Да стварно,како се вика, гоогле го превртев никаде не пишува... Иначе да ве прашам дали некој има информации кога точно почнува светското во Шпанија,знам дека во јануари ама на кој датум?! Во кои градови ќе се игра? А во кој град ќе сме ние? Со кој сме во група?...
На светското првенство во Шпанија, Македонската ракометна репрезентација ги доби следните противници: Данска, Исланд, Русија, Катар и Чиле! Во втората фаза селекциите од групата Б ќе вкрстат со групата А, па потенцијални ривали на Македонија во осминафиналето ќе бидат Франција, Германија, Арентина, Тунис, Црна Гора и Бразил. Едит: Група А: Франција, Германија, Аргентина, Тунис, Црна Гора и Бразил Група Б: МАКЕДОНИЈА, Данска, Исланд, Русија, Чиле и Катар Група Ц: Србија, Словенија, Полска, Јужна Кореја, Белорусија, Саудиска Арабија Груопа Д: Шпанија, Хрватска, Унгарија, Алжир, Египет и Австралија Ќе биде жустро!!
Taткото на Кире Лазаров починал, а Кире морал да игра утакмица со Атлетико,т.е инсистирал да ја одигра оваа утакмица, освоија и трофеј, па го посветија на Татко му на Кирче наш.... Во момент на најголема тага Кире постигна 4 погодоци и се здоби со највредниот трофеј во својата кариера-светската титула... Веднаш по натпреварот тој се упатил за Македонија... Еве што кажал тренерот на Атлетико по натпреварот: „ИХФ го одби барањето на Атлетико за минута молчење пред почетокот на натпреварот, но затоа Кире и неговите соиграчи носеа црни ленти во чест на неговиот татко.“ Решив тука да го напишам постов бидејќи Благој е бивш македонски ракометар и тренер. Нека почива во мир.
Македонската ракометна репрезентација која ќе настапи на Мундијалот во Шпанија, на официјалниот сајт на првенството е претставена со уставното име. Иако во Светската ракометна федерација (ИХФ), Македонија е примена со привременото име БЈР Македонија, сепак организаторот на првенството нашата репрезентација ја има претставено со името Македонија.
Инаку според прогнозите на прво место би требало да биде Шпанија, второ Франција а трето Данска. Македонија е сместена на 12то или 14то место. Баш сакам да им покажеме која е Македонија и да стасаме до ФИНАЛЕТО па да видат тие дали пласманот на европското бил само среќа
Значи одвај чекам да почнат.Секој ден кога ќе го видам одбројувањето на Сител ме фаќаат морници а секој натпревар знам дека ќе биде лудница.Со моите дома сме ватрени навивачи а понекогаш мајка ми завршува со апчиња за смирување од премногу возбуда.Татко ми како и секогаш е критичар и се он знае и ги пцуе нашите кога ќе згрешат а јас па секогаш ги бранам Се чудам на луѓето што не пратат спорт особено кога игра нашата репрезентација.Јас овој пат типувам дека Македонија ќе влезе сигурно во четвртфинале а за понатаму зависи со кого ќе играме. ЗА КОГО??? ЗА МАКЕДОНИЈА!!!
Да де ама така се вели зборот инаку да барем да сме во првите 10. То секако за нас би претставувало голем успех
И нормално, откако помина само 1 ден откако ЕХФ објави дека ќе настапуваме под уставното име, ГРЦИЈА мораше да се умеша (нели они и онака си се запршка во секоја манџа-ќе ме чудеше да не беше така) иако немаат своја репрезентација која ќе ги претставува на светското. Па, така од денес на официјалната на страна на ЕХФ веќе не стои Македонија туку ФИРОМ own: