Ќе користам некои нецензурирани реченици. Така да, ако сакаат нека ме бришат. На почетокот можеби ни попуштаа, ама затоа на крајот, нè здупија. И каде е СТОИЛОВ? БОРКО? На здравје бричење, што би се рекло. Не знам, можеби на крајот, намерно ја заебавме работата. Кој ти знае... 23:24 за нив беше иначе, кога бевме лани со Германија. Ама сега имаат изменет состав, така да... Не ми се верува дека Германија ќе ги пакува куферите. А ние ќе продолжиме... И сега ширам негативна енергија, ама се изнервирав, на велико. Криво ми дојде, што веќе ни пеналите на Кире, не се тоа што беа. И имаме многу слаби контри. Они шлап-бап, одма контра. А ние додека се смениме... Ајде во недела, со свежа галава, ќе коментирам нормално.
Лелеееее Второто полувреме што добро ни тргна,а баш на крајот.. Не ми е јасно зошто Борко не го стави баш на крајот..
Тоа е дечки, ова беше и донекаде очекувано. Колку и да сме добри, не можеме да се мериме со европски прваци. Мислам дека дури и во првите 45 мин. ни попуштија да се порадуваме, за потоа загубата да ни ја плеснат в лице. Во секој случај нашиве беа одлични, па и Кире и Филип се активираа што ме зачуди многу.
Глупости Добро ни одеше во првото полувреме, додека Борко бранеше, Откако го оставија оној другиот Митревски не е*аа Мутав ни еден стои пред голот и ја пушта топката внатре пу брее. Приметив дека другите, послабите голмани ги ставаат во прво полувреме а појаките во второ, а овој Шундовски, шутрак еден се обратно прави А да и сега што ќе биде? Се враќат назад или продолжуваат со игра
И такаааа ..... Моите претчувства ме излажаа ... (не дека ми пречи тоа многу ) Од двете зла, за нас помалото Се на се, мислам дека нашиве ок беа, (не велам добри, туку ок) Сепак малце тактички мислам дека беше стаен Митревски на голот на крајот (нели „ненамерно“ да изгубиме). Али автоголот, кога му се одби топката од глава ... Е тоа беше гол на натпреварот Кире-Што се дешава бе брат со тебе и твоите седмерци? Како и да е, можевме лани да и парираме на Германија цела утакмица-можеме и сега. Оф-топик: Културно го замолувам Грујо утре да организира еден лет за Барселона за навивачите. Па сакаме и ние да ја почувствуваме атмосферата таму
Продолжуваме понатака ... во недела, втора фаза, со Германија. Ако изгубат тогаш - тоа ќе биде крај, затоа што се игра само по една утакмица во втора фаза
Затоа што е најјак шутер во цела екипа, и плус лидер. Барем затоа мислам дека е.. А за натпреваров, секоја им чест на момците! Сите до еден, најкасно до два, беа одлични! И одбраните на Борко наш, и шутевите на тимот, браво, браво! И во ред ми е поразот, мада би се радувала на победа, што знам.. Барем ми е мило што нема да играме со Франција.
Се покажаа многу добро во првото полувреме се до 20тата минута во второто, фактички добро се држевме до 50та минута, ама после попуштивме, некако како да ни беше сеедно, играта се стиши и престанавме да се бориме, Кирил промаши 2 пенала, направивме ситни грешки и тоа е тоа, тие го казнија тоа. Не можеме да ги обвинуваме трењерот и Митревски за поразов, но се гледаше дека фалеа и Борко и Стоилов. Не си одиме дома, ќе играме со Германија, а ако победевме ќе игравме со Франција. Тоа е тоа, да се надеваме сега на победа со Германија и да покажеме уште подобра игра од таа на прво полувреме.
