Јеее изигравме нерешено иако беше неизвесно сепак нашите ракометари се бореа до крај . Новото голманче ептен ме бендисва,ко Битолчанец да е .Само нека продолжат со малку пожустро темпо од денешното и ќе напредуваме.Не знам зошто не ги играт ич крилата,тие само дремат кутрите .Ај белки ќе ги играт понатаму дека стварно нее фер вака ако се одвива играта.Јас верувам дека ќе успееме и со Данска да изиграме барем нерешено и да сме на третата позиција.
И јас истото сакав да го кажам. Не дека е нешто особено, ама за разлика од другиве може да се каже дека е симпатичен.
Да бидам искрена, за Чиле и Катар претпоставував дека ќе победиме, сепак Европа е подобра во ракомет.За Русија од друга страна, бев 90% сигурна дека ќе не искршат и баш ми е мило што е нерешено, сега сме трети во групата, добро е.Сакав да ги прашам тие што се разбираат повеќе од ова, дали понатаму одат првите две или и третата репрезентација во групата?Мислам на рангирањето според поените, секако Со Данска во петок, исто ми се чини дека ќе не победат, ама ај ќе видиме, тоа го мислев и за Русија, па еве, не е така.И уште нешто, многу ми се свиѓа енергијата на Стојанче, сите пробуваат да го потепаат, а он така на финта им ги спушта тоа головите, абе легенда
Ја сум збунета малце околу овоа бодирањево. Сега трети сме и сме во осмина финале, а играме со Данска за четврт финале, или ќе играме со Данска за осмина финале? И после ако победиме или изгубиме со кој ќе играме, што како? Нека објасни некој повеќе што се разбира, ве моља.
За да не чекам да ми објасни некој, си отворив Википедија и според неа, трети сме и одиме во осмината, играме со Данска заради бодовите, не за четврт.Без разлика ќе победиме или изгубиме, ако имаме доволно бодови, одиме понатаму.А после тоа, таму ќе се игра со репрезентациите од другите групи.Еве линкче, може ќе ти биде појасно...http://en.wikipedia.org/wiki/2013_World_Men's_Handball_Championship Едит:Ако изгубиме, ќе изгубиме и еден поен, не знам дали така ќе може да се оди во осмина..
Натпреварот со Данска не пресудува дали ќе одиме или не во осминафинале зошто ОДИМЕ! Сега сме трето место во групата.. значи ако играме со Данска и ако победеме, тоа само значи полесен противник во елиминациите .. Сега во осминафинале нема групи, туку само еден натпревар ако победиш одиш ако не чао .. И така ние сакаме да сме втори или трети во група за да не играме со Франција .. Туку со Гермнаија или тунис кои се второ и трето место во глупата А.. Разбра? Еве како одат натпреварите после натпреварот со Данска! http://handballspain2013.com/en/Competition/Finals
Жива сум... Покрај бодот,мене особено ме радува добрата игра,и секако намалениот број на технички. Дури и Шундо ми беше симпатичен кога се радуваше за +2. Ако не освоиме бод со Данска,90% играме со Франција...
Значи не сум видела поборбен играч од него. Се бутка со сите и прави место за тројца. Колку пати го удрија денес, ама таква борбеност и желба во него има, што докажа и дека висината и тежината не е вредна во ништо. Се се сака ако се може. Браво Стојанче!!! Цела Македонија е со тебе, а и со целата репрезентација. <3
девојки а дали знаете кај може да го изгледам напреварот како што спомнав го преседов во влез а слушам бил многу добар. ако некој знае да ми каже ќе му бидам благодарна
Абе бонбонченце е Туку го имаше еднаш на Backstage (кога почна лига на шампиони и Металург оствари јаки резултати) и кажа дека е во врска некои си 7-8 год. и летово планирал свадба
Не најдов ништо на нет, ама ако имаш кабловска утре очекувај на сител 3 да има реприза околу 11-12, ама можеби и порано или пак подоцна. Во секој случај, провери си утре.
^^Овој во врска 7-8 години?Па личи како да има 17 бре, како е можно толку долга врска? Не знам да им одредувам возраст на луѓево, ужас сум
Хахахах, имаш право. Стварно така изгледа, ама верувала или не он има 27 години, 1985 е роден, на 3 Октомври.
Вчера кога изгубивме од Исланд,мислев дека денес Русиве ќе не изгазат. Но нашите го докажаа сосем спротивното Иако е нерешено сепак презадоволна сум,па светско е бре луѓе И вчера не бев разочарана од тоа што изгубивме,па неможе секогаш да тепаме Јаоо оној гологлавиот Русин му идеше да цркни на крајот За Стојанче. Манаско лета ко авион
Следниот наш противник е Данска. Сметам дека ни треба уште многу подобрување, бидејќи со досегашнава игра поразот ни е на повидок. Данска е силна репрезентација и сега тој Исланд од кого вчера ние губевме на моменти по 4-5 разлика, сега тој толку губи од Данска.
Не мора ништо да значи тоа Ако ледаме од таа гледна точка.....па на европското ние цело време водедме против Данска али ете се деси тоа што се деси. Меѓутоа во секој случај Данска е силна репрезентација со добар ГОЛМАН ,одлични ИГРАЧИ и ТРЕНЕР кој има огромни познавања за разлика од овај нашиов .
Да, во право си. Го следев и европското првенство минатата година. Но, сепак како што спомена и ти треба да се спомене и за квалитетот на нивниот состав, додека кај нашиот има и некои измени, а пак за тренеров воопшто да не зборуваме. И плус тоа, кога станува збор за Данска, само да додадам дека до сега на првенствово никој не ја поразил, ниту пак изиграла нерешено, така да...
Грешка си , лани со Германија загубивме, на полувреме беше 12-12 а после не победија 23-24 Еве: Инаку малце офтопик сум ама сега кога го гледав овој натпревар Исланд-Данска ете завршија, Данска победи.. ! Неможам да ги гледам како се радуваат Белу утре со нас нема да е исто.. Искрено, овој Хансен ме плаши..
И така Данска убедливо го тепаше Исланд Задутре и не мора толку да се мачат со нас, и со победа и без неа ќе си бидат први на табелата. Можат комотно на Хансен, Моргенсен, голманот и уште два-тројца да им дадат слободен ден Да можат дечките нели да бидат свежи за следната фаза Не дека на нас тоа ни одговара ... и со нив и без нив пак ние си атакуваме па победа А богами и ќе ја добиеме таа утакмица Revenge Time
Уф добро е! Данциве сигурно завршуваат први во група,па во Петок сигурно ќе ги одмараат ракометарите,и ќе настапат со послаб состав. Eте шанса за нас! Ние и онака имаме нерасчистени сметки со нив...знаеме а знаат и тие благодарение на кој станаа европски првак.