Леле луѓе што ви е, повеќе од очигледно е дека Данциве не сакаат ни да дадат гол, Хансен шутира 5м над гол како прв пат да игра ракомет, а нашиве се тепаат да победат, наместо намерно да изгубат и конечно да играат против Герамнија како што сакаа до сега. Цело време кукавме да ја избегнеме Франција, а сега сами се местиме на неа.
Или Данциве намерно спуштија топка на овој натпревар што не сакам да верувам ... или стварно сме добри кога сакаме. Сепак докажано е пак дека Данска има еден добар конкурент секогаш. Македонија! На здравје! Не начекаа!
Во ваков важен натпревар Шундо го трга Борко од голот? Освен ако не е тактика за „намерно“ да изгубиме... Данска не игра воопшто, а и нашиве ги снема. Си мислам дека не ни сакаат победа, што е нормално, секако дека Германија е подобар противник. Натпреварот ништо посебно, се игра онака, рутински.
Епааа ајдеее, со господ напред на 20ти во 15:45ч. да бидеме најдобри што можеме и да ја победиме Германија.
Добри беа нашите но овој Грин не мораше сега да се разбрани... И секогаш кога ни е најпотребен Борко не брани али тоа е ајде да се надеваме дека ќе ја победиме Германија
Би рекла дека намерно изгубивме, ама ако подобро да и се реваншираме на Германија која во Србија победи со помош на судиите отколку да играме со Франција. Прв пат се радувам на пораз . Туку зошто Стоилов не играше?
Резиме: Браво за нашите Покажаа кога се сака се може! Иако нејкев, ама добро што изгубивме. Нема да си имаме работа со Французите А мало потсетување ако може? Како беше резултат македонија-германија во Србија?
Kога натпреварите ќе траат само едно полувреме тогаш Македонија ќе има шанси да биде победник Тоа е тоа. Многу паѓаат на кондиција, многу брзо се опуштаат, многу грешки, многу изгубени топки. Се разочарав, се надевав барем изедначен да биде резултатот.
Не тепаа за 1, 25-24 или 24-23 така нешто. Али ова на крај со играч на натпреваров беше добра шала нели... Борко зашто не играше и јас незнам, али Митре не го бива, баш само скока како петел. Али играат Данциве, имаат уиграни комбинации и не казнија со контри, не уништија. Али ај Германија е полесен противник од Франција и јас така мислам. Битно е следната да биде победа, МОРА!
Не знам дали го гледавте натпреварот Германија против Франција, ама германциве растур прават. Онакво нешто не сум видела до сега. Ама нашиве по обичај, се истрошија, и на крај онака ко ради реда нервозни играат. Очигледно беше дека ни попуштаа на почеток данциве. Само хранат его па го рушат. А можеа многу повеќе. Ајде, ништо страшно, ама во недела стварно треба да дадат се од себе!
Аман бре луѓе, па зарем не видовте дека на крај воопшто не играа затоа што ако ја тепаа Данска ќе игравме со Франција, која никако не ни одговара. Инаку беа одлични, и денес и некни со Русија.