Данска да ни попушти нема шанса, кај се видело скандинавци да попуштат?!?!?! за момците, овој пат се гледаше дека играат како зверови, а моментот на Кире кога ја викна публиката во сала да ги подржи мене веднаш солзи во очите. Со Данска ќе биде пеколно тешко но никогаш не се знае, ние сме познати по тоа што играме под притисок но секогаш сме се ваделе на крај. Возбудата прави чуда. Па дури и кога е нерешено. „Ова беше јуначка победа.“ (конечен резултат 29:29) - Марјан Ников(коментаторот на Сител тв)
Срам ме фати што го плукав Митревски на првите 2 натпревари.Дечкото се покажа Барем да му текнеше на Шундовски да го стави порано. За Данска сум скептик,ама и за Русија бев така да...Ајде ќе видиме. Браво за момците,секоја чест.
Дечки во петок мораме да ја победеме Данска затоа што истиот ден Русија игра со Чиле. Чиле како што вели коментаторот се аутсајдери па очекувајте победа на Русија. Со тоа Русија ќе има 7 поени. Доколку ја победеме Данска и ние ќе имаме 7 поени и тогаш се гледа кој колку голови има постиграно. Aко имаме повеќе од Русија ќе бидеме на 2 место а ако не 3 не ни бега
Леле аууууу другпат им порачувам да не играат вака неизвесно, срце ме стрефи бе! Ама браво сепак, од 6 гола разлика да изиграме нерешено тоа е талент, и тоа против двократен светски шампион па рачунјате сеа. Утре сета среќа со Данска им ја пуштам.
^ Данска нема потреба да ни попушта, бидејќи нашата репрезентација е подеднакво јака. Ние лани изгубивме поради „добронамерните“ судии, а не поради тоа што сме слаб тим. Русија ниту еднаш не не' има победено, секогаш губи од нас. Па, и денес, тоа непризнавање на головите на Манасков, беше само помош за русите. Тие голови не беа признати, бидејќи ако беа, Македонија ќе победеше со 2 разлика - ова е јасно како ден. Тој што им е најјак играч на русите се пренервира на крајот, бидејќи не успеаја да ни дадат уште еден последен гол. Нека ме поправи некој ако грешам, ама не беа овие истите судии од ланскиот натпревар со Данска? Ние имаме одлична репрезентација, јас воопшто не се сомневам во моите стружани, а ниту во останатите. Само напред, имаме убави и големи шанси за успех.
Се е добро кога добро ќе се заврши Браво за сите, посебно до Митревски, К.Лазаров и Стоилов Нешто Наумче не ми е во форма , ова не е тој Мојсо-Мајсторот јас кој го познавам Се надевам за натпреварот со Данска ќе ни доделат некои така „поќорави “ судии Кај го виде врвот на патиката на Манасков на белата линија Што око ќе беше (па несакајќи беше, он не сакаше да ја згазне )
Абе па ич не ги играат крилата.... Гоце од страна посебно ич не му даваа топка, не го играат. А пикерите, посебно Стојанче ги избодеа со лактите. Мене жал ми е, сериозно. Треба и крилата да ги разработат. И големо брааааво за контрите на Манасков. Ко да има шупливи коски колку брзо стигнува на другата страна од теренот. Туку, Данска е прва како и да ја правиме математиката, па немора многу да се умара со нас, нели? А добро, Шундовски има малку кураж па да покаже авторитативност, и да им даде некоја доза на адреналин на играчиве?! Кога на некој му повишуваш тон, секако за подобра цел е сето тоа, го креваш адреналинот и силата. Па некако нека им вика, мафта, нека се дере, нека вади стратегии некои...некако ко да им фали малце поголема енергичност.
Јас се плашам од овие Данциве, не сум некако сигурна во нашиве окулу тој натпревар. Уште си имам трауми од тој со стегачот, Хансен беше така? Вол бе. А кога играме со нив, во петок?
Браво за голманот супер се покажа кога требаше А овие судиите мајтап си играат можевме да победиме без нивните измислени исклучувања ама ако покажавме кој сме и дека можиме против прваците Иначе кога играме со данска утре или Петок ??
Хансен се радува дека немало 10.000 Македонци да има на трибини ко во Србија. Душичка, за грев. Испотресен е од публиката, нема никогаш да не заборави. Дивљак, сакам со ножици да го средат, уште толку да ја памти Македонија, племе грдо. http://vest.com.mk/?ItemID=669095519CA3 ... 6CF3E8C611
Во петок, колку што прочитав од 8 или 8и15 Иначе овој Микел Хансен Од се срце посакувам вечерва така незгодно да падне, да свитка зглоб на нога и да не може да се движи Или во краен случај да си ја набие раката при падот па да му ја стават во лангета
Ааа, Хансен значи бил тој косицата? А? А? А? А лани со 7 гола бевме во пизитива, ама не` победија. Готово, се расплалав. http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=haOax37Bsxs http://www.youtube.com/watch?v=EkEQsKgdBd4
^ Браво за тебе. И знам дека не треба да мрчам сега и да барам кривец во тимот,ама Манасков ја зафркна работата.2 гола поништи со престап.Да беше 1 ај,ама 2 по ред..отиде победата. Ајде да се надеваме на повеќе среќа во петок