Како и да е, јас верувам дека Данска секако ќе ги победи и едните и другите, само нашиве незнам дали ќе ја "решат" Австрија
Значи еднаш го фалите Борко оти многу убо бранел, после одма дека "кукли" повеќе ќе бранеле од него. И јас незнам што вие сакате од чоеко и воопшто од ракомето? Инаку и јас сум за тоа дека требаше барем во втората половина на второ полувреме да се смени Борко, ама ајде што е тоа е, Инаку играва како што кажав и во минатио пост воопшто не ми се допаѓа. Нема ич течност, нема градење добри позиции, кога ќе се изградат или голмано брани или нашиве промашуваат, а и уште стојам на тоа дека не треба целата игра и одговорност да паѓа врз еден играч а тоа е Кире. Кога сум кај него, бравос, значи се покажува зошто е еден од најдобрите ракометари во Европа и Светот, да не е тој кизнај кај ќе ни биди чарето. И не се надевам на победа врз Австрија освен на тоа дека ќе изгубиме со помалку од 10 голови разлика, а Данска ќе тепаат над Чешка со над 8. Тоа ни е единствената шанса за понатаму, но од кај да знам, може и ќе изненадиме со некоја победа
па реални се критиките за Борко, кога ке заслужи се величи кога не не! на стара слава ли ке живееме? а и калкулацииве со головиве не ти се точни се гледа гол разликата односно моментално ние сме у негатива од 8 а чесите од 10, што значи ние сме во предност од чесите со 2 гола и сеа доколку чесите изгубат со 5гола а ние со 6 или помалку тогаш одиме понатаму а ако имаме иста гол разлика тогаш се гледа кој има повеќе голови дадено
Туку морам да признаам дека ми фали Шундовски, овој Обрван е досаден. Не најдов пократко видео, почетокот е досаден, ама од 2.03-2.40 е јако Треба да се шутни и да се клај гол! http://www.youtube.com/watch?v=h8IDDMkk7zw
треба селектор со авторитет, Шундо комедии, колку да се каже беше селектор, Обрван има некоја замисла али не е толку добар а мора да се стегнат некои поединци на пример ко Миркуловски... како можеше ццц на тајм аут што убаво им кажа Обрван да не се брза на 10сек до крај да се шутира и тоа на сигурно да се иде а волон Миркуловски зема на сила, работава е кој го ебе тренерот што кажал
Еј, ај не ми го критикувајте Мирче. Да не беше он, немаше ни нерешено да биде. Секој може да избрза и да згреши. Јес да беше во клучен момент, али сеа бидна што бидна. Ако е за така и Кире утна еден седмерец. Да го погодеше тој, ќе победевме. Ама глупо е да збориме за репрезентативци, кои целиот натпреват само тие го носеа товарот на грб. Манасков има талент, само штета што не може никако да го искористи.
зборев за дисциплина каде што добија инструкции како да се заврши натпреваров за тоа е и тренерот а не ко дете понесено од чуства така да изреагира, профисионалец е крај на краиштата Манасков освен брзина нема ништо друго а по повредата ни таа не му дава некоја предност кога уште не научи дека не треба да се лепи до голман толку блиску кога шутира. да се крстиме у брат му дека од него ке бидне играч
Се смееме на сметка на Шундо ама тогаш поарни беа, сега само в голман шутираат Голманиве ќе почнат со панцири да излагаат на утакмица
Јас искрено не ни правев калкулации во врска со гол разликата, тргнав од основното дека Австрија ја победи Чешка со 10, а ние одигравме нерешено и од тоа дека ние изгубивме од Данска со 8 И кога сме кај критиките, ако веќе толку го пратите спортов сепак мислам дека после толку величење на Борко, после еден лошо одигран меч не треба одма со критики да се почне, како што кажав. А за тоа со гол разликата и тоа како го знам, од 6 години сум со ракометов и пратам се шо се случува, а не само кога ќе дојди Европско или Светско и тоа стрикно ако нашиве играат таму. Немој да го сфаќаш ова лично, не знам за тебе, ама знам дека повеќето така прават. Инаки во ракометот тешко може да се каже дека некои играат на стара слава, затоа што не ретко има промена на генерации и ако пред две години си земал злато, не терба да значи дека и оваа ќе го повториш успехот, како што е во случајот со нашата. Немаме доволно искусни млади ракометари, а и овие постојаниве не играат во стариот сјај.
Да се надеваме на победа со Австрија. Инаку треба повеќе да се активираат, а не да чекаат само на Кире Секоја чест за него , а и Миркуловски се потруди само на тој теренот што се‘ не му направија ....
Јас памтам со нив игравме бараж за нешто, ги победивме и дома и во гости ама знам дека беше многу напнато, безобразни беа многу.
