Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска ракометна репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 6 јануари 2012.

  1. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Шундо: Дечки сега вака ќе играме... Кире ај кажувај!
    Да не е трагично би било смешно.Јас не знам бе зошто овој сеуште е закитен со титулата тренер на Мак.ракометна репрезентација.Сериозно,имаме квалитет и со некој добар тренер медал на првенствата не би било непознат поим за нас.Ај доста за Шундо...

    'Тешка победа против аутсајдерот Чиле ' .Колку тоа тажно звучи. :|
    Целта е остварена, забележана е првата победа во првиот меч на СП во Шпанија, но сепак овој резултат воопшто не треба да не залажува дека ракометарите одиграа на своето ниво.
    оваа партија беше под нивите можности, имаше грешки во нападот и одбраната, а особено лош меч прикажа Наумче Мојсовски кој имаше повеќе грешки отколку што постигна голови. Неспорно е дека Мојсо е страшен играч,ама кога гледаш дека 'лоша игра' е благ збор за она што го прикажува,па седни го на клупа ,мајка му стара!
    Пасивно во напад,а одбрана катастрофа.Па нашата репрезентација е позната по перфектната одбрана,и притоа принудувајќи го противникот на грешки.Овој пат сосем обратно...
    Среќа што Чилеанциве немаат доволно квалитет целосно да ни ја загрозат победата.Сепак се гледаше дека сме класа над нив!
    Ваква игра и вакви грешки не смеат да се дозволат против посилен противник. Буквално би не убиле.
    Јас се извинувам,ама не можам да не критикувам при таква бледа игра,можат многу повеќе.Има време за величење ;)

    Ај да не биде дека само мрчам...
    http://www.youtube.com/watch?v=5i1M8EDvSUg
    Нека го остават срцето на терен,и нека газат,за нас,за МАКЕДОНИЈА!
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Не го сфаќав баш тоа „Аутсајдерите“ Чиле ... Боже мили, и во кошарка ние бевме „аутсајдери“ па направивме лом сред Литванија :muscle:
    Штом стигнале да играат на Светско значи дека имаат некој квалитет ... (а и да бидеме реални, не дека ние сме некои „Инсајдери“ на светските првенства)
    Туку целта ми беше - не е во ред ниту играчите ниту медиумите да потценуваат некој противник. Само се влеваат надежи кај целиот народ кои (не дај Боже) можат да предизвикаат големо разочарување.
    Едноставно да ги бодриме дечките, без оглед на статусот на противникот ... Затоа што знаеме дека баш тие „аутсајдери“ имаат најголеми желби да го покажат токму спротивното. (ние сме го покажале тоа во неколку наврати)
    Ниту една победа не е лесна и ниту еден натпревар не треба да го сметаме за однапред добиен.
    Со срце за МАКЕДОНИЈА :l: Ве бодриме дечки
     
    На nati44 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Ајде, прв натпревар беше. Верувам дека понатаму ќе биде подобро. Имавме многу падови во играта.
    Шунде ми е легенда - шутни бе, шутнете! :rofl: Изгледа тактиките за крај ги чува... :wasntme:
    А како беше она треба да одиме на финта :lol: - не го заслушнав многу денес :?:

    Само напред!!! :inlove:
     
  4. Evdoxia

    Evdoxia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Премнгу е жалосно кога на тајм-аут нема некого да ве упати на некоја стратегија.Не е возможно Кирил Лазаров истовремено да игра и кога ќе дојде тајм-аут тој да кажува(така да во никој случај грешката не треба да се бара во него на никој натпревар----затоа што секоја играч има ден кога не му е погоден).

    Што се однесува до селекторот па ВРСКАА си НЕМА СО РАКОМЕТОТ!!! :fubar:

    А иначе денеска тимот изледаше како да му е смачено(од сите глупости што му се случуваа по патот) и наликуваа како секој со секој да е скаран.
    Жалосно а вистинито. :|

    Но ајде да не владее голем песимизам.....да бидеме ОПТИМИСТИ и да веруваме во овиее момци!!!
    Навистина заслужуваат ГОЛЕМА ПОДДРШКА :inlove: :clap: :clap:
    Да се надеваме дека ова беше само еден лош ден. ;)
     
