За сите што калкyлираа, сакаа Германија, ЕВЕ ИМ Германија// Дyри и сyдиите yвидоа дека на никој не мy се играше, па наградата за најдобар играч на натпреварот мy ја даде на тренерот на Данска)) нејсе... Со Германија ќе остават СРЦЕ НА ТЕРЕН))) А плyс тоа, кога имаме некој Православен Празник, Нашиве посебно добро играат...
А доказ за тоа? Зошто самите промаршувања не се доволен доказ според мене, можеа да се случат и ненамерно
^^^Доказ е тоа што Ристовски не бранеше последните 20 минути од натпреварот,иако беше одличен денес,и Лазаров не играше последните неколку минути
Се согласувам со коментарот над мене, и ќе се надоврзам: Шундо го шибна Димовски, Ѓоргиевски, Левов и Митревски. Ако стварно сакаше да победиме ќе го ставеше Стоилов, тој знаеше како да изнуди пенал за нас и исклучување за противникот. И повеќе место правеше, па имавме позиција за шут. Ама откако ги стави овие горенаведените играта се отупави ептен.
Сфатив дека намерно или ненамерно изгубивме, и дека заради тоа ќе се игра со Германија во недела.Не ми е јасно зошто мислите дека Германците ќе бидат полесни за победување отколку Французите?Да, Франција има многу јак тим и четири победи во историјата на светски шампионат во ракомет.Ок е тоа, ама и Германците се јаки.Имаат три победи на светско.Како и да е, во недела ќе изгубиме, со Франција или со Германија, нема голема разлика
Ајде сега... ќе се тешиме. Ружи ни цветаат. Прво рековме ќе ни попуштаат, не им била битна утакмицата. После рековме ќе не заебат, за да ја избегнеме Франција. А што ќе речевме, ако Франција ја победеше Германија? Намерно изгубивме, затоа што повеќе ни одговара, да играме во 4 саат поручек. Во 8 е многу касно и ќе треба многу да чекаме. Мое мислење.
И сега ? Значи намерно македонциве промашувале , за да ја избегнат ГОЛЕМАТА И ЈАКА Франција нц нц нц нели и ние бевме големи во срцето бе ? што се случи од Франција се испалишја овие? .Ако Вашите ,,јунаци'' биле толку јаки како што кажуваат по ова рекламите(а и вие како што кажувате) и толку сигурни во себе зошто да не играат и против Франција ПА НИЕ ИМАМЕ ГОЛЕМО СРЦЕ ИАКО СМЕ МАЛИ НА КАРТА....абе ајдеее ..... Инаку што се случи со ovoj Ulrik (тренерот на Данците ) скоро ич не го пушти Хансен да игра или мене така ми се причинило...
Кој што сака нека го каже спротивното, но очигледно се одеше на пораз отколку на победа,дури и самиот Борко Ристовски (некаде прочитав изјава негова)признава дека прв пат се радува на пораз
Лазаров излезе и се среди малку играта. Не знам зошто со него олку форсираат, и Мојсоски, ко сите репрезентации ги знаат нив и само фластери им се лепат. Сите знаеме дека се одлични играчи. Ама такви имаме многу. Ги штедиме или што е финтава? Не е то то. Ај сеа ќе ги правдаме, сакале да изгубат, ова она. Пред утаквимацава не беше "АБЕЕ ДАНСКА ВЕ РУШИМЕЕЕ!!" ?? Како не. Требало да ја гледате утакмицата Германија против Франција, па после да видам колкава радост е што сме изгубиле.
Кој од нашиве ја доби наградата за играч на натпреварот ? Оф луѓе мора да ги тепаме швабите, тие се како коњи во одбрана ќе ги осакатат нашиве. Мора да си ја подобриме одбраната.
Што е важно дали намерно или ненамерно изгубивме? Што е важно дали следни се Франција или Германија? Битно е дека дечкиве се трудат и сакаат да дадат се од себе. Калкулациите секогаш се прават, но не секогаш желбите се остваруваат. Што и да биде во недела јас ќе бидам горди со дечките. Сите беа екстра, борбени, храбри и не потклекнаа пред силата на противниците. :up: Еве нешто што прочитав: „Германската ракометна селекција има одредена смена на генерации, што можеби е најголемата причина нашите ракометари повеќе ја посакуваа неа во осминафиналето, отколку олимпискиот шампион Франција. Бековите Ларс Кауфман, Холгер Гландорф и Паскал Хенс, како и одличното десно крило Уве Генсхајмер не се во составот на Германија, во споредба со мечот одигран минатата година во Ниш, кој Германците го добија со 24:23. Кауфман воедно беше предводник во победата на Германија со 6 погодоци од 11 обиди, Гландорф постигна 2 од 4, додека Генсхајмер 3 од 7. Паскал Хенс не блескаше на тоа ЕП, но сите добро знаат со какви квалитети располага тој. Иако Германија на Мундијалот во Шпанија е без изразит шутер, сепак дисциплината која вчера Германците ја покажаа на дуелот со Франција покажува дека отсуството на овие ракометари знаат како да се надополни. Но, дека тие не се непобедливи најдобро покажува нивниот пораз од Тунис во групната фаза со 25:23, па можеби токму поради ова нашите ракометари ја посакуваа Германија во осминафиналето.“ Спојлер превземено од www.kurir.mk Да се надеваме дека овие факти, а и тоа дека и утре е голем христијански празник ќе им ја даде на нашите момци потребната сила да издржат пред овој предизвик.