Пораз од Данска. Изгледа нив повеќе им одговара да играат со Франција одколку со Германија Сепак подобро е за нас. Да ја победеме Франција шансите се мали но имаме шанси со Германија. На европско ако ни го признаеа последниот гол ќе бидевме нерешено. Сепак имаме поголеми шанси со Германија. Како и да е НИШТО НЕ Е ЗАВРШЕНО И НИШТО НЕ СЕ ЗНАЕ
Bas mi e zal (ne sakam pak da placam).... Ama mozebi e podobro vaka... Kje ja izbegnime golemata Francija
Јас мислам дека само заради тоа што сакавме да играме со Германија заради сето тоа беше поразот. Иначе нема шанси толку да падне играта баш на крај на утакмица. Се на се задоволна,прекрасна игра имавме, Хансен не се виде цела утакмица , добро освен кога го исклучија 2 мин . Како и да е, иако ми е тешко да верувам дека после тоа што Германија ја победи Франција ќе ги тепаме, ама да се надеваме.
Македонската јавност не гледа ракомет од кога нашите почнаа да победуваат на првенствата! Добро знаеме кои се Франција,олимписки и светски шампиони. И секој кој барем малце има познавања од ракомет знае дека мораше по секоја цена да се одбегне Франција како противник! Факт! Игравме за пораз,или евентуално нерешено,не за победа! Ви се допаѓало тоа на вас или не.... Марковски поголема минутажа од порано,Митревски на голот иако Борко имаше страшен процент на одбрана,ефтини технички грешки..тактика! Конкретно за пеналите на Кире,дај бе љуѓе од авион се гледаше дека намерно промаши.Па шутираше во телото на голманот... Германциве,рака на срце не ја гледав уткамицава со Франција (освен некои 10тина минутки) и можам да кажам дека не беа толку јаки колку што Франција играше лошо(ова 'лошо' не го сфаќајте буквално,мислам за разлика од одличните партии што ги прикажува на X утакмици,овојпат 'бледа' игра). Нејсе,во одбрана играат многу насилно...германски менталитет Во недела Швабите мора да паднат!
Читам коментари, и луѓе, добро, до толку не гледате дека во последните минути намерно промашуваа и намерно го стави Митревски на гол за да изгубиме? Се` беше стратешки направено. Не е до толку Шундевски да направи со Франција да играме, зашто немаме апсолутно никакви шанси со неа (Не дека со Германија имаме некои големи, али ипак) Заборавате лани дека за влакно ни избега победата? Додуше, боље ќе беше нерешено, али ај. Уф колку ми е мерак Исланѓанине грди што ги добија Французите, има попара да стане од нив.
хах Данска сепак ги изневери Исланд им ја даде Франција Инаку за играта.. Данциве никаде ги немаше за разлика од предходните натпревари.. прво полувреме играше со втора постава.. Грин како да нее врвен голман.. се се испомеша.. Манасков.. Што му стана бе една да погодеше!! Се гледа дека се избегнуваше Франција..И на крај исклучувањето беше толку безпотребно и намерно! Се знаеше дека овој меч ќе биде таков.. Инаку изненадена сум од играта на Германија.. Толку се посилни, побрзи, поснаодливи од минатата година.. Се подобриле и тоа како.. И ние се подобривме ама они се Германците во оваа ситуација! И тоа голманот.. лелее ќе си имаме проблеми! Но сепак јас сум оптимист во душа!! И Имам надеж малце Сеа едвај чекам да дојде недела !!! Сепак имаат игра слична на нашата и тоа го приметив.. дај боже тоа да излезе во наша полза !
Зошто сте толку сигурни дека намерно промаршуваа? Од каде ќе знаеме 100% за тоа, освен ако не признаат самите? Се случува и да се промаши и несакајќи, плус Стоилов во изјавата кажа дека ќеф им е да ги победат за да им вратат од 2011 година, па по таа логика не требаше намерно да промаршуваат. Ама не е исклучена и можноста намерно да изгубивме, како и да е, Германија не ни бега и треба да ја покажеме големината која ја имаме.