Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска ракометна репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 6 јануари 2012.

  1. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Прво, уште на подготовките, крајно несериозно беше она давање на Македонски пасоши на Прибак и Вугринец поготово, без претходно да се информираат за условите за неутрализирање на еден ракометар! Не знам тие во федерација дали ги знаат правилата на ЕХФ и ИХФ или сеуште ќе бидеме Туристичка Агенција "Македонска Ракометна Федерација".
    Па како што гледам, ни за туристички патувања не се способни, Скопје е во магла еден месец а они ќе летаат за Данска 24 часа пред натпреварот од Скопскиот Аеродром на кој сите летови се откажани со денови наназад... Па ајде, пет до дванаесет, откако ракометарите дремеа на Скопскиот Аеродром повеќе од 6 часа, господата од Туристичката Агенција "Македонска Ракометна Федерација" решија да летаат од Софија до Данска, а до Софија да одат со автобус на половина ден до почетокот на првенството и првиот натпревар на Македонската репрезентација.
    Епа, јас да сум турист ќе се изнервирам, а не репрезентативец на Европско првенство кој за половина ден треба да игра и да ги оправда очекувањата на цела држава.
    Кога ќе се земат во предвид овие работи кои се на организациски план, и фактот дека некои играчи се повредија непосредно пред започнување на првенството а има и такви кои заслужуваат, а не се најдоа на списокот, резултатот е очекуван.

    Го гледав вчерашниот натпревар против Данска, и разочарана сум од прикажаното на одредени поединци од кои јас лично очекував повеќе.
    Борко Ристовски, јас мислам дека тој е единствениот голман кој сеуште брани на проценка! Па, умре тоа кога блоковите се поставуваа на една страна а голманот се мести на другата! Денешните голмани реагираат на топка, рефлекси и брзина, пратам ракомет и мислам дека само Борко наш остана со проценување на шутот и поставување.
    Кирил Лазаров, има 4 гола од пенал и од 11 обиди само 3 гола од игра! Колкав процент на реализација е тоа? Дали е тоа својствено за еден играч од негов калибар? Па било кој да шутнеше 11 пати, ќе погодеше по некоја... Избрзани шутеви од неизградени позиции, премногу грешки за еден Кирил Лазаров.
    Дејан Манасков, процент на реализација 25%, Филип Миркуловски исто.
    Топката од раце им паѓа на играчи кои имаат доволно искуство за вакви настапи. Ако не ја искористат предноста од играч, па и два повеќе на теренот за да постигнат гол, каде ја гледаат шансата?
    Почетнички технички грешки, спора игра и никаква борбеност на теренот.
    И да, не е срамота да се изгуби, срамота е начинот на кој изгубија. Срамота е играта која ја прикажаа, и Данска не беше толку добра колку што ние бевме очајни и катастрофални.

    Знам дека е лесно да се коментира и јаде бурек кога се гледа од дома, но мислам дека имам доволно познавања и сум компетентна да коментирам.

    Единствена светла точка на вчерашниот натпревар беа Пецаковски и Стојчевски, добија шанса и ја искористија максимално. Играчи на кои треба да се обрне повеќе внимание, да се искористат максимално, а не само за греење на клупа и давање на аплауз.

    Со оглед на формата на Австрија која е во нагорна линија, мислам дека шансата за пласман треба да ја бараме утре против Чешка. Со победа, ние сме во втората фаза, а со победа и против Австрија би пренеле 2 бода во следата фаза.
    Ај прво да победиме утре, па после размислување и за бодови понатака...
    Се надевам на победа против Чешка, борбеност, срце на терен, спротивно од тешката порнографија со Данска!
     
    На Elennaa и LilBaby им се допаѓа ова.
  2. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Слабо годинава, најголем успех ќе ни биде ако се пласираме понатаму :(
     
  3. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Кај е Ојлески место Манасков, па по кој пат утнува зицери човеков аман!!! :devil:
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Дај бе стварно, нека стаат некој судија педер, да се разиграме.
    Вака не е на арно. :D
     
  5. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Добро играме засега,ајде уште овие 10 минути нека изиграат добро,само тоа ни е потребно.
    Само што го напишав ова на телевизија видов 21:20 цццц :?: :!:
     
  6. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Неизвесно до самиот крај!! :devil: :devil:
     
  7. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Абе нека си изгубат фино лепо, што ќе правиме во следната фаза со ваква игра :) Само срцево ќе ми го слабеат дополнително :)
     
  8. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Леле не можам да гледам :doh: Ако ни дадат гол сега...
     
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.000
    Пол:
    Женски
    Се обесив.
     
  10. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Ц,ц, неверојатно.Можевме да издвоиме победа денес.Како се изнервирав :@
     
  11. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Што се дешава сеа? :D Идеме у следеча фаза или?
     
  12. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Да не ни беше Кирил Лазаров незнам дали 10 гола ќе дадевме,појаки бевме пред некоја година се сеќавам,да се надеваме дека понатаму ќе играат подобро,само тоа ни преостанува...
    Да да одиме,првите два бода со нив влегуваме во следната фаза,барем така кажа овој сега на телевизија. :)
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Како можеше Обрван цели 60 минути да го остави Борко на гол, прими се што можеше и не можеше. Па дај бре шанса на Диви и тој младиот, коса откорнав од овој Борко.

    Кире е цар, бог!!!! Немам зборови за неговата пожртвуваност, срце и нога остави на терен!
     
    На alekce83 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    За Ојлески му текна, на крајот на натпреварот.
    Манасков го држеше скоро цело време, еј.
    А можеше и Борко да го замени со тој младиот.
    Или пак со Диви.

    Миркуловски цело време изнудуваше седмерци и 2 минути. Алал да му е. Да не беа он и Лазаров..

    И дај бе навивачиве, знам дека се малку. Ама повеќе нека навиваат. :D
     
  15. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Само Кире играше,ништо не прават ако вака продолжат. На Борко дефинитивно му треба одмор на моменти и да Наумче фали. Јас не сум за гледање вакви натпревари. Посебно последниве 10 минути беа... :|
     
  16. Andemona

    Andemona Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    2.496
    Пол:
    Женски
    1 бод се добива за нерешено,и далеку сме од влезени сеа Данска треба да ги победи Австрија и Чешка за да идеме поната секоја друга комбинација не ни одговара :(
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.174
    Допаѓања:
    139.082
    Е многу беше мачно за гледање.

    И сега ќе биде помачно.
    Ако изгубиме од Австрија помалку од 10, и Чесите изгубат од Данска, и Австијците ако направат стој на раце и сонцето влезе во Јарец, а Јупитер во седмата куќа, тогаш ќе одиме понатаму.

    А на овој Кире што му мислам... тешко него! :D
     
    На Someonespecial, Elennaa и Barca-Gril им се допаѓа ова.
  18. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Незнам јас така нешто слушнав на телевизија,како и да е :D :*
     
  19. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    1.592
    Пол:
    Женски
    Овој Борко под хитно да биде заменет со некоја кукла, поише ќе фати од него !
    ]:)
     
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Манасков имаше потег на годината, со 2 играчи повеќе кога бевме место да ги набиеме во едно ќоше и да избрзаат со шут, типот карате кунг фу потег му направи, му се џитна на играчот и го избркаа.

    Е не можам да се изначудам како толку глуп човек може да постои. Ем смешно, ем трагично. :|
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.