Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска ракометна репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 6 јануари 2012.

  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Јас серизоно мислам дека Шундо редно е да даде оставка, и да почне да одгледува цвеќиња!
     
    На mileystar, DeMelo и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  2. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    И сега што следува?
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    така е....а не на тајм аут вели СЕ БОРИМЕ ДО КРАЈ hellooooo кој селектор/тренер тоа го кажува бе на ваков важен натпревар.

    Видете го германецот за свој жолт картон се нервира како да е крај на светот а не па за нешто друго.
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DramaQueen1

    DramaQueen1 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    156
    И сега ќе се вратиме дома?
     
  5. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Рогиш мамето твое,рогови да ти пораснат стоко една :devil:

    Дефинитивно можевме и боље да играме,ама тоа ти е. :@
     
  6. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Знаев дека ке растурат Германицве.
    А можеме многу повеке, не дека не.
    Имаме доста добри индивидуалци.
    Само ни фали добра стратегија, односно добар слектор.
    Некој како Марин што беше на кошаркарите.
    Што ке им влее стравопочит, даде сила, ги стегни кога треба.

    А што готово не одиме понатаму?

    И да, на Манасков ми предстои блескава кариера, јас си мислев го форсираат ради татко му, но не детево блеска.
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Толку, завршивме!

    Абе ракометарите реално можат многу повеќе, само нема кој да ги води!
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    е незнам дали играме за некое од послебите места
     
  9. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Нема ојње, трчање до крај. :rofl:

    Јас сериозно мислам дека голема грешка беше што не го заменија Борко. Мислам човеков беше што би рекол татко ми, ко сообраќаец. Само павташе ко изгубен во просторот со рацете. И овој Шундовски кога гледа дека не му иде, нека го замени. Тој земал на последните минути го става Митревски кога губиме со 8 разлика, абе ајде.|(
     
  10. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Јас ич не го сакам тој Шундо.
    Човекот е крив за секој пораз на нашите ракометари.
    Нема ама баш никаква техника, план или добар совет.
    Убаво беше лани кога запнаа Лино Червар да им е селектор, ама заради одредени јаки играчи не го зедоа.
    Имаше да ги дисциплинира сите до еден.
    Мислам, видете ја играта на Металург и споредете ја со оваа на репрезентацијата - добро тактизирана игра во споредба со детска брканица.
    Чија кривица? - На Шундо и само на Шундо.
    Врска си нема човекот, бе.

    Зошто не го остави Гоце да игра во второ полувреме?
    Најдобар играч беше во првото.
    Или, зошто не го стави Никола да брани во второ полувреме?
    Борко само еден натпревар бранеше како што треба, во сите останати ако не беше Никола тука, готови ќе бевме.
    Никола сите гола на крајов им ги одбрана, а Борко на среќа ги бранеше сите, па и тој во глава што му го ѕвекнаа.
    Да напоменам дека и на претходните натпревари ги правеше истиве грешки со други играчи кои се докажуваа како најдобри, пример Филип Лазаров пред два-три натпревари.
    Играше едното полувреме, во другото го снема и не стигнаа.
    Епа, ќе не стигнат, кога немаме ни план, ни тактика, ни ништо.

    Сум слушнала муабети за Шундо дека бил многу старомоден, т.е. упорно се држи до старите и сигурни играчи, а не им дава никаква шанса на новите.
    Манасков е илјада пати подобар од лани и само него од младиве го проигруваше повеќе, ама во последниве два натпревари и тој многу грешеше.
    Време е тренеров да се менува, доста му беше, врска нема.

    Кажете ми сега, си одиме дома или уште ќе играме?
    Не ми е јасно ова, се` уште.
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сноу толку е, сега истите постапки, преквалификации, па после две год ако успееме да дојдеме пак до ова..

