Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска ракометна репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 6 јануари 2012.

  1. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    ^Добра смисла за хумор
     
  2. JaneAusten

    JaneAusten Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    12
    Разочарана сум, следам ракомет од .. ехее, кога бев многу мала, и очекував многу подобри резултати. Ама тоа е, еве гледате во колку тешка група бевме... Србија беа втори на европското, па им падна тешка групата и сега мислам дека им зависи дали ќе се пласираат од тоа како ќе изиграат другите 2 држави... Ајде, на светско подобри резултати момци! Ви се восхитувам, како и да е, и си ве сакам! Особено Манасков и Миркуловски, одлични се покажавте на квалификациите!

    ^Браво за Манасков, пак уште меѓу нозе ја погоди! Хахах!

    А и тие 2та постови многу ме насмеаа, само незнам како да цитирам повеќе мислења одеднаш :$
     
  3. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
  4. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
  5. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    http://www.kurir.mk/sport/rakomet/67323 ... v-Avstrija

    Колку што се сеќавам пред да одат нашите ракометари во Ниш, Чевлар имаше дадено изјава дека не прифаќа да биде трење на Македонската репрезентација, ама па по ова што денес го прочитав сигурна сум дека нашите ракометари не го сакаат него, а не тој нас! :) :)
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Нормално не го сакаат кога ќе треба да тенираат како што треба а и кондиционо да се спремат а не како во Ниш немаа душа последните 15 мин во секоја утакмица. И Червар нема да дозволи Кире да му ги води тајм аутите и некој друг да му селектира играчи а тоа нашиве не сакаат :D.

    Кај го има тоа репрезентативци да бираат селектор, тоа само кај нас го има :D.
     
  7. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
    Добро го реметат човечево селектор по социјалниве мрежи, :D по заслуга. :!:

    Да,и ја сум слушналаа муабети дека Червар има мали шанси да биде селектор,поради неговиот незгоден карактер и наводно е во лоши односи со Кире,како и со брат му,Столиов и Ристовски(кој наводно ги набркал од Металург :^) )

    Како и дае,само Шундо да го шутнат(кога сам не му текнува да не се брука веќе).Не би сакала да ја прокоцкаме и шансата за СП. :!:

    Дефинитивно треба авторитетен и стручен селектор,без оглед дали е познат на јавноста или не.
     
  8. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
    Не можам да ја едитирам претходната порака,па затоа морам една по друга.

    Денеска имале пресконференција од РФМ,човеков нема намера да се повлече,не чувствувал обврска. :tmi:
    Тешко на нас со Австрија во Јуни.По се изгледа ќе останеме и без пласман на светското првенство.

    http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=7293
    На новинарското прашање дали чувствува обврска самиот да се повлече од селекторската функција поради трите порази во Гетеборг, Шундовски одговори: „Кратко и јасно, не“.

    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  9. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Писмен доказ дека и во Србија и во Шведска, македонската ракометна репрезентација ги имаше најдобрите, најгласните и најлојалните навивачи, што досега се забележани во ракометниот свет! :)

    [​IMG]
     
    На esperanca и Hayley им се допаѓа ова.
  10. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Ракометарите ги добија противниците за пласман на ЕП

    Шпанија, Португалија и една репрезентација од првите квалификации ќе бидат противници на нашите ракометар во квалификациите за Европското првенство во ракомет кое од 12-ти до 26-ти јануари 2014 година ќе се одржи во Данска.
    [​IMG]
    Ова беше познато денеска по ждрепката во Копенхаген на која може слободно да се каже дека Македонија мина одлично.

    Од првиот фаворизран шешир ја добивме четвртопласираната од последното ЕП во Србија, селекцијата на Шпанија, но со оглед на квалитетот на противниците во првиот шешир, се чини дека сеедно беше која репрезентација ќе ја добиеме за противник.

    Она што за нас е важно е тоа што од вториот шешир успеавме да ги избегнеме незгодните репрезентации на Русија и Словачка, а Португалија е селекција од која сме објективно поквалитетни и репрезентација која не треба да ни зададе проблеми за второто место во групата. Против Португалците одигравме еден натпревар во ноември 2011 година во рамки на Бринг Купот во Норвешка, кој нашите ракометари го добија со 29:25

    Третиот противник во групата ќе биде познат по одигрувањето на првите квалификации, а можно противници се Грција, Швајцарија, Италија и Велика Британија. Првопласираната селекција ќе им се придружи на Шпанија, Македонија и Португалија во квалификациите за пласман на ЕП.

