Нека им е со среќа на Мојсовски и Миркуловски и се најубаво во брачните води. Еве слики од свадбата на Мојсовски и неговата сопруга Марија. Спојлер
^не се гледа убаво...од оваа мала видливост изгледа симпатично.....ајде давајте уште слики и податоци. п.с. мимс а на оваа свадба беше ли
Еве некои детали од декорацијата на ресторанот каде што правеа свадба тортата бонбоните еве и го бидермаерот,убав
Snow-Queen од дека толку детали , да не беше случајно на свадбата , ако имаш уште слики прикачи ги , младожењата е многу убав, а и невестата е убава, фустанот , букетот ,фризурата се
Уште слики од Наумче и Марија, прекрасни се и двајцата, со среќа нека им е. Кеба им пеел на свадбата, но и Наум Петрески, Зуица Лазова, Жаре Бербер... Текстот од Вест за свадбата на Наумче и Марија Спојлер Ракометарот Наумче Мојсоски со Марија направија свадба за паметење. Имаше над 700 гости, а редица за честитање на младенците се имаше направено до Мостот на поезијата. Вака коментираа стружани по свадбата на репрезентативецот Мојсовски и Марија Петровска, што се одржа во саботата вечерта на летната тераса на хотелот "Дрим" во Струга. "Ако ја исклучиме ергенската вечер, ден пред свадбата, тогаш слободно можеме да кажеме дека свадбата траеше од сабота наутро до недела наутро. Се одеше по невестата во Битола, па во црквата "Пресвета Богородица" во Калишта, па во хотелот, каде дојде и матичарот и на крајот свадбената веселба за паметење", велат гсоти на свадбата. Не биле весели само младенците, туку и гостите меѓу кои речиси сите негови колеги од репрезентатција, како Кире Лазаров, Филип Миркуловски, Ванчо Димовски, но и селекторот Ѕвонко Шундовски. Најрасположен бил ракометаро Златко Мојсоски, брат на Наумче, кој деновиве чека принова. Но, за незапамтената веселба придонеле и неговите другари Кире, Сале и Васко Шуле, кој со приватен авион допатувал од Лондон, но и Сефер Цаноски, кој на татко му на Наум, Иљо му ја рецитирал "Коштана". Кулминација свадбата доживеала со големиот огномет, кој ја осветлил половина Струга. Гостите ги забавувале Наум Петрески, Зуица Лазова, Драган Коиќ-Кеба, Жаре Бербер и други. "Старо, младо сè беше на нозе. Навистина беше многу весело. Се пееја стари македонски песни, Кеба си ги пееше хитовите. Ма навистина сите беа весели, па заиграа дури и келнерите и немало кој да ги служи гостите", велат некои од гостите. Во Струга се раскажува дека свадбата на Наумче и Марија била многу луксузна, дека ваква весела Струга не памети последниве 20 години.
^убав младоженец, невеста...а и свадбата весела,како и сите останати детали....дефинитивно кажувам големо БРАВО за свадбава
Златко Мојсовски станал татко, ајде нека му е со среќа, синот нека им биде жив и здрав! http://www.rkmetalurg.mk/storija/2473