И јас тоа го забележав Знам дека сме возбудени дека не изгубивме, бод си е бод али нерешено не е победа! Јас додуша никад не се радувам на нерешено, ама ме докрајчи Милан па од тогаш и за нерешено викам добро е Лоу стнадардс со лоу Мислам дека Данска ќе не избричи, но што е тоа е. Мене најдобри ми беа на претохните натпревари, и најискрено мислам дека се класа подобри од нас Ама солидни бевме денес, солидни. Можевме и да победиме, имавме 2 пати предност мала. Ханес можда е грд, луѓе ама не утиња И голманот им е емптен профи, незнам ама мислам дека старвно многу добро и коректно играат. Али дај боже да се смени нешто, дај боже.
' Стоилов постигна 5 погодоци без промашување, а по мечот им испрати порака на Русите преку својот Фејсбук профил. '
Ми требаше многу време, дур да сконтам. Буљав како теле во шарена врата и конечно сфатив. Ваљда. http://handballspain2013.com/en/Competition/Finals Има мноогу комбинации. И сè е можно, ништо не е невозможно. Значи вака... Се натпреваруваат првиот со четвртиот и третиот со вториот. И кој изгуби... Нема назад, готово е. Кој победи-победи, оди понатаму, кој не-папа! Фактички само победниците одат понатаму. Има 4 варијанти. На нас, само првите три ни одговараат, што се помалку возможни. И ништо не зависи сè од нас. Варијанта 1. Може да се случи чудо и Катар да го победи Исланд. Исланд да остане не 4то место. Тогаш нема да ни биде толку потребна победата со Данска, ќе си останеме на 3тото место. И се бориме со Германија. А Катар со Франција. Варијанта 2. Треба да се натпреваруваат Германија и Франција. Може да се случи Германија да ја победи Франција и да дојде на првото место. И во случај да изгубиме од Данска, ќе се спуштиме на 4то место и се бориме со Германија. Затоа што се натпреваруваат првиот со четвртиот и вториот со третиот. Варијанта 3. Да ја победиме Данска. Да си останеме на 3тото место, да се бориме против Германија. После тоа игра Тунис со Аргентина. Тунис победува, мислам дека со гаранација. После тоа Германија да изгуби од Франција, Тунис се искачува на 2то место, Германија на 3тото. И така можеме полесен противник да добиеме, во случај да останеме 3ти во табелата. Варијанта 4. Да победи Исланд, во натпреварот со Катар, нас да нè спушти на 4тото место. Ние губиме со Данска. Се бориме со Франција. Ако ако изгубиме со Франција, одиме дома. И веќе, се испобунив. Доста за денес.
И јас се обидов да го разберам и мислам дека сме во право И вака не мислам дека Катар ќе го победи Исланд многу тешко,а ние со Данска можеби можеме да ги совладаме според она што се случуваше на Европското првенство но ако изгубиме тешко ќе биде со Шпанците стварно се добра екипа..За тоа дека Данците ќе ни попуштат можно е пошто ништо не им значи натпреварот ама па зошто нас би ни попуштиле ?? А ме интересира што ќе се счучи ако на пример извадиме нерешено и со нив, и дали би стигнале на некоја посакувана позиција ??..
^^^ Што се однесува за попуштање на натпреварот... Нема шанси. Не се они од Србија. Мислите ќе играат со втора постава без Хансен и други играчи, со друг голман? За да се одморат? Тоа мало сутра, ујутра. Според досегашните резултати, Белорусија ќе се бори со Шпанија. Они се група Ц и Д. А ако е нерешено, тогаш ќе имаме исто поени со Исланд. И сè ќе зависи само од дадените и примените голови.
^ Не од дадени-примени голови, туку ќе се зема во предвид меѓусебната утакмица, а ние ја изгубивме :/
Мислам дека врв ќе биде да ја победиме Данска (да речеме дека нема да се замара, ќе си ги штеди најјаките играчи за понатаму зашто секако е прва) и да сме трети, а Германија да ја победи Франција и Франција да биде втора Како што не служи среќа нас Македонците... Ааааама, нема место за песимизам. Како и да е, ќе има адреналин на нивоу!