    Пласман на ЕП во Данска ќе изборат двете првопалсирани репрезентации од седумте групи и најдобро третопласираната репрезентација. Учество на шампионатот има обезбедено европскиот првак Данска како домаќин-организатор.
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Веќе незнам што да мислам,може ќе беше поарно некој јак да им се падне,па да се воозбилат,оти вака ќе се силат аххх лесно е можеме, ќе поведат со 4 ќе изгубат со 9
     
  12. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Macedonian star from BM Atletico Madrid, Kiril Lazarov (32) is the Velux EHF Champions League 2011/2012 Most Valuable Player by opinion of 9.000 fans who participated in our Voting Contest. :clap:

    FINAL RESULTS (Based on 8910 votes):

    KIRIL LAZAROV 49,6% ( 4417)
    MOMIR ILIC 40,65% (3622)
    MIKKEL HANSEN 4,65% (415)
    FILIP JICHA 1,93% (172)
    BARTOLOMEJ JASZKA 1,88% (168)
    SILVIO HEINEVETTER 0,57% (51)
    KIM ANDERSSON 0,34% (30)
    GUDJON VALUR SIGURDSSON 0,20% (18)
    LUC ABALO 0,19% (17)

    http://www.handball-planet.com/2012/05/ ... 12012-mvp/
     
    На Smilly му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.232
    Допаѓања:
    1.639
    Кога ќе се квалификациите со Австрија?
     
  14. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    ^ Сабота во Скопје, Борис Трајковски 16:30 часот.
    Само уште ништо немам слушнато за карти, кога ќе ги пуштат во продажба?
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Во јануари беа херои, славевме, се радувавме, плачевме за нивните победи, се тепавме за карти и одење во Ниш и Белград, дававме 50 евра за карта, ги дочекавме на плоштадот на зимски минусни температури и ги возвишувавме.

    Во април бевме напалени ко млади мајмуни за нив, многу македончиња цела заштеда за нив ја дадоа и отидоа до Шведска и тука мало разочарување, за жал со репрезентации кои се имиња во светскиот ракомет не успеавме да дојдеме до 2те места кои носат на Олимпијада. Се разочаравме максимално, мислиш крај на светот е.

    Од тогаш до ден денешен речиси никој не ги спомнува. А денес играат бараж за светско првенство. Сеа реакции времето не им одговарало на одигрување (16.30) а ако беше во 20.00 па тогаш муабети ќе имаше дека вечер има фудбал. Па картата била скапа, инаку 200 денари. Па топло било. Муабети и муабети.
    А во јануари -10 степени и не ни беше ладно под портата да ги пречекаме.
    Жалосно е што секогаш ги подржуваме во добри моменти и победи. Тука сите сме Гоцевата раса, македонската фалангата, најгласни сме, децибели толку и толку сме направиле во сала, ние сме ова, ние она.

    А денес кога играат во нашата сала Борис Трајковски никој нигде нема...
    Срамота!
     
  16. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    ^ Зошто никој? Јас само што се јавив во Together да прашам дали има уште карти и ми кажаа дека останале само уште 5-6 за позади гол, другото се' е продадено.
     
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Еуфоријата нигде ја нема.
    Немој да ми речете дека за натпревар кој дома се игра има заинтересираност таква каква што имаше пред квалификациите за олимпијада или пред европското првенство?
     
  18. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Ах, далеку од тоа дека ја има истата еуфорија. Само мој впечаток е дека се е до медиумите. За европското и за олимпијада имаше најавувања, најавувања, па одбројување на денови, па видео пораки и слично, сега и немаше некоја медиумска ангажираност околу ова за да ги привлече понеутралните зашто оние што си следат ракомет секако дека пак ќе си навиваат, и ќе идат во Борис да ги бодрат.
     
  19. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае на која програма ќе има пренос?
     
  20. Beaty

    Beaty Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    294
    ^ На мтв има пренос