Нашата репрезентација реално освои таков успех колку што имаше капацитет.Дечките ќе беа многу подобри да имаа подобра организација од страна на селекторот.Фалеа Мојсовски и Миркуловски во својата препознатлива форма,а требаше поголема минутажа да добијат Гоце Ѓоргиевски и Стојанче Стоилов.Овде пред се е и старата болка суетата односно неземањето на Раде Стојановиќ од причина која што ја знаеме сите.И крилата кои што и овај,како и секој претходен натпревар имаа многу мала шанса за да се поокажат во своето вистинско светло.Јасно е дека додека Шундовски ја има селекторската позиција не ни се пишува добро во ракометот. Инаку за тоа дали се пласиравме дирек во Европско првенство идната година?-Мислам дека треба да играме бараж.
Нашите прееска покажаа дека сепак не е целата вина во нив. Колку и да не ја гледав вината во тренерот, сепак кога гледам дека нашите момци се квалитетни како индивуди и колку можат да постигнат само со поорганизирани совети и тактики ми паѓа жал што немавме подобар тренер. Требаше да се одигра овој натпревар за на тајм аутот да сфатам како Шундовски бил една од главните причини што ние губиме. Мислам онакви совети да дадеш на клучен натпревар како да ти е сеедно, поарни сам дај си оставка. Тоа е тоа, имаме квалитетни играчи, само треба да се знае како да се извлече квалитетното и најдоброто од нив, а тоа за жал не успеаа да го направат на ова првенство.
Јас не гледав, не можам оти знам дека ќе се изнервирам, еве читам дека пак нешто не ни оди, а и такви изјави од странци, да навистина вреди некогаш нашиве да ги средат.Веќе позната е политикава на странциве, што веќе со нивните победи, досадни станаа, едни те исти постојано, исто како на Евровизија, едни исти се пласираат, победуваат.Ами ако е така сите луѓе во светов исто да размислуваат и што ќе биде? Затоа не ми се гледа, оти се нервирам, разбирам дека може и ние да згрешиме, ама пак постојано странцине да победуваат, иако грешки знаат да прават, не разбирам, тука нешто не штима.Незнам до кога вака ќе се лажат, нели приметуваат дека се провидни нивните тактики на игра? Па и нашиве, наместо да им обезбедат сигурен пат до онаму каде треба да се натпреваруваат, уште толку душа им вадат и после како нашиве ќе имаат сила за натпревар? И од она што нашите кошаркари го направија, тоа нема да го заборавам, страв и трепет беа, странцине никаде ги немаше, никаде, плачеа од нашиве, секоја им чест на нашиве, алал да им е, не велам дека и ракометарите се лоши, нормално е да се направи грешка.Од една страна, мислам дека и странците знаат дека нашиве им се страв и трепет, само имаат силна потпора, да ја немаше, се сомневам дека ќе беа толку силни, па дури и со нивните физички пресметки кои ги прават на терен, како демек демонстрација на нивната сила и моќ Се надевам ќе биде подобро за нас некогаш.Не секогаш некои работи остануваат непроменети.