    http://on.net.mk/sportal/rakomet/osmina ... en-dostrel

    Надежите дека нашите најдобри ракометари можат до ново изненадување во осминафиналето на Светското првенство денеска беа разбиени од страна на Германија, која го демонстрираше својот квалитет во победата од 28:23.
    Како што се најавуваше и пред овој натпревар, одбраната беше таа која го одлучи победникот. Во овој случај тaа на Германија, која не им дозволи на нашите ракометари да се разиграат и ги натера да се намачат за да дојдат до своите конечни 23 погодоци.
    Од самиот старт на првото осминафинале на ова СП стана јасно која селекција е подобро подготвена и поквалитетна откако Германците поведоа со 4:0 по првите седум и пол минути игра. Таа предност од четири голови тие ја одржаа до полувремето, кое го добија со 13:9, по што во првите шест минути од вториот дел изградија предност од 17:11.
    Во следните шест минути нашата селекција веројатно го имаше и најдобриот период на овој натпревар намалувајќи го водството на противникот на 18:16 преку Дејан Манасков во 42. минута.
    Сепак, една нереализирана контра за намалување на дефицитот на минус еден беше експресно казнето од Германците со серија од 3:0 за 21:16 по што нашите ракометари веќе не беа во игра за поволен резултат. Новата серија на противникот од 4:0 им носи водство од 26:18, кои до крајот избраниците на Шундовски само ги намалија на конечни 28:23.
    Најефикасен во редовите на нашата селекција со осум голови беше Кире Лазаров, а по три погодоци постигнаа Манасков, Филип Лазаров и Наумче Мојсовски.
    Штефан Кнер со пет, Патрик Винцек и Кевин Шмид со по четири голови беа најефикасни кај Германците, кои со овој триумф станаа првата репрезентација која обезбедила место во четвртфиналето на СП во Шпанија.
     
  12. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Дома си одиме мислам дека.
     
  13. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    И сега ? Толку ? Дома си одиме ? :o Ахх бре ...штета ;(

    :devil: :clap: :rock: :party: :dance:
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Шундо под итно да даде оставка...инаку џабе е силата и талентот на спортистиве кога немаат лидер да ги води.
     
  15. la.parisienne

    la.parisienne Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    172
    Најголем проблем во нашава селекција е Шундовски.

    Го повторувам коментаторот Игор Трпески, кога во нашата репрезентација ќе дојде друг стратег, кој навистина ќе знае како да ја тактизира играта и кој нема само да кажува: „Клавајте поќе голој!“, Без технички грешки!“ и „Дечки вака, Кире збори!“ - е, дури тогаш нашите ракометари би го покажале она што знаат и умеат најдобро.

    Оваа игра стана прелесна и премногу предвлидлива и очигледно секоја друга репрезентација против која играме веќе ја знае напамет.

    Срамот за слабата игра нека го бери Шундовски. Сите знаеме дека нашите ракометари имаат квалитет и дека можат многу, многу подобро!

    Секоја чест за Борко. Повторно се докажа! :clap:
     
    На malechkata и nati44 им се допаѓа ова.
  16. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    За жал завршивме :(
    Добро е и до тука што стигнавме. :) 8)
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Е кој им е крив бе шо не се водеа по стратегијата на Шундо да клаваат појќе голој од нив? :lol:
     
  18. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Србите имаат уште еден или двајца одлични играчи после Станич.. и некои од рангот на Ѓоргиевски.. Што заедно можат да ја совладат и Шпанија.. Зошто не се покажа баш против Хрватска како шо сите очекувавме! (барем јас)

    Лелеле Шундо не го поднесувам.. Самата фаца ме нервира :@ :@ Додека повеќе пати кажа АЈМО од каква било тактика за игра, Германецот со 6 разлика неможе да се доискаже ... Под итно да се менува.. Ова е срамота.. Играчите треба да се
    улави
    да не сватат и тие дека вака не оди! Со ваков тим и вакви играчи и некој добар тренер.. Никој не ќе не стигне!

    Инаку не сфаќам зошто сите го обвинуваат Манасков за поразот!! Што сакаат тие од човек на 20 години, без искуство кој да не кажам со неговите 6 гола на натпревар не однесе до таму, да не извади од безизлена ситуација? Не сакам и јас да барам виновници, но Мојсовски на првенството покажа десетпати послаба игра од Манасков.. што го препишувам на повредата и заморот од Металург но сепак е очигледно дека не се прослави! Исто и миркуловски! :!:

    Ништо толку од мене овојпат :*

    Не е смешно туку жално! :x
     
  19. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Lele Shundo...abe koj te pustil tebe da se zanimavas so sport,pa uste i selektor na reprezentacija da si! DA NE E SMESEN BI BIL TRAGICEN. SMENA POD ITNO, LINO ZA SELEKTOR!
     
  20. littlemonster147

    littlemonster147 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Mожевме многу многу подобро и можевме да отидеме многу далеку. Едноставно многу грешки правеме :| Сепак готово заврши се за нас.
    Да се надеваме за неколку години дека ќе стигнеме далеку :)
    Инаку кој мислете дека ќе победи на СП? :)