Е*ати ситните бројки ништо не се гледа. Ќе ги растуриме овие гарант! Ајде момче Македонче покажи што знаеш
Многу слаб натпревар на нашата репрезентација. Не очекував олку слаб старт на светсково, очекував многу повеќе и многу подобра игра посебно против репрезентација како Чиле. Наумче многу слабо одигра, премногу грешки, малку голови. Лазаров беше солиден, а Манасков одличен. Шундо незнам со кој памет е ставен за селектор толку непотребни замени направи што стварно не беа потребни. Најпрвин незнам зошто Златко Мојсоски ево репрезентација, појма нема човекот, а и голема грешка на Шундо беше што го замени Борко од голот. Како и да е на крајот победивме, и сега очекувам каде каде подобра игра со следните противници кои како што доаѓаат се се посилни и посилни и за победа ќе ни треба играта од Европското, а ние можеме и многу подобро од тоа.
Уфффф не испотија сите дома.Еве го мојот коментир за натпреварот.Критики еден куп! Посебно до голманите, ни Борко не се покажа а Митровски па да не го ни коментирам.Кире ок, не извади со пеналите.Најголема критика до Наумче.Беше како изгубем во просторот.Манасков од натпревар во натпревар подобар.Имам едно прашање до Шундовски, зошто го држи Темелков во публика а не на терен?!Тој е играч кој одлично играше и одбрана и напад. Ајде утре со Катар да се надеваме на далеку подобра игра од оваа. Но ајде да се потсетиме дека и со кошарка и со ракомет дека секогаш првиот натпревар ни бил или пораз(на европското кошарка со Црна Гора), нерешено(на европското ракомет со Шведска)Сепак имаме среќа што победивме.На крај најбитно е победата и бодовите.
Ах Кире, Кире ракометен богу с с с не знам што толку го величат овој Кире. Мојсоски изгледа сеуште не е во форма, слабо одиграно за жал. Ама Стојанче Стоилов ЦАР излезе братот на оваа утакмица. Секоја чест за него и за малото Манасковче. Ајде да се надеваме дека утре ќе играме подобро. Се' уште е рано ништо не се знае.
Искрено, првото полувреме го преспав. Барем другите натпревари ќе се играат покасно. Не олку рано. Ќе пишам за тоа што го видов во второто полувреме. Јас кога станав од спиење, разликата беше 6 гола. Си реков: Добро е, добро ни тргна годинава. Ама после тоа... Добро, во ред. Победивме, браво за Стоилов и Манасков. Некако највеќе се истакнаа. За Лазаров, важно седмерците ги погодува. Миркуловски, барем колку што видов, не го испогмечија како лани. А што беше со Шундо? Зошто барем малку не го стави Ристовски? Добро, треба и на младите да им се даде шанса, да видат како е... Но, зошто цело 2 полувреме беше тој новиот? Наумче Мојсовски, многу грешки направи. Но, на крајот секогаш се извлекува. Сепак, доста со критики. Како што рече спикерот, не ми текнува како се викаше... Да се надеваме дека ова ни беше најлошиот натпревар изигран за ова Светско. Можеби и јас бев крива, требаше цел натпревар да го преспијам, можеби јас бев малерот. Епа ај да ги утепаме утре Катарците.
Ова не е за смеење бре. Значи имаме тренер којшто во последниот тајмаут на мечот, време кое е многу битно, тој вика шутнете. Па нормално ќе шутнат, ракомет е. Секоја акција мора да се шутне. О боже што тренер имаме. Тренер којшто ги слуша Мојсо и Кире на тајмаут. Лоша игра, чилеанциве имаат друг стил на игра и интересна одбрана 1 на 1. Нашиве не беа навикнати на тоа, нашиве играат смирено со шутеви и подавања, а контра јок. Овие ни беа спротивност. Затоа и ваков резултат. Грешки еден куп. Браво за помладите од тимот бидејки тие имаа можност да се докажат. Кире и Мојсо беа постојано под одбрана и фластер. Се надевам инаку ништо лошо дека не се случи со Борко и неговиот немарен пад, бидејки овој Митковски е крш. Не ми е јасно зашто Диви седи дома и пред телевизор го гледа натпреваров. Диви е одличен голман, фали како резерва, навистина фали. Ајде утре повеќе памет во главата.
Добро и вие немојте толку критики, прв натпревар е сепак, не сме уште во форма. Од утре нека му ја мислат.
"Небитна си како Звонко Шундовски , на тајм-аут на Македонија" ха ха ха ха е не можам се акнав од лап и ќе земам ќе се затворам со лап ќе се поклопам од смеење, ах Фејсбук златен да ми си жив и здрав хо хо хо хо
Се плашам каква игра ќе има натаму. Криво ми е што изгубија Чилеанците, заслужија! Ајде, да се оправаме.