И почнуваме повторно од почеток! Само културно ги замолувам нашите момци да не биде толку напнато ова второ полувреме НАПРЕД МАКЕДОНИЈА
Добро е , на полувреме нереешено, некако се вратија нашиве, ајде се надевам второ полувреме дека значително ќе сме подобри и дека ќе издвоиме победа на крај...
За тие со слабо срце подобро е да си се напијат некое апче за смирување бидејќи чувствувам ќе има пеколно второ полувреме. НАПРЕД НАШИИИИ ДАЈТЕ СЕ ОД СЕБЕ
Во првово полувреме покажавме катастрофална игра. Нападот катастрофален. Среќа што бранеше Борко, а и тие што имаат нереализрани шанси инаку готови бевме. За среќа, некако истуркавме и многу добро е што истеравме нерешно на полувреме, па со изедначени шанси да влеземе во второ полувреме кое се надевам ќе го изиграме како што ни доликува, многу подобро од претходните 2 натпревари и секако подобро од денешнава игра што ја покажаа до сега. Да се надеваме дека ќе дадат се од себе како до сега. Лазаров е нешто слаб или среќата не му е наклонета денеска или па ептен го држат што не може да реализира, но тука се Мирклуковски, Манасков, Стоилков и Мојосовски иако реално Мојсовски може многу подобро, не смееше да си ги дозволи 2те пробивања едно по друго зошто клучни можеа да бидат и да влезевме во второ со поголема разлика во минус. Играта на Исланд не е лоша, јаки се, појаки се во одбрана како што гледам, но и нападот им е силен, но и тие имаа грешки, така да, малку појак напад уште појака одбрана, подобри асистенции, одбрана на Борко и победата е наша. Како и да е, верувам во момциве наши и им ја посакувам целата среќа, верувам дека ќе успееме да извојуваме победа со тешки маки.
Не бе, кога не иде - НЕ иде! Ај се надевам дека си ја чуваат силата за следната фаза. Овие наши пробивања, изгубени топки, стативи и слични грешки нема да ни помогнат за понатака. Дај Боже да не ни се падне Франција! И голем own: за организаторот. На Светско вакви проблеми и неточни информации на семафорот Се посрамотија на велико!
Ехх, да се рачунаа оние стативи, ќе ги победевме. Не, добро, не коментирам. И овие се јаки. Само што, да не беа Манасков, Стоилов и Борко... Тешко нас. Цело време викав да го вратат во игра Стоилов. Ама џабе, не бев доволно гласна. Бевме први на табелата, сега четврти, најверојатно. За Русија, можеби имаме некои шанси... Ама Данска, ја запамтив како педерска земја. Тогаш како не зезна оној со косицана... А оној педерон од голман што им е, кога го пушти јазикот, на изложба... Сакав да го згмечи гром, моментално.
Премногу сум нервозна и разочарана за да коментирам.Само едно имам да прашам, како е можно да имаме навистина добар состав, со ракометари кој играат надвор, но и во Металург(кој супер котира во Лига на Шампиони) а да правиме вакви грешки???Да е до неискуство не е, да е до тоа дека не се во форма не е.Навистина се чудам што не е во ред?!?!?!
Мм како да кажам, а да бидам кратка... Заслуживме пораз! А можеби и подобро,ни требаше вакво нешто да се соземеме. Исланд..кој ќе рече дека се вау многу јаки,појма нема(конкретно уткамицава) ! Не покажаа ама баш ништо што укажува на тоа дека се над нас(освен што нашите технички грешки ги претворија во голови).Всушност играа прилично слабо. Е сега,ние пак тотална неорганзираност!Катастрофални потези како на ракометарите, така и на селекторот Шундовски.Шундо без никаква тактика за исландската одбрана, која буквално ги „уништи“ нашите бекови. : ''Без чувство за измена во моментите кога не им одеше на Миркуловски и Мојсоски и без да најде решение за исландската одбрана врз Лазаров, уште еднаш се покажа дека тој е најголем хендикеп на оваа селекција. '' Нападот тотална катастрофа,никаква организација,избрзаност...Во одбрана не бевме толку лоши,Борко брани ама кој да ја фати топката ?!.. Додуша и баксузи бевме во поголем дел. Какви ефтини голови примивме,абе чудо едно! + судиите! Наместо пробивање од Исланѓаните тие судат седмерец! Не уништија во неколку ситуации. Доста ми е и мене од негативност! Ќе ја згазиме утре Русија Ионака не сме ние за мали екипи,дајте ни ги фаворитите бре. Сериозно,нека поработат на техничките , меѓу другото тоа најмногу не уништува.
Тренерот . Ние се смееме колку е глуп, а се прашувам дали некој од Ракоментиот Сојуз ги чита коментарите по социјалните мрежи, или дали ги слушаат ’’тактиките“ кои им ги кажува Шундовски за време на тајмаутите? Од каде го најдоа човекот, се прашувам? Зарем не беше доволно што го прошетаа до Србија, поради него бевме само петто место, па сега мораше да биде присутен и во Шпанија? Дај некој што знае нека ме просветли, кој го донел и кој го штити овој шунд?
Што да ви кажувам, се разочарав и многу се изнервирав Што беше ова бе?!? И стварно ич немавме среќа со стативите... Ама јас сум си голема оптимистка Знам дека звучи малце нереално ама...Утре идеме на победа со Русија, нели?
Не дека сум песимист, ама русите се стварно јаки. Ние не можевме да ги победиме Исланѓаните, а замисли како ќе биде со Русите.
Не е тренерот крив што испошутираа пречки, стативи и што бранеше нивнион голман! Тој е само мал фактор, на терен главниот фактор се играчите колку и да ви смета тоа тие што го критикувате Шундовски. Не може цела вина тој да ја сноси! Сигуно не им вика да шутираат и да промаршуваат. Сите се прават трењери и го криват него, а колку само е лесно да се обвини трењерот за лошата игра.
Добар натпревар, лошо го отворивме првото полувреме, но на крајот изедначивме. Имавме и шанса а и можеби ќе водевме ако првите 10 минути од второто полувреме не се изнагрешивме. Тие беа пресудни за целиот исход од натпреварот, а и да не ги заборавиме техничките проблеми. Вакви проблеми на светско не се дозволени . А и да не заборавам играч на антпреварот според мене СТАТИВАТА на Исланд