Kako што кажав поради моето отауство од мак-не следам ракомет. Mоже да ми пишите како се движат нашиве?победи порази?со кој игра со кој загубиа и со кој ке играт?? Iзвинете поради малце Sлободно време неможам да ги читам сите постови околу ракомет
Ги победија Катар и Чиле, изгубија од Исланд, а вчера изиграа нерешено со Русија. Утре играат со Данска Доколку ги победиме (што некако не е премногу веројатно) ќе ја избегнеме Франција во следната фаза. Моментално сме мислам трети на табелата во нашата група. Поздрав
На пресконференцијата по натпреварот со Исланд, селекторот на Данска, Урлик Вилбек, изјави: “Средбата со Исланд беше многу добра. Исландската репрезентација беше добра и во нападот и во одбраната, а ние ќе треба да ја подобриме нашата одбрана за следните натпревари. Ветувам дека ќе ја победиме Македонија“. Толку од нескромниот дански селектор. Данска има квалитет за победа над Македонија, меѓутоа да се вети нешто такво во најмала рака е некултурно и недипломатски. Да се надеваме дека нашите ракометари ќе најдат сили да одговорат на таквата самоувереност на познатиот ракометен тренер. Колку сакам после оваа изјава на данскиот тренер да ги тепаме.
Ајде де и другите не се толку лоши ! За Миркуловски не збориме .. Киро нема фаца за фрлање, Мосовски е исто убав За Дејанче не праиме муабет .. Борко е така така.. Овој Ангеловски ли како беше.. Па Гоце црвенокосиот.. Еве Митревски исто Кој од кој поубав.. За разлика од оние брадосаните орангутани од другите земји.. Добро има некои што се делат но неможат со нашиве!! Најубави се Спојлер сори за офтопик
Утре е важен ден. Не' чека Данско племе. Време е од Xамлет да направиме омлет. Кармата е Фризби, ќе им вратиме мило за драго, за све! Напред Наши!!! За кого? За Македонија!!! П.С.: за сите гyрбетчии што немаат кај да гледат СП еве еден предлог-вака правам јас; се вклyчyвам на Скајп, им кажyвам на моите да ја свртат кам према тв и... навивам МА-КЕ-ДО-НИ-ЈА ! П.С.: сите се чyдат зашто повторно израмнивме со Рyсите. Јас не сyм еxперт за ракомет ама пошто астрологијата ми е xоби ќе објаснам по астро. Натпреварот беше во 15,30 по европско време а во тој период (од 13 до 17) Месечината беше VОC (Vоid оf Cоursе) т.е не правеше аспекти, и кога е така, секоја неразрешена активност која настојyваш да ја разрешиш, а ја започнyваш во тој период, сепак и понатамy останyва нерешена. Значи, не е Шyндовски крив, крива е Месечината!!))) Поздрав до сите, Македонија се љyби и кога победyва, и кога гyби, и кога е нерешено!)))
Што ако победеме со Данска, А Германија победи со Франција.. Пак играме со Франција.. Мислам дека не видов ваква варијанта
Lele ako izgubime utre ke umram... Nemozam da spijam od strav ... Ja imate mojata podrska NAJDOBRI rakometari...
Франција За Данска сум голем оптимист а јас кога сум оптимист и се надевам на победа имаме победа.. хах Спојлер дај боже да е така Но што сакав да кажам.. За Франција не сум оптимист! За Германија да.. сепак на европско ги надигравме напред момци со вас сме
мм.. На Германија и треба чудо да ја победи Франција.Тешко тоа сценарио. Како и да е 18:15 France v Germany 20:15 Denmark v Macedonia При евенуталне пораз на Франција, ние одиме на пораз со Данска. И Данциве не се будали да искочат со најјачи можен состав во уткамица која не им значи апсолутно ништо!