Јас не сум многу упатена,ај подобјаснете Со кои игравме до сега какви се резултатите,уште со кои треба да играме,кога и на кое место сме ?
^ Игравме со Унгарија, изгубивме 26:28 ако убаво памтам, вчера со Шведска изгубивме 23:27 така нешто значи прво 2 разлика, па 4 разлика. Нема да одиме на Олимпијада, зошто одат првите 2 тима, а ние од 3 утакмици имаме веќе 2 порази. Играме со Бразил, ама никакво фајде од таа утакмица нема, само како проформа.
^денес играме уште со бразил,веќе ништо не ни значи денешната утакмица за ЛОИ. инаку вчера со швеѓаните а завчера со унгарците игравме и 2 пати изгубивме.
Морат да победат сега...срамота без ниедна победа да се вратат ...ајдее момци Спојлер Овие Бразилците ко мајмуни сe во суратите
Ако изгубиме од третокласна, аматерска репрезентација - крај. Сега барем на судиите нема да можеме да се вадиме.
Премногу грешки прават денес,некако немаат мотивација да играт.Плус најдобриот играч на Бразил не игра,мислам дека имаат шанси за победа нашите ако се заангажираат малку.
Овојпат не треба да се бара грешката кај судиите, ги гледав трите натпревари, неможам да кажам дека играа лошо нашиве но сепак нешто фалеше. Се бореа, но не беше тоа тоа... Денес можам да разберам дека немаа ни мотивација. Тоа е што е, но јас сепак сум многу разочарана. Очекував повеќе.
Бразил можевме како од шала да го победиме, но некој сакаше да си ги поправи претходните грешки, па наместо да се "подобри", тој уште толку ја за**а работата.
Тоа е, што е. Имавме шанса, ја прокоцкавме. Не е се готово, ќе се видиме на светско. Само му давам респект на Стефче, и на Дејан. Прочитав многу коментари од типот.. Сега крив ви е Лазаров, а кога даваше по 12 гола, добар ви беше? Мислам и јасно е, три дена по ред, имаа утакмици. Не кривам никого, ама Кире, послабо играше.
Штета, оваа имавме голема шанса да ја победиме. Браво за Дејан Манасков, а исто така и за Диви, секоја ви чест! Миркуловски нешто слабо активен на оваа утакмица, ама спомна нешто коментаторот на почеток за повреда.. Можеа многу подобро, ама тоа е тоа, едвај чекам квалификациите за светско!
^Елена, никој не го побива тоа дека блистал...., но јас лично сум спортист-репрезентативец, има периоди едноставно кога самиот организам не е како што треба, ако се гледа дека не му иде, што со сила се форсира...со сила убавина небива.Туку него никој не смее да му рече кирца седни одмори 2-3мин.
Гледајки ја играта на Бразил и нашата игра во минатите 2 меча,воопшто не ме изненади резултатот. Оваа репрезентација што играше овие 3 дена не е ни приближно добра на онаа што освои 5 место во Европа. Се надевам сега ќе излезат на виделина причините за волку лошата игра.А ако човечено од селектор има бар малку доблест,ќе си даде оставка уште пред да се качи во авион за назад. И понатаму ги обожавам и ќе ги обожавам ракометарите.Имаме одлична генерација на играчи моментално.Ама спортски е да се признаат поразите и слабата игра,и да се посочи причината за тоа.Тоа е најмалку што овој народ заслужува.
Штета за последниот напад ама што е тука е. Не сум задоволна од играта ни денес ни вчера ни завчера.Како други играчи да беа од ЕП освен Миркуловски и Манасков денес добар беше. Аман со коментарите "доволно е и ова што стигнавме до тука ,а кога беа 5-то место убаво беше"?Да, убаво беше ама се на стара слава ќе се вадиме ли ? Треба да продолжиме таму каде што застанавме,зар не?Со вакви технички грешки и промашувања, тешко.Разбирам се случува да промашиш еднаш,два пати ајде,ама три утакмици...Ќе им простиме ајде ама Кире слаба игра даде да си признаеме. И за Борко..Па гледа Шундовски дека не му иде и тој упорно не го вади и упорно.Бар Ристовски колку толку одбрани ама 20 минути не се цел натпревар. Ајде нова шанса Светско па со среќа уште од сега и нов селектор одма иначе иста приказна ке биде!
Се сложувам со pafpaf, оваа репрезентација во овие 3 дена, не беше онаа што гордо го освои 5тот место,иако вредеа и за повеќе....но било поминало да не коментирам за Европското,да се навратам на овој настан. Шундовски дефинитинво треба да си оди, штета за Слушевски што оваа му е последна година,човекое е супер играч. ПС. сетете се кога Кире изјави ако Шундовски не е селктор,ја нема да играм??? од една страна разбирам,он ги предводел се, но ако се гледа дека фали повеќе искуство,тогаш треба да се смени
Значи страшно се нервирам кога ќе прочитам незнат да играт лазаров вака миркуловски онака..не само овде и на фб има вакви коментари...па луѓе кој замислуваше дека македонија ќе игра за олимписки игри кој замислуваше дека 5 место ќе освоиме на европско...ние треба да сме задоволни што до сега толку сме успеале...знаеме сите дека можеа и подобро да играт но како и да е ние треба да сме горди..и да сме со нив и кога губат аааа не само кога победуваат...ситее знат да зборат од страна...ааа никој незнае колку му е тешко и мачно на оние шо играат шо се на терен...
Oд толку многу форсирање ништо... Фаланги, лавови, тигрови, мечки и сите други видови не придонесоа да се победи. Не победија зошто не играат како тим, секој игра за да се покаже. Лазаров е посебна приказна промашува удар од 7 метри. Некој ќе каже ако е лесно направиго ти. Ама за него треба да е лесно нели е најдобр од сите, нели така беше... и во краен случај тие се репрезентација а јас ќе играв подобро. Ве молам немојте да ме сватите како некој си паметњаковиќ кој само мрчи... за жал тоа е вистината
Значи сите три натпревари на нашата репрезентација беа многу неизвесни се до самиот крај.Браво за нашите момци .Иако губевме, се нервиравме сепак тие одиграа три прекрасни натпревари од кои во првите два ако не беа судиите секако дека ќе бевме победници.Но исто така и голем проблем претставуваа и техничките грешки кои ги имаше во изобилство во сите три натпревари.На Кире никако неможеше да му тргне, исто и Наумче многу технички и пробивања направи.Единствено се покажаа Миркуловски, Манасков и Стоилов.А на Шундовски јас му препорачувам да даде оставка и да му дадат забрана дури и за тренер на почетници.Па човекот нема појма од ракомет бе луѓе се мислам како го ставиле него за селектор ни знае што е фластер ни знае да ги организира ракометарите, абе ништо незнае.Сепак јас ракометарите секогаш ќе си ги бодрам.Сега ни останува уште да ги подриме на квалификациите за светското против Австрија(Ќе ги растуримеее).Напред Македонија!!!