Аман па публикава што ги учи коментаторов, de - fense, па de - fense. Кошарка ќе играме ај ако не. Не се давајте момци! Удри јако!
Тоооо Македонија на светскоо се надевам дека и таму ќе покажиме дека Македонија иако е мала како држава голема е во спортот!
ХА! ТО ТО ТО ЈЕ ТО! ХАЈМО СВИ ДА ИГРАМО! ТО ТО ТО ЈЕ ТО! ЦЈЕЛУ НОЧ ДА ПЕВАМО! ТО ТО ТО ТО ТО ЈЕ ТО! А како ми идеше на нерви, оној полу челавион. Нема везе, битно им го забиберивме! Они ова го сметаат за пекол? Ма да некогаш и спикерине ме нервираат. Ќе почнат да ги фалат, и фалат, и фалат.. И ќе ги урочат. Чути трај си. http://www.youtube.com/watch?v=giwneRjgiOw
Значи душа ми се полни кога на туѓ терен им одземаме нешто што многу го сакаат. Па тоа публиката еб*го уши ми силуваа! Толку е убаво кога си репер и за навивање, и за играње. Абе Македонче бе! Поробени, потурчени, не се даваме! До 2013та! Ако ја доживееме!
Одлична игра! Одбегнувам да ги обвинувам судиите, ама веќе ја претераа. Пробивање?! КОЕ ПРОБИВАЊЕ МАЈКЕ ТИ! Се нешто невидливо судеа.. Ма ајде, не треба да си професионалец па да видиш кој има плус играчи=судии. Играа феноменално, само на крајот некако многу го промаршуваа голот Одиме на светскоо!!
Браво за ракометарите, иако не го следев наптреварот. Се надевам дека добро ќе се подготват и ќе покажат одлична игра на Светското првентство.
Неможам да опишам колку се радувам! При крајот стана напнато, ама битно е дека крајот е повеќе од добар, одличен е! Предобра игра покажаа нашиве, заслужено одиме на Светско. Браво браво бравооооооооо! Срцево ми се наполни...
Браво, не гледав, ама по вашиве коментари читам дека сме победиле и одиме на првенство. Е тоа ти е радост после тмурен ден, да слушнеш за победа на Македонија! Следна утакмица кога ќе е обавезно да известите во темава
Бравоооооооооо !!!! *Македонија по трет пат во својата историја, по Египет и Хрватска, обезбедува пласман на најголемата ракометна манифестација во светот, овој пат од 13. до 27. јануари следната година во Шпанија! Јеее, едвај чекам ! Нареден натпревар на нашата ракометна репрезентација е на 31 октомври 2012 против репрезентацијата на Швајцарија за Европско првенство 2014 кое ќе се одржи во Данска. Исто така во нашата група се репрезентациите на Шпанија и Португалија. Најдобрите две селекции од нашата група одат на европско.
И јас не гледав, но сепак верувам дека нашите можат уште повеќе, знам дека можат, драго ми е што успеваме и во кошарката, треба да веруваат во себе и да играат со срце како до сега, само тоа ќе ги однесе до победа Браво, секоја им чест и уште поголеми успеси им посакувам во иднина
Честитики. Наредната година пак со сите сили ќе навиваме за момците. Многу ми е драго вака кога имаме репрезентативни успеси, ма пресреќна сум . Очекувам да се покажеме во најдобро светло догодина во Шпанија. Macedonia in my
Ухууууу Шпанија не чека. Леле значи австријциве имаат една единствена тактика, провоцирање. И вчера и пред една недела тоа беше целта да не испровоцираат и да се изнервираат играчите. Па тоа е немаш квалитет и мора да бараш простачки начин да победиш. Инаку се изненадив кога Шундовски играше фластер, изгледа научил што е фластер. Тоа ти е ханзаплас братче Јас имам една замерка за нашата игра. Многу правиме пробивања, на почетокот мислев не мразат судиите. Нели што би помислило едно македонче, мислам Арно ама кога гледав на забавените снимки сватив дека во повеќето случаи нашиве стварно прават фаули и пробивња и ни ја одзимаат топката. Посебно Наумче и Миркуловски. Наумче и многу живчано човече и се бутка накај голот без да внимава. А Миркуловски често при шутирања им оди на противничките играчи со нога или лакт. Тоа е недозволено. Некои судии повеќе ги толерираат тие фаули у напад, а некои помалку. Вчера имавме над 15 вакви фаули. Треба малку да го потсредат ова и да внимаваат како се буткаат при шутирања кон голот. Не е целта само трчај и шутни. Туку и како ќе отидеш до линијата за шут. Ах да и младото ни момче Манасков прави грешки што се стандардни за младич, ама можам многу случаи што го гледав во репрезентација и во Металург дека кога шутира најчесто тоа го прави во средина на голот, а во средина е голманот и при солза чисти ситуации тој го гаѓа голманот во тело. Треба да тренира малце со шутевите, има време не викам не, ама да си знае битно кај греши, тој сепак според мене ќе е иднината наша.
Честитки за ракометарите!Уште едно големо натпреварување за нив. Штета што ја испуштија Олимпијадата.Оваа генерација заслужи и Олимпијада.Се надевам ќе се поправат грешките во тимот до светското првенство,и да се радуваме на нови успеси. Инаку,Црна Гора ги елиминираа Швеѓаните,нема место за нив во Шпанија.
Македонија во силна група на ЕП во ракомет за жени Женската ракометна репрезентација на Македонија за ривали во групата Б што ќе се игра во Ниш во рамки на Европското првенство, ги доби репрезентациите на Шведска, Данска и на Франција. Тоа е епилогот по извлекувањето на групите што се одржа денеска во рамки на Конгресот на ЕХФ во Монако. Селекцијата на Шведска на последното Европско првенство во освои второто место, Данска е трикратен европски шампион, додека Франција е актуелен светски вицешампион. Против селекцијата на Франција нашите ракометарки играа и во квалификациите и постигнавме победа од 30:27 (во Скопје), додека на гостувањето загубивме убедливо – 40:20. Состав на другите три групи: А група (Белград): Норвешка (европски првак), Украина, Србија и Чешка. Ц група (Нови Сад): Хрватска, Германија, Унгарија и Шпанија. Д група (Вршац): Романија, Црна Гора, Русија и Исланд. Трите првопласирани репрезентации од секоја група ќе продолжат во следната фаза. Европското првенство во Србија ќе се одржи од 4 до 16 декември. Инаку, на денешниот Конгрес на ЕХФ во Монако за „прв човек“ на Судиската организација на ЕХФ е избран Драган Начевски од Македонија, додека нов претседател на ЕХФ стана Жан Брило. Изворно.... едно е сигурно ако добро се сработи се како што треба,и не се става во глава леле леле овие се појаки од нас, туку застанеме со став ние можеме спремни сме....и тек како можеме да освоиме добар пласман......за машката рак.реп. да не очекувавме....да но поради еуфоријата од кошаркарите...како и за нив што не очекувавме