Јас ќе забележам и дека Наумче го немаше на натпреваров... а за Кире и минатата промаши, мислевме до голманот е, ама не било. Инаку ако се работи за голманите, нашиот Диви подобро се покажа од нивниот.
Нели? А Диви беше маестрален, само чуму полза од тие одбрани, кога топките пак одеа кај Германците. Нашиве не ги очекуваа, ко претходно да го имаа „отпишано“ Диви дека ќе одбрани. Чешка е послаба од Германија, тоа што победија се случува на еден од сто натпревари. =)
А кога Кире беше најдобар ракометар со 92 гола дадени ако не се лажам сите се влажневте на него.Јес да промаши ама кога не е во форма не е во форма,доста ја префрлавте вината само на него.Признавам слабо играше ама не игра само тој. Повторувам,никој не е крив за пропуштените шанси а помалку глупи пенали.
Абе на ништо не мислам веќе Но тоа е кога пишуваш со нервоза, не знам од кај ми текнало Ангелов. Инаку и на Чешка слабо им оди.Најверојатно ќе изгубат па во среда уште една ваква утакмица не очекува
Моментот беше кога почна второто полувреме а ние целите возбудени од нерешениот резултат од прво полувреме се трудевме да добациме нешто до играта зошто нели беше на намален екран и половина од намалениот шаблон заземаа рекламите на Вип. Па аман бе, минута и пол помина од второто полувреме, тие не дај Боже да ги скратат рекламите, битно истата реклама 10пати да помине. Безобразлук! Инаку имам претчувство дека ќе ги тепаме Чесите, ние нерешено и колку тесна утакмица изигравме со Швеѓаните, а види ги нив обавезно за 3 гола им заостануваат на Чесите. Тоа нам не ни оди баш во полза, освен фактот што гледајќи вака подобри сме од Чесите и да, ќе ги победиме и да, ќе одиме понатаму и да, не знам која луда среќа ги опалила да ги тепаат швабиве!
^ Да, а кога ќе видиш па и подобро сепак Шведска да победи, поразот може сериозно да ја разниша самодовербата на Чесите. Пеци, никој не го криви Лазаров, само говориме со факти - а според нив, денес Кирца имаше реализација 3/7 седмерци, што е премалку за играч од негова класа. Тој е несомнено на врвот на европскиот ракомет, но тоа не значи дека е автоматски имун на критика. =) А за поразот е виновен целиот тим кој сосема погрешно се постави во оние 4-5 наврати кога имавме играч повеќе, а сепак Германците беа тие што даваа гол.
Јас познавајќи го Манасков ќе ви кажам дека детето игра со срце. Толку е посветен, не би поверувале. Тоа што промаши е резултат на младоста, да речеме малку искуство, плус трема, притисок и ете... Ама бедно е одма да се напаѓа, нема смисла. Каде што го гледав преносот, такви зборови се изнакажаа за него, што е трагично и бедно за едни навивачи. Не не служи многу среќата. Дај Боже повеќе да ја имаме следнава утакмица.
Eх овде не го криват ама на фб статуси и по форуми фрчат против него,не ме терај да ги ставам ваму.Ете промашил пенал.И на претходниот натпревар промаши,тогаш зошто тренерот не ја дава таа обврска на друг?Промашил промашил следен пат нема,не е во добра форма.Сите го спомнуваат Кире...епа ако се подобри од него нека одат нека играт тие.
