Знаев дека некој ќе ме цитира. Не ме разбирај погрешно, и јас постојано ги бодрев како ракометарите, така и кошаркарите, сите наши репрезентативци. Ама многу се изнервирав од последниот натпревар и морав да го пишам ова. Сепак тоа е реалноста, неможеме да се мериме со такви искусни ракометари. Но, се надевам дека ќе победиме барем еден од противниците оваа недела. Колку добро им почна првото полувреме, а сега.. Ајде, момци, вратете се во игра!
Ај што ме дразни ситуацијава, ама рацеве што ме здоболеа од шлакање бре, дланкиве да ми ги видите само, жар црвени, печат корнат Се борат, не се предаваат, како сакаме ние па, од два милиони едвај 20тина ракометари, а не па ова Русиве, од цела држава два милиони ракометари имаат, избор колку сакаш Браво Македонци, продолжете со изненадувања на овој глупав мегаломански свет, не ви вредат парите колку што нас ни вредат децава
Митревски ме изненади бе. Најпрво се покажа ептен труп, ама не бил до толку. Имаме шанси за победа, само вака да продолжиме.
И конечно заврши натпреварот. 29-29 Па да ви кажам јас сум многу задоволна иако на почетокот имавме малку грешки. Русија како репрезентација е мн. добра но барем успеавме да ги стигнеме со резултатот! Сепак ништо не е завршено. На листата бевме 4ти а сега сме 3ти Да се надеваме успешен натпревар и против Данска. Знаете кога бевме на Европското Првенство во Србија имавме натпревар против Данска и тогаш тие не победија со 1 гол разлика. При крајот на натпреварот му дадовме и ние гол но не го признаја судиите. Па со работа и добра акција можеме некако да ја победеме Данска сепак ова и е последен натпревар и ништо нема да и смени ако изгуби Добри сме за сега само помалку грешки да правеме. Со среќа нека ви е момци!!
И малку само да ни попушти Данска да ја победиме, секако ништо не и менува први се во групата а и должник ни е за тој еден гол нели?
Муахахахах. Браво бе, тоа бе, тоааа! Браво за новиот голман, ме изненади, браво! И браво за Стоилов, заслужено си доби! Ова ме радува. И ме радува, што последниот гол го даде крилото. Сега сме трети на табела. После играат Чиле и Катар. Џабе им е на двете, не влегуваат. Што е најважно, не не` спуштаат на 4тото место. Остануваме на 3то. После играат Исланд и Данска. Данска тепа, со гаранција. И Исланд останува на 4тото место и се бори со Франција. Што значи, дека ќе се бориме понатака со Германија. Edit: Заборавив дека има уште една утакмица. Ќе играат Русија и Чиле. Русија тепа. Играат Исланд и Катар. Исланд тепа. Играат Данска и Македонија. Македонија тепа. Ама ако не победиме со Данска, ќе не спушти Исланд и не ни бега Франција.
Да да Ништо нема да им смени нив а нас ќе ни смени многу ако постигнеме повеќе голови и ако ја победеме Данска ќе бидеме 2ри на листата што ќе биде подобро за нас ќе ни се паднат послаби противници. А ако сме четврти ќе ни се паднат најаките и тогаш може скроз да изгубеме и да се вратиме во Македонија. Сепак нема да губеме надеж. Одеме на победа!!!
Вечер чекаме и навиваме за Данска..... Е после да се молиме на господ изедначено со Данска или победа во некоја среќа. Само да не излеземе на Франција....зошто ако се сеќавате лани Германија ја тепавме.
Oф...многу се соживувам со натпреварите. Срцето ќе ми излезеше последните 17 секунди. Оној Ќелавиот да ми е пред очи ќе го смачкам. Толку ми е антипатичен тип! Како и да е, барем има некоја полза од нерешеното. Со душа го чекам следниот натпревар, собирајте сила момци!