш се себични, а понекогаш истите тие се херои.
    За мене се секогаш тие репрезентацијата на мојата држава која и во добро и во лошо.
     
    На Buttterfly, LovelyGirl, booba и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Срцето ми се исполни кога видов како Лазаров и Миркуловски му се пуштија на оној педерот.
    Ги обожавам!

    Ако има некој линк од тој “весел“ момент, постирајте сакам да го гледам едно педесетина пати.
    :* многу ги сакам!
     
    На Bibko, Adi888, Buttterfly и 7 други им се допаѓа ова.
  6. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Срам да му е на селекторон Шведски! Да му се запали тоа кослето немиено, шугаво.
    Ебати спортскиот дух и морал. И? Косата ќе му се измие ако не ги остави да се поздрават.
    Секоја чест на тие двајца што останаа на терен.
    Да бевме за никаде и овој пат - бевме. Не се бореа нашиве машки и агресивно, кој колку сака нека се лути, ама еднаш да бидеме реални, не се само судиите криви.
    Андерсон и Педерсон...крај. Испади и испади. Гајле им е, дома си се, кој што им може.
    И оној спикерон во салата што само се дереше да ги бодри нивните, ебати што беше фер.
    Се разочарав.
     
    На butterfly33 и Magnolija им се допаѓа ова.
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    некои луге се такви(петерсон) не знат како да реагират и едно ставно само глупав знае да испаде...
    браво децки супер бевте...
     
  8. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Уфффф :devil: Знам дека нема ништо да постигнам ако се нервирам. Ама онај Андерсон и Петерсен ги замразив од дното на душата. Најодвратните играчи! Па и онај селекторот ТЕТРАТКАТА (дај ми лист од средина |( ) глупо постапи. На крајот ни спортски да подадат рака. Селани одвратни :lol: Грдлиња невидени! А нас не не пратеше среќата, шо е- то е. Малку се релаксираја, немаја добра тактика во играта... Сега ќе се надеваме на кошаркарите малку да не израдват како тогаш :wasntme:

    П.С. Се извинувам ако мојата порака содржи зборови многу навредливи или несоодветни :$ Морав да се истушам негде :lol:
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Не би критикувала никој од дечките од нашиот тим, туку до тие одговорните менаџери.
    Прв пат за 20 години ни се даде ваква шанса да бидеме на чекор до Олимпијада, и којзнае кога пак, можеа да купат 2ца играчи да ги појачаат нашиве и да идеме во Лондон со сигурност.
    Тренерот и менаџментот се одговорни за ова, а посебно тренерот бидејки ми нема никаква стратегија, а добиена утакмица е со стратегија. Тај-маут непостои за нив, и како трета забелешка која не ја сфакам најмногу е зошто кога го виде Лазаров дека е збеснат, очигледно беше дека го здивија Швеѓаниве, беше вон себе и својата реална одлична игра и капитенска позиција и мотивација спрема останатите, зошто не го смени малку наместо некој посвеж?

    Не се согласувам дека судиите се криви, смешно ми тоа се некој не не сака, против нас е, мито и слично.
    А кога тепаме тогаш нема коментари за судиите, ок се?
    Дајте со тоа наставничката ме мрзи и затоа имам кец!
    Едно е грубото играње на Швеѓаниве денес, кое фино лепо можеше да се прекине со слична игра и од нашите, некој фаул појак и ќе им се уплашеа, а друго е слабата стратегија.
     
    На FortuneTeller.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    17.171
    Колку завршија? :talk:
     
  11. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    незнам зашто луѓево ова толку трагично го доживуваат кога одамна сме навикнати на разочарувања :)
    знаеејќи кој ни е тренер и кој ни суди очекувано е ова
     
  12. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Денес Миркуловски го остави срцето на теренот,браво! :l:
     