  5. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
  6. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Иако прилично лошо одиграа на крај битен е резултатот што го постигнавме...
    Наумче нешто не ни беше во форма денес,се надеваме ќе се покажи утре.
    За Стоилов и Манасков :clap:
    Голманчево наше колку било згоднo :wasntme:
    Иако направи многу грешки и му ставија голови кои никогаш не требаше да ги дозволи,никогаш нема да го заборавам кога го одбрани седмерецот,а бараше замена.
    Некако беа раштркани денес,
    дури се свртат,противнициве пред гол беа |(
    Ајде утре со Катар ќе се покажат повеќе :)
     
  7. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    Бравоо! :clap:
    Наша победа! :rock:
    И утре чекаме победааа :angel: :muscle:
    ВЕ БОДРИМЕ ДЕЧКИИИ! :inlove:
     
  8. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Koe смеење падна кога го слушав Шундо на тајм-аут... Комедија, ме развесели човекот....
    И незнам дали некој треба да им нацрта дека ние неможеме да изведеме асолна контра, тогаш зошто не одат смирено, нека ја смират топката, подобро смирен напад одколку да се избрукаат на контра, колку само топки без врска ги изгубија така :tmi: глупости во боја....
    Ајде знам јас дека уморот и почетна трема ги тепаше како секоја година, ќе се стабилизираат момците, имаме квалитетна репрезентација, ајде НАПРЕД МАКЕДОНИЈА... ОДИМЕ ПО МЕДАЛ !!!
     
  9. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.232
    Допаѓања:
    1.639
    Што е со Темелков и Петре Ангелов , зошто ги нема или на клупа се ?
     
  10. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    утре мора да се гледа 8)
     
  11. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Шундо наш не ги зема Ангелов и Алушовски, а Темелков би требало да е со репрезентацијата. Единствен правилен потег е тоа што конечно го виде талентот на Георгиевски и го вклучи во стартните играчи. Јас не знам човеков како не гледа дека штети многу на нашиот тим, а си создава и лоша репутација во јавноста. Нели му е срам кога играчиве му кажуваат каква стратегија да се реализира? А да не зборам па што не знае што прави со позициите и што не знае кога да свика тајм-аут.
    Нели се збореше дека Червар е опција за македонски селектор или грешам? :?:

    http://www.youtube.com/watch?v=v63mHA0YTmo

    Му треба некој ова да му го каже, озбилно!
     
  12. Morti27

    Morti27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    11
    Прво се радуваа на победите а коа ќе изгубеа сите станувате експерти и знаете као требало да биде и кој што требало да направи.. -.-
    Е сега, пак не е добро затоа што сме победиле ама нели разликата не била голема. И секако,се јавуваат пак експертите не требаше вака, не требаше онака.. -.- Аманте бе луѓе ! Ако толку знаете одете вие играјте па да ве видиме вас!
     
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    За слаби слаби бевме, јас малку гледав и тоа што видов не ми се допадна баш.
    А чекајте вистина ли е тоа што се збореше дека не ги пратиле до директен лет, дека се испомрцвариле на аеродроми, за малку ќе закаснале на уткмица?
    После се кити власта со туѓи перја, ај тоа, па и услови не им овозможуваат :tmi:
    Дали не сватив добро,ама Шпанија бре има директен лет милијарда посто.
    Утре со Катар, па со среќа.
     
  14. cansuuuu

    cansuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    111
    Не бевме најдобри ама најбитно ПОБЕДИВМЕ :rofl:
     
  15. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Да да и јас така слушнав. Нашиве(читај грујо) закасниле со потврдата за резервација и ракометарите наместо со чартер лет оделе со претовар т.е. стасале неколку часа покасно од предвиденото ама мислам дека стасале четвртоко вечерта :)
     
  16. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
  17. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Се извинувам, не можам да редактирам.

    Шундо го вратил Темелков, а го ставил во публика Златко. :whew:
     
    На Vikica.cuci и SnowWhite91 им се допаѓа ова.
  18. Evdoxia

    Evdoxia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Чудна работа......му текна да го стави во игра Темелков.
    Оф мори мајко.....не да се прам стручњак ама со вакви БЕДНИ услови пред се обезбедени (односно НЕОБЕЗБЕДЕНИ) нигде неможи да се тера. :(
     
  19. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Прекрасна победа над Чиле!
    Прекрасна, ако се има предвид што се минаа нашите ракометари додека да стигнат во Севилја.
    За денес, нека излезат посконцентрирани и посвежи на теренот, и полека да си ставиме печат на влезот во осмина-финалето. :)

    МА-КЕ-ДОНИЈА!!!
     
  20. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Нашиве се добри но власта не сака да ги финансира....како што тоа го прават другите држави....епа малку повеќе да се вложе во репрезентацијата...ќе има поголем успех....