Беше што беше, Шундо да лета од позиција, сега спремајте се за навивање и поддршка на кошаркарите во септември. Одлични се момците, ќе имаме други шанси, само Шундо да го нема. Јас останувам верен фан на 22-ката од ракометарите.
Тоа е, што е... Мислам дека беше јасно уште во првите 7 минути, кога едвај дадовме гол. Додуша, јас почнав да славам победа, кога стигнавме до 2 негатива. Ама бидна што бидна... Ама така е кај нас, или на крајот ќе зафркнеме, или пак ќе го разбиеме малерот. Еве денес, ќе го пофалам Кире. А и Филип. Леле, па и пикерите не можеа да мрднат од нив. Добра им беше одбраната. Па и судииве на моменти ме нервираа, ама ај... Догодина има европско, или? Едит: Да, догодина европско, во Данска.
Малку повеќе задоцни со смената на голманите. Филип Лазаров дефинитивно требаше да добие поголема минутажа, ама тоа е што е. Иако потајно и јас се надевав на победа после оние два гола разлика, сепак тоа е што е. Ајде догодина со нови сили во нови победи. Можеме ние и подобро, секогаш можеме подобро.
http://www.kurir.mk/sport/rakomet/10022 ... -od-svinji Катастрофа! Не му доликува на ракометар кој се пласира во четвртфиналето. Лошо!
Овој изгледа зборува за нивната репрезентација.. Луѓе како само се бутаа меѓу нашите за тие да неможат да видат ништо.. Го фати намерно Кире за врат.. па после со топката во лицето на Борко!! И после ние сме биле свињи!! срамотааа!!
лошо го превеле после овој коментар уште повеќе ги мразам. да даде гопод со 20 разлика да загубат нареден натпревар. свиња.
Идиоти уххх кретени од луѓе се бреееј. И он себеси си се нарекува спортист?...после ваков коментар јок.
Убаво кажа новинарот кој ги води спортските вести на Канал 5: „Македонија сега има 2 милиони селектори!“ Добро бре луѓе. Што толку сте запнале Шундовски е крив. Фали уште некоја да пише дека Грујо или Бранко се криви! цццц Божем тренерот ја креира играта. Секој момент се менува ситуацијата. Тие на терен се оние кои ја тактизираат играта. Ниту еден чекор на еден играч или силата на неговиот удар не може да се процени, па да кажеме: „Шундовски не ја процени добро играта. Он е крив.“ Зошто мора секогаш да се бараат виновници? Зошто тоа мора па да биде само една личност? Нели тимот се бодри и кога победува и кога губи? А и тренерот е дел од тимот. Првите утакмици беше зошто Митревски, сега читам зошто Борко? Искрено според мене ниту Шундовски, ниту Кире, ниту Борко не се криви. Едноставно, Германците имаат појак, поискусен тим. Имаат лига од која се тресе цел свет. И јас сакав победа, и се надевав на истата, ама иако не го добив тоа што го сакам стојам зад момциве. (зад сите) И да изгубеа со 20 гола разлика пак утре да ја имав таа шанса да видам некој од нив (па и тренерот) ќе му кажев: „Браво. Супер бевте.“ Али тоа е балкански (читај:македонски) менталитет. Секогаш кога има негативен исход од нешто, одма сите сме стручњаци. Одма сите ги наоѓаме грешките, а забораваме на плусови. Тие што ги величевме во Србија, сега ќе ги плукаме.
^никој не рече дека не ги бодриме, браво за момците.....ама точно сите тие 2 милиони "селктори" сигурно ќе воочеа и ќе дадеа 100 пати подобар совети од шундо, кој вели: 1 реченица х2 обавезно од што незнае што да каже ајде ајде после 10 секунди ( а другине од спротивна страна зборат додека не чујат свирче) на нашион му треба некој да му викне од трибина за да побара тајм аут (од спротивната екипа водат со 4, добиваат 2 гола и одма тајм аут) нашион на крај вели: одиме до крај - ејјј има ли памет тој, е не ќе си седнат на паркетон и ајварче со сиренце ќе јадат, тоа ли е тактика. и мн. други работи кои сите ги знаеме да не се лажеме. И па ќе речам; Шундо е крив 60/70%
Како може да велите Шундо не е крив?! Јас се обидувам да разберам,ги прекледувам сите факти,еднаш па вторпат и не,НЕ можам да ве разберам... Би се повторила:Имаме доволно квалитет да 'газиме' се пред себе,ама тренерот е најголем хендикеп за македонската ракометната репрезентација.Факт! Немаме никаква идеа за напад,а овој на тајмаут им вели 'Ајмо момци'...побого човече кој тренер им го вели тоа на ракометарите на уткамица на која губат со +6...нема тактика брате,играјте како знаете. Друго, како можеше сите да видат дека Наумче игра катастрофа и дека треба да седне на клупа само Шундо не можеше . Уште нешто-зошто нашава нација не може да сфати дека има разлика од плукање и критика?! Мм?
Значи никој не вели дека нашите ракометари се лоши, напротив имаат таков потенцијал кој мора да се искористи и да се пренасочи некако, нас ни треба тактичар кој ќе знае како да ги доведе до посакуваната кондиција, и кој ќе знае да готви стратегии, кои ќе не наочат да се соочиме со портивници, а не да се губиме, ракометарите дадоа се, ти се супер но не и тренерот! И многу ми е дебилно реагирањето за голманов, факт е дека е он имбецил, ама што ако е бре геј? Што мислите дека него го засега што некое македонче мисли за неговата сексуалност, која е нормално прифатена во неговата земја и тој сосема нормално си го води живото? Сега паднавме на ниво ко него, само што он да ко единка ние ко народ, глупости!!!
Баш спротивно! Ние ги бодриме!! И Ако ги видам секако дека ќе им кажам дека беа супер!! Зашто беа супер!! Со таков тренер беа и повеќе од супер.. За мене тие се истите од кога беа во Србија дури и подобри, поискусни! И би направиле мноогу повеќе со друг тренер тоа ФАКТ.. Ги гледаме момците како играат за Металург и Вардар! Зошто не можат и тука да играат исто? Јас неможам да најдам друга причина освен тренерот! Никој друг не е крив за толку деконцентрираната игра на момците.. Па неможат да се усогласат, не знаат што да прават.. Секој игра како што знае и настанува збрка, тоа е зашто немаат заедничка тактика! (Јас така гледам на целата оваа ситуација! Поздравче ) Ајде сега да навиваме за Франција! Нека ги соборат овие од Исланд заедно со антипатичниот голман
можеа да ја победат Данска, а не да местат намерен пораз за да играат со "послаба" репрезентација...ќе можеа поштено да си изгубат од Франција, која нели сите ја знаат како ептен јака репрезентација а сега имаат етикета дека изгубиле од репрезентацијата на Германија која ја сметаа за слаба....
Едно прашање: за Европско следната година треба да одиме на квалификации или веќе сме квалификувани поради местото кое го освоивме лани во Србија?