Само да ги смириме нашите навивачи и навивачите на нашата репрезентација: Филип Миркуловски е сосема добро, нема оток, а ледот што го држеше на коленото е ради превентива -
Натпревар на Кирил Лазаров & Филип Миркуловски против Чешка. Ама буквално! Да почнам од одбраната, тоа што примивме “само” 24 голови е резултат на нашите долги и безидејни напади, а не резултат на нашата добра одбрана или голман. Борко наш постави таков рекорд, што тешко кој ќе може да го достигне. Ја утнал проценката на овој натпревар, за 60 минути цели 5 одбрани од кои 2 пати топката заврши над гол и 2 пати во статива! Па ако на тренерот не му текнува дека на клупа го има Ангелов, Борко да имаше некое достоинство сам ќе излезеше од игра! За шутеви од 10 метри да се прави проценка, да се комбинира со блокот, а да не се реагира на топка епа стварно е срамота! Одбраната на чело со Велко Марковски беше како швајцарско сирење. Каде е онаа одбрана што кршеше коски, при сите наши “фаули” на противничките играчи им се оставаше слободна рака за шут! Како потврда на ова, видете само колку малку исклучувања имаме. Бранко Ангеловски е катастрофален на халф, а крилата не покриваа на време. Секоја чест за Миркуловски и Јоновски, единствени што се бореа во одбрана. За разлика од минатиот пат, сега пробавме да направиме нешто со контра и полуконтра, внесовме некоја брзина во играта, ама не знам до каде ке стигнеме со нашите пилешки крила кои вршат работа само за во супа. Гоце Георгиевски е тотално изгубен во времето и просторот, Темелков е измислен за него. Дејан Манасков е посебна приказна... Дечкото се “шлепа” на стара слава и се вади со повредата. Повредата е минато, со оглед на (не)спортскиот животот кој го води откако се повреди и откако му удри славата во глава, јас не гледам иднина во него како ракометар. Однесувањето на теренот, толкава несериозност и толку тешки глупости како оној фаул при изведување на 9метри кој беше за 2 години во затвор, а не 2 минути на клупа, толку промашени зицери и манекенско трчање на теренот не се добри за така млад играч! Гоце Ојлески е во топ форма, напад и одбрана, се гледа дека сака да игра и е максимално подготвен! Бранко Ангеловски во напад, од преголема желба, а никаква храброст ги упропасти со непрецизни шутеви и им даваше шанси за контри и полуконтри. Со исклучок на Миркуловски, останатите покажаа дека наместо срце имаат зрно грашок во градите, страв и никаква храброст. Пецаковски и Стојчевски(ајде се повреди) добија по некоја минута, колку да се каже. Спаѓаат во иста категорија на запоставени заедно со Ојлески. Според мене, заслужуваат многу повеќе. Во врска со тактиката и разновидноста во нашата игра, не знам за која разновидност да зборувам кога секој напад се сведува Лазаров да шутне или некој друг да утне. Единствената разновидност во нашата игра ја имаме во промашување на зицери. Миркуловски не е тип на играч да шутира од далечина и преку блок, но одлично и максимално борбено влегуваше еден на еден. Кога немаме квалитетни бекови за шут, логично е да се форсира на втор пикер за да се спушти одбраната, да, ама не знам што бараат сите играчи на 2 метри квадратни да се буткаат и маваат еден од друг наместо бековите и крилата да ја рашират играта и бараат простор за влез. Само прават некоја гужва, некоја збунувачка формација како муви без глави трчаат и цупкаат на средина од теренот. Незнам, може целта им беше да ги збунат Чесите, ама ние испаднавме најзбунети и смешни. Гужва пред гол, а гол нема! За пласман во следната фаза не се лажам и надевам на победа против Австрија. Ги гледав како играат, и не случајно ја победија Чешка со 10 разлика, и не случајно и дадоа на Данска 29 гола! Која црна победа со нашата лепеза од ендемски ракомет и разновидна игра?! Во моментов имаме еден бод со Чешка, и гол разлика од минус осум (-, наспроти минус десет (-10) на Чесите. Очекувам Чешка да загуби од Данска, и ние да бидеме незгодно “изненадени” од Австријците. И да се надеваме дека Чесите нема да загубат со помала гол разлика од нас, за да се пласираме. Искрено, јас лично очекувам срам, бламажа и тотално фијаско против Австрија. Не заслужуваме втора фаза.
http://www.crnobelo.com/vesti/domasni/2 ... e-ponatamu Еве ги сите комбинации со кои можеме да одиме во следната фаза. Реално мислам имаме шанса.
секоја чест што пратиш али и ја 26години пратам фудбал па не научив да играм извадок од Екипа.мк "ПОРАЗ ОД АВСТРИЈА – Во моментов и Македонија и Чешка имаат по еден бод, но ние имаме подобра гол-разлика од минус осум (-, наспроти минус десет (-10) на Чесите. Тоа значи дека и со евентуален пораз од два гола од Австрија, ние би се пласирале понатаму, освен ако Чешка не остане непоразена против Данска. Ако и ние и Чесите загубиме, важно е нашата негатива да не биде поголема од еден гол во однос на онаа на Чешка (ако ние загубиме со шест гола, Чешка да не загуби со помалку од пет гола). Во случај и двете репрезентации да имаат идентична гол-разлика, тогаш понатаму ќе оди онаа селекција со повеќе постигнати голови."
Ма не прифаќам никаков пораз, никакви калкулации, цел живот само калкулираат наместо да сестегнат и да одиграат како што треба Или Австрија да се победи или да си одат дома!
Ако изгубиме од Австрија не заслужуваме да одиме понатаму!!!! Па добро, цел живот ли други ќе одлучуваат наместо нас и ќе чекаме стално да се случи некое чудо?? Ова не е лотарија, европско првенство е!