Јас не кажувам ништо освен што му се .Тие се наши момци и секогаш ќе ги бодрам и ќе му давам поддршка,без разлика дали победиле или губеле. Само сметам дека Шундо требаше да го стави Марковски малце да побрани,а не тој го става последните 2 минути,и тогаш мислам му одбрани 2 гола Требаше барем во средината на 2рото полувреме да го стави се знаеше дека ќе губиме вака можеби ќе имаше шанси барем да не бидиме голема разлика во резултатите оти прекрасно брани дечкиот
"Клајте гол, да нема технички грешки, можеме да ги стигнеме" тоа ли го вика селектор на тајм-аут? Ако реплицира некој дека не е негова вина ќе го пукам жими се. Нема потреба некој да гледа утакмици по 80 пати како Мурињо, доволно е да види 2-3 наши натпревари и ќе ни ја прочита тактиката. На сите натпревари од репрезентација се форсира Кире кој нема дилема - е врвен играч, ама е крајно себичен НЕтимски играч и очигледно го нема тоа што му треба за да не однесе до победа; Златко и Наумче, wtf?! Тука ги немаат соиграчите од Металург и очајно е да гледаш човече од 185цм како се бутка меѓу ракометари од 2метра. За Миркуловски не ни требаше да има место на паркетот. Единствен хајлајт ми се Стоилов, Филип Лазаров и Гоце. :up: Мислам дека конечно е време тие од федерација да преземат нешто и конечно претпоставените да одговараат за своите постапки. И подитно да се сменат размислувањата од типот "добро е што стигнавме и до овде". Што е добро, едни мизерни 2 победи против Катар и Чиле што не играле ракомет во живот? Летавме во облаци ама по втор пат веќе силно удираме на земја.
Не сум од тие што глумат експерти,ама овој пат морам да прокоментирам. Криво ми е зошто можевме да бидеме подобри,ама ќорави ли се незнам што е работава.Овој Шундовски треба да се беси на плоштад.Идиот ! Ќутев цело време,не коментирав си викам ќе му текне ДЕКА УТАКМИЦА СО ЕДЕН ГОЛМАН НЕ СЕ ИГРА ! Вика тајм аут за да им каже борба до крај,ајмо ! Па нели гледаш бе дека крила не играат,муабет да не правиме за уште 300 други глупости што ги прават.Пола саат топка подаваат.Германциве мислиш летаат од што се брзи. Борко не го плукам зошто кога брани,брани.А и многу зависи какви топки му пуштаат.Само незнам што глумеше мангуп кога го одбрани пеналот,а 200 гола прими.
Јас мислам дека треба да бидеме горди на нив. Гледате колку беа борбени. Па ги претепаа буквално, физички. Плус и судиите што ни прават.
Многу дивјачки се игра , многу тепање , влечење , буткање , веке дури не ми се гледа , ги изнатепаа нашиве . Ллеле германците коа ги гледав некни , абе тоа не беше ракомет - рагби е тоа Да не има толку агресивни игри нашиве типци подалеку ке отидат Малце се и бавни , коа ке постгнат гол додека да се изнарадуват противникот веке им возвратил и + тоа не смеат ич да ги пипнат противниците пошто одма има удар од 7 метри или исклучување . Како и да е наши си се и ке си ги бодриме и сакаме до крај
Хајнветер: Не го разбравте значењето на Schweinebande. Искрено, мене не ме засега он дали е навистина педер... За тоа не осудувам. Ама кога се работи за некој што ме нервира, за мене е педер. Кога играат ракомет/кошарка, пред телевизорот кога седам, секогаш им велам педер. Првенствено на судијата, а после тоа сите други. Ако сака нека си има он и жена и деца, ама за мене е педер.
Заклучокот од Светсково Првенство е дека најважната работа е да се шутни и да се дај гол, а во одбраната да не се дозволи да се прими гол Дефинитивно , треба да размислам и јас да бидам тренер ова мн лесно било.
Оф кутри отепани репрезентативци наши, со ваков тренер мора самите да се учат да бидат тренери, да смислуваат акции, зашто црно им се пишува... Им се пиша, додуша. Германците, да, беа агресивни. Агресивни во напад, какви што треба да бидат, а и во одбрана, какви што нашиве воопшто не се. Каде се еден Ацо Јоноски и еден Велко Маркоски од европското во Србија? Тапа, тапа одбрана! Каде им отиде силата - не знам. Може Шундо ги демотивира, па снемале волја. Крилата: со кој памет зел три десни крила, а само едно лево?! И тоа левово крило е САМО ДЕТЕ. Да не бидам погрешно разбрана, многу ми се допаѓа како игра Манасков, еден од омилените во репрезентација ми е, струја е детето.... ама е премногу неискусен за да носи толкав товар. Да знаеш дека си единствениот на таа позиција во репрезентацијата не е мала работа. Сите сме свесни колку пати не реализираше шут, по моја претпоставка, од премногу возбуда и трема (малце од психолошка гледна точка). А и слабо ги играа крилата на мундијалов. Зошто - не ми е јасно. Темелков нижеше голови и голови на европското. Мојсо - тапа! Извини дечко, може бракот премногу ти годи, па си се олабавил. Прав тенк е, губи рамнотежа, 5 минути му требаат да стане, абе ми се чини Ванчо Димоски е поспретен од него! Муле! Кај што го спомнав Димоски... човекот е за в пензија. Дури е Стојанче во игра - одлична реализација на гол преку пикер. Епа зошто бе бате Шундо го ставаш Димоски. Нит има кондиција, а ми се чини ни сила нема колку Стоилов да ги издржи тие свињите од одбрана. Голманот Митревски има потенцијал и ќе го биде, има време, младо е детето, ама мислам дека сега засега Борко е за нијанса подобар. А и мислам дека требаше Диви да оди на местото од Митревски. Али, што е тука е. Со критики верувам завршив, па да кажам нели и неколку убави зборови: thumbs up за Гоце, за Филип Лазаров (дали конечно научи како се игра ракомет, zar je moguce?! мислев нема надеж за овој), и за Никола Маркоски. Киро да се спушти малку на земја; да сфати дека игра ракомет, а не тенис, да му текне нАли дека ракометот е колективна игра, и да биде пример за оние негови помлади соиграчи кои ги спомнав.
Ние веќе сме одиграле два квалификациони меча за Европското првенство во Данска што ќе се одржи наредната година. Сме играле на домашен терен со Швајцарија и сме победиле, а со Португалија сме играле кај нив и сме изгубиле со голема разлика. Во наша група е и Шпанија, со која немаме се` уште одиграно ниеден натпревар. Се игра еден натпревар на домашен терен, а друг на гости, значи со реванши. На табелава моментално сме втори, веднаш после Шпанија, имаме уште 4 натпревари за да се комплетира процесот на квалификации. Ама, едно не ми е јасно: Како бе сме изгубиле со толкава разлика од Португалија? Жими едно учество што имаат на светско во Јапонија и тоа пред 15 години. Се надевам дека на домашен терен ќе се покажат многу подобро нашиве. Ја прикачив сликата, ќе видите сами. Ние сме во првата група. И се надевам дека Шундо ќе лета што е можно побрзо. Читам статии на Курир деновиве и новинариве ептен запнале да има промена во РФМ. А, познавајќи ги новинариве во Македонија, не се сомневам дека ќе дотуркаат до крај со намерата. Имам еден коментар за некои од мислењата што ги читав овде. Зошто алудирате на пикер? Стојанче никаде го немаше на ова првенство, само на еден натпревар успеа да постигне неколку гола. Ако таа стратегија ни одеше лани во Србија, играта преку пикер, оваа година беше целосно прочитана од сите репрезентации со кои игравме. Кога и да се обидеа да му додадат топка на пикер, значи на кој било од пикерите, топката никако не доаѓаше во нивни раце, секогаш им ја одземаа. Па, Боже мој, на пикерот тројца играчи од спротивниот тим го чуваа, како не ќе му побегне топката? Додека пикерот беше окупиран од тројца, крилата си летаа слободно и чекаа шанса. Ама, тоа е, кога нема квалитетен стратег на место да го увиди тоа и да направи поинаква стратегија од ланската и веќе прочитана, ќе си летаат. Многу се радував кога неколку пати изведија цепелин, значи тоа секогаш им успева и треба малце повеќе да го извежбаат, баш тогаш и крилата доаѓаат на подем. Се направивме сите поголеми селектори и стратези од Шундо, ццц.