Во последен момент ЕХФ ги смени судиите кои ќе ја делат правдата на вечерашниот меч помеѓу Македонија и Германија. Наместо претходно делегираните руски судии Золтин и Володков, сега правдата ќе ја делат судии од Исланд, односно Леифсон и Палсон. Засега нема никакво објаснување за ваквите промени, а поради ова се појави сомнеж кај македонските фанови дека сепак Германија вечерва ништо нема да остави на случајноста. Ова е воедно последна шанса за „панцерите“ да останат во игра за пласман во следната фаза, па се чини дека ќе имаат и „мала“ помош. Сепак, да веруваме дека промената на судиите е поради оправдана причина, а не поради некакво фаворизирање на одредена селекција на вечерашниот меч. извор kurir.mk Па евидентно беше дека судиите ги фаворизираа Греманците... ц ц ц безборазни
^^ Па фала богу Ако судеа Руси, Германците знаеја дека ќе бидат закопани, па ајде одма да се преземаат мерки Абе мамето нивно нацистичко Ако, ќе ги стигне правда. И нив и судиите
Германија изгуби од Чешка и сега од Македонија да изгубеше уште, немаше да има бодови, т.е ќе беше последна од групата. И видоја, не видоја Германците си платија и си ја добија утакмицата. Како рагби да играа Ние еднаш во почетокот направивме фаул и фино лепо надвор , а тие пет пати и никој со прст не мрдна од судиите.
Не, не, НЕ! Нема врска оваа рандом вест, на Германците уште веднаш по пристигнувањето им беа наметнати исландските судии за вториот натпревар. Оставете ги нашиве извори, нивната веродостојност секогаш била предмет на расправа.
Македонија vs Судии 23:24, молим лепо Можете момци, цела Македонија е со вас. И не туку зборете Кире ваков Кире таков, ние од тука можеме само да гледаме и да навиваме...кога ја имаш топката во рака не размислуваш, само гледаш и бараш простор за шут и шутираш или ја подаваш на некој што има м*да да шутне. Кире ја понесе целата одговорност и нема потреба да му замеруваме за ништо. Така беше и со Антич ако се сеќавате на првата утакмица кога игравме кошарка, и сите збореа Антич дрво не знам ми ти што се друго, а кога даваше кошеви и не вадеше од г**на на сите ни беше арен! И повеќе од очигледно беше дека судиите играа наместо германиците, и затоа шшшшт и ниту еден негативен збор за капитенот и останатите ракометари... СРЦЕТО НА ТЕРЕН!!!!
А демек судии од Русија ако судеа, некое чудо ќе се десеше, и некој ќе судеше во наша корист. Да биде реален - да, али судиите да ни бидат наклонети цел натпревар одамна не сум видела, да не речам воопшто не сум видела. Баш тоа коментирав, ни од соседиве наши да ни доделеа судии, немаше нешто да видиме. Едино Турците мислам дека ни се наклонети пријателски последниве неколку години, искрено.
Добро луѓе што плукате толку по судиите? Па нормално ќе бидат за Германија, кои сме ние во споредба со нив? Да, беа судиите на нивна страна, ама факт е дека сами зае*бавме. Жал ми е за Диви, стварно феноменално бранеше и колку и да се трудеше човеков нашава одбрана спиеше. Многу шанси изгубени така, Кире срам ми е и да го коментирам тоа личеше на третокласен играч, а не најдобар стрелец. Браво и за Стоилков. Сума сумарум сами им ја поклонивме победата. Се разочарав максимално. Сега мислам дека подобро Шведска да победи а после и Германија да ја победи (мислам дека има шанси), а ние да ја тепаме Чешка, и Германија да испадне. Претходно прочитав нешто Чешка да тепала, па да ни ја поклони победата. Епа ако чекаме на поклони ич да не идеме во втора фаза хаха. Инаку ако тепа Чешка многу работи ќе се искомплицираат за нас. Како и да е имаме шанса за поправка, се надевам нема да ме разочараат..повторно.
Чешка 29-33 Шведска. Сега нема ништо да ни поконат. Нема потреба да чекаме да ни поклонат нешто, пошто никој ништо не ни поклонувал никогаш во спортски рамки. А последниов меч нема место за такви грешки основни кои се правеа. Барем не играчи кои играат во европски јаки клубови. И не, не плукам по нашето! Посебно не плукам по луѓе кои играат за државата, ги бранат боите на Македонија, го носат националниот дрес. И подобро да се упати со критика, отколку да се тапша по рамо дека се е океј.