    На Elennaa, Adi888, mileystar и 2 други им се допаѓа ова.
  13. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Абе што ако изгубивме? Мора да ги бодриме во секое време. Само напред. Ама ПеДерсон претера, шупак.
    М-А-К-Е-Д-О-Н-И-Ј-А :inlove:.
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Дека бев низ град, првите 10минути ги испуштив, потоа гледав нешто на плоштад од првото полувреме имаше некои стоеја и ај да видам. Второто го гледав дома. Имав лошо претчувство дека ќе не победат, значи имав.
    Прво од она што го гледав морам да кажам дека тоа што го играат Швеѓаниве е вистински ракомет за мене, груба игра, агресија, притисок. Така се игра, а не свилено, барем ракометот е доста груб спорт и доста се толерира тепањето малтене.
    Второ, играчиве си ги оставаа Швеѓаните да си шутираат, каков Педерсон човече тоа е Ким Андерсон, тоа е класа играчиште. Мислам, шала на страна ама така е.
    Трето, тренеров утврдивме уште на првенството дека не го бива, ама поарен за ракомет и нема, така да...тоа е што е. Тие со таков на чело како Шундовски многу и постигнаа доовде, па тој утре ќе се кити дека најдалеку што е можно машката ракометна репрезентација стигнала во негово време. Ало бре дечко.
    Четврто, стварно лоша игра. Недоволно добра одбрана, премногу слобода им дадоа на Швеѓаниве, не дека Унгарците ја немаа, ама денеска апла. Да не се уплашија дека ќе излезат помодрени од салата? Дека ќе ги истепаат? :D Така де.
    Петто, чим изгубивме со Унгарците, се знаеше дека испуштивме огромна шанса. Сега и да изгубевме од Шведска, да го тепавме Бразил најверојатно и ќе одевме на Олимпијада. А вака?! Ех, нема да ги прежалам тие 2 скапани бода со кои не тепаа, ма бар нерешено да беше бе.
    Шесто и последно, на првенството бевме далеку подобри од ова што сме сега. Факт.
     
  15. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Знаевте да се радувате кога беа најдобри на првенството, а сега ги правите несмасни играчи..?

    Можеби не успеавме, но треба да сме тука како за добро - така и за лошо.
    Барем, стекнаа повеќе искуство.

    Ма, ги сакам бре. Што сакате кажете!
     
    На Bibko, Pelikuna и Victorian им се допаѓа ова.
  16. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сега како и секогаш ќе се јават сите продадени души.
    Прво беше Кире злато Кире срце,а сега Кире подоле од шутрак го направија.
    Секој играч има натпревар каде што едноставно ништо не му оди од рака,колку и да се труди.
    А Кире се трудеше и бореше,и тоа е она што треба да се поштува.

    Единствено мрчење што го одобрувам е она против Шундовски...мислам озбилно,сличноста со тренер и стратег vs Шундовски,не е мала.Сличност нема.
    Кире си доби фластер,нешто што Шундовски никогаш не знае да го залепи на играчи од типот на Андерсон,Хансен и сл.
    Ни фали клучен елемент во репрезентацијата,што на класификацииве дојде до израз-ние немаме селектор. :|
     
    На Bibko, Smilly и JuLleE им се допаѓа ова.
  17. Gargamel

    Gargamel Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    129
    Таа нефер игра на Швеѓаните ја приметив уште на почеток на натпреварот , па само колку пати во еден напад го испровоцираа Кире ?? Уште на почетокот се виде дека ќе има таков крај, дека ке се забуткаат , зарчкаат...
    Судиите не дозволија да ги тепаме дома, имаше многу ситуации да ги исклучаат на 2 минути али тоа е...
    Нашата одбрана денес беше лоша, и далеку подобро играа на ЕП..На Кире воопшто не му одеше денес.
    И многу ми е мило што Миркуловски го здрви голманот по глава, несакајќи, али малце го стресе и го збуни ]:) па одма Кире искористи шанса да дае едно голче иначе беше видно исплашен..
    А Шундовски ,води репрезентација без тактика, без да игра фластер на клучен играч, арно рано му текна да го стави малце Диви, колку- толку одбрани нешто.
    Тоа е што е, повеќе среќа и подобра игра следен пат :) :)
     
  18. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Како и да е,тие се нашите лавови!
    Не се изнервирав за тоа што изгубивме,туку поради тоа што на крајот кога се затрча онај Швеѓанецон да дава гол и го турна Борко за инает оти не даде леле ми идеше да појдам и еден :punch:
    Хахах Миркулоски го фати за дрес за тепање му се собраја и трк да го нема в соблекувални :lol:
    Курвиче |(
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    и што ако изгубивме?да,изгубивме но барем фер.И покрај тоа што ги истепаа,они са избориа и бравоо за филип миркуловски :inlove:

    -Македонија се љуби и кога победува и кога губи :inlove:
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  20. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Извинете ама судиите на овој натпревар воопшто не ни беа криви. Тоа што бевме дрва и што Лазаров играше многу слабо не ни е причина кривицата да ја бараме секогаш кај другите.
    Овој пат навистина игравме помалце од задоволително. Ќе си останеме ние на тоа; ,,Битно е да се учествува,, :lol: .
     
    На mileystar и Plavusa.17 им се допаѓа ова.