Абе луѓе нормално беше дека ќе одат на пораз после победата на Германија. Па три дена, можеби и повеќе, се труби на телевизија дека сакаат да ја избегнат Франција ееј. Ама што ќе беше ако Франција победеше? Е тогаш ќе гледавме како и срцето го оставаат на теренот. Сме биле храбри? Да, храбри сме. Сме биле јаки? Да, јаки сме. Сакаме победи? Да, сакаме. Ама и од месечината се гледаше дека одевме на пораз. Данците ги гледавте како промашуваат? Пред голот како муви без глави беа. Четири одбрани за 4 минути и ниту еден гол за Борко Ристовски? Па како нема да се случи ова, кога ударите на Данците беа смешни. Мораа да глумат дека играат, мораа. Во спротивно, можеа да добијат и казна. И да бидеме реални, подобро Германија, отколку Франција. Го гледав натпреварот меѓу Германија и Франција вчера, ама го гледав и ланскиот меѓу Германија и Македонија. Како победи лани Германија, се сеќавате?
Секако дека не го пушти Хансен мислам која е логиката Хансен да игра утакмица која ама ич не им е битна.. Ја гледав утакмицата и воопшто не сум среќна што изгубивме.. Затоа што исто е дали ќе играме со Германија или Франција двете репрезентации играат врвен ракомет.. Така да победа повеќе ни одговараше заради одмаздата од минатата година.. Џабе изгубивме кога е исто! Според мене Спојлер Инаку според вас кој би сакале да земе медал? Јас искрено од другите две групи фаворит ми е Србија, а од нашите никој (освен Македонија секако ) ..И Србија би сакала да се пласира понатаму! Може заради Станич највеќе .. Но сепак Србија е силна репрезентација и така
Морам да го кажам ова: Нашите вчера патувале 10 часа од Севиља до Барселона, и стигнале дури во 19:30 На www.kurir.mk има слики и од данската репрезентација како спијат во чекални. Поради временските услови биле пресечени некои патни правци. Поради заморот и неможноста да одржат тренинг, РФМ побарала преместување на денешниот натпревар со Германија за утре. Но, ЕХФ кажала дека нема шанси тоа да се направи поради непостоење на таков член во договорот и поради веќе склучениот договор со телевизиските куќи кои го даваат преносот. А за информација, Германците таму си биле и сместени и одморени и уиграни и се. Така, нашите момци, иако вчера цел ден го поминале по автобуси, чекални и возови, денес со гордо крената глава ќе и се спротивстават на големата Германија. Верувам дека заморот и нервозите од вчерашниот ден ќе бидат заборавени и достоинствено ќе ја претстават нашата ни мила и мала Македонија. Браво, момци! Цела Македонија попладнево е со вас!
Србија НЕ е силна репрезентација! Србија е силна САМО поради Станиќ. Тој е единствен во тимот кој придонесува за победа на секој натпревар. Да го немаа него, ќе испаднеа. И мене ми се фаворити после нашите, тоа секако, ама реално само Станиќ вреди од нивната репрезентација. Edit: Едно реплицирање на ова мислењето пред мене. Добро бе, ќе ве убие да бидете барем малце позитивни? Зошто ги потценувате? Јас тука не гледам поддршка. Јас во ова „Сакам да победиме, ама ќе изгубиме.“ не гледам позитивен дух, не гледам поддршка кон нашата репрезентација. Вие значи гледате ракомет, само колку да видите дека ќе изгубат. Односно се надевате дека ќе изгубат. Наместо да велите дека србите имале јака репрезентација, застанете за момент и убедете се во тоа дека ние имаме дупло појака репрезентација од нивната или која било друга на првенството. Нема да боли, ветувам. Па да беа слаби, немаше Кире да е во топ три најдобри стрелци на првенството. А, јас воопшто не се сомневам дека ако продолжиме напред ќе биде и прв, повторно. Јас никогаш нема да престанам да ги бодрам. Нашите момци се јаки, можеби и најјаки од сите таму, вредат и што и да се случи секогаш ќе ги бодрам. Напред момци.