Реално да си кажеме ама ако не е Кире никаде не одиме И на Борко му тргна баш приметив како се крстеше , туку страна на шала така секогаш треба да прави Спојлер Имало Господ и за нас
ВО НАШ СТИЛ - ПОСЛЕДНА СЕКУНДА СЕ ЧЕКА оваа утакмица е дефинитивно ваква по заслуга на Борко. Еее сега да чекаме вечер Данска Норвешка, и да навиваме за Данска, зошто ако победи Данска, ние одиме со 2 поени понатаму.
Па конечно и нас да не послужи малку среќа зошто нашиве знаат секогаш на крај да се зезнат самите. Али како и да е бравос. Џабе им е се без Борко
Се молат федерациите да бидат општествено одговорни, да спонзорираат нова кардиологија!!! Инфаркт утакмица, 5 минути пред крај почнав да се потам, нас во крвта ни е да ги искомплицираме работите на крај! Браво, браво, браво, мило ми е што се пласиравме во ТОП 12! Вака или онака, повуци-потегни, дрш-недај, резултатот е важен, ајде ќе не има и овој пат во втора фаза! Абе, на Борко му се погоди проценката овој пат... Знаев дека нешто ќе се изветопери денес, од сабајле по грешка гаќите наопачки ги облеков, ете за арно било, му тргна на Борко наш.... Гледав преку интернет и немаше коментатор, абе од уста му прочитав кога се развика: "Ајде маму ви е*ам!" Хахаха ме изнасмеа!
Се срамам. Завчера на Борко го плукав, а сега... Царче, 19 голови одбрани. Алал да му е. А за во сабота... Бог да чува и Борко да брани.
Не добив инфаркт, не добив мозочен удар, не си ја искубав косата ... ЗА МАЛКУ! Абе кое пцуење паднало денес, мајка ми ме испокара како што ме нема за цел живот вкупно земено. Па и не мора секогаш да чекаат последна секунда е*аго. Можат еднаш да почнат едно темