Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска ракометна репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 6 јануари 2012.

  1. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Еее супер за нашиве се сместија на eвропско првенство сега очекуваме резулати надевајќи се дека ќе се вратиме како шампиони и дека нашите ракометари ке си го остават срцето на терен <3 :muscle:
    :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • index.jpg
      index.jpg
      Големина на фајлот:
      11 KB
      Прегледи:
      231
  2. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Денеска ќе настапат:

    Голмани: Петар Ангелов и Борко Ристовски.

    Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски и Златко Мојсоски.

    Пикери: Стојанче Стоилов и Ванчо Димовски.

    Бекови: Аце Јоновски, Дејан Пецаковски, Велко Маркоски, Филип Миркуловски, Кирил Лазаров, Никола Стојчевски, Влатко Митков и Бранко Ангеловски.

    Натпреварот почнува во 20.30 часот, а ќе го водат судии од Германија, Ларс Гејпел и Маркус Хелбиг.
     
  3. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.408
    Допаѓања:
    22.649
    Пол:
    Женски
    Се сомневам дека ќе оствариме некој успех против екипата на Данска, тие се најголем фаворит на првенството.
    Ама не би било лошо да ја поминеме групната фаза, а за тоа ни треба победа против Чешка или Австрија.
    Напред момци!
     
  4. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Па можеби ќе ставиме 3-4 гола до крај :D
     
  5. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.745
    Допаѓања:
    3.577
    Пол:
    Женски
    Јас најчесто сум оптимист но денеска не сум баш сигурна дека ќе победиме,како шо тргнала работава 6-1..многу тешко.Во секој случај ја имаат мојата подршка.Напред Македонија!
     
  6. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Леле каков малер не прати значи не ми се верува. Се надевам второто полувреме ќе се среди малце работата.
     
  7. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Абе нема да ни дозволат Данска да ја победиме и да можеме, домаќин е нели :) Туку треба да си ја чуваат силата за Австрија и Чешка. Се надевам дека барем Чешка ќе ја победиме, таа ни е најголемата шанса. Австрија се покажа прееска како посилна, со голема разлика ги победи и цело време држеа разлика 7-8 гола, иако беа чесите фаворити.
     
  8. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Иако знам дека се јаки и домаќини Данска, а уште на тоа да се додаде и шампиони од последното првенство сепак има нешто што се вика надеж.Никако да се опуштам и да си ја гледам на раат и да си уживам, напротив скокам по соба, викам, бодрам како да е финале :lol:
     
  9. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа! Реален е исходот! Се надевам ќе ја намалат тремата,брзоплетите напади каде упорно се шутира без врска! Направија милион почетнички грешки кои ако сакаме да ја минеме групнава фаза мора да ги заборавиме! Ни фалат поискусни играчи,фали Наумче па дури и Филип...
    Се надевам ќе успееме бар Чешка да ја тепаме!
    пс. Ова Данциве бе шо народ ќе беа? Полна сала 15.000 а нигде ги нема,само плескаат со рацете безвеза...си замислувам Борис да е вака полн со наши! :lol:
     
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Браво за Борко, никогаш не разочарува!
    Подобро ќе беше, со Темелков наместо со Мојсовски, ама тоа е...
    Барем судиите беа таман. Уште тоа ќе ни фалеше, да не дорендаат.
     
  11. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    БОРКО!
    бравос бе човече машина си цц, ама џабе за кого?
    другиве со г`з не помрднаја.
     
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Дајте бе да ја ЖИВНЕМЕ темава! :rofl:
    Кажи нешто драга, па макар и лага! :D

    Порано колку пишувавме тука и во темата за кошаркарската репрезентација. :rofl:
    Ајде. Ќе ги тепаме Чешка и Австрија, кои и да идат на ред. Ќе ги мачкаме. :rofl:

    Очигледно е дека фалат многу репрезентативци. Ама добро се држиме. :rofl:
     
  13. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Ја мислам дека нашите влегоа во овој натпревар да изиграат еден тренинг зато не се напнуваа толку. Се знаеше од почеток дека нема никакви шанси Данска да ја победиме, нема да ни дозволат во никој случај. Мислам дека силата ја чуваат за Чешка и Австрија, т.е повеќе се надевам дека е така :)
     
  14. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Ако гледаме реално, нашиве не се баш спремни за Европсково, ама ич. Не ем бендиса како го организираа нападот, всушност па баш и немаше никаква организација. Се се сведуваше на Кире, чекаа тој да направи асистенција, празен простор, да шутни....
    Треба живост во нападот, многу ама многу помалку грешки. И незнам каде биле овие новиве двајца ракометари досега, баш убаво одиграа. За Миркуловски незнам што да пишам, за мене тој е се само ракометар не. Го бидува да напрај пробивање, некој прекршок и да одглуми нешто.
    Манасков, Кире и Борко најдобри.
    Инаку се знаеше дека против Данска немаме шанси, а исто мислам дека мали ни се шансите и со Австрија, барем шо гледам какви резултати имале со репрезентацииве на Европсково.
    Според мене сигурна победа имаме над Чешка.
    Како и да е, наши се и секако дека ќе ги подржуваме, ама се додека играта се сведува на два до три играчи, не правиме ништо.
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  15. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Ако ја победиме Чешка сигурно одиме понатаму, оти таа изгуби од Австрија, ако изгуби и од нас со Данска па ич нема шанси да победи. Ама и Чешка дали ќе ја победиме е прашање :^)
     
  16. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Сметам дека судиите си беа на место. А и цело време им се судеше на данциве.
    Им се восхитувам на навивачите на трибините,колку само смирени а ние со факли,со тапани,со свирки.
     
  17. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    Ништо губена, др пат повеќе среќа. :)
     
  18. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Утре во колку сатот играме?
     
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.408
    Допаѓања:
    22.649
    Пол:
    Женски
    ^^ Во 18:10 против Чешка.
     
  20. Chica-Linda

    Chica-Linda Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    20
    Се глледаше дека нашиве немаа енергија за играње.Најверојатно од тоа што заглавија вчера цел ден во патување натака-навака ама и нели претходниот ден и вирус имаа така да ми изгледаа многу истоштени уште во првите минути.А и некако се гледаше дека не вложуваа многу напор со Данска бидејќи и самите знаат дека е тешко да се игра против нив,кај е јаки па уште и домаќини.Се надеваме дека ќе изиграат добро со Данска и со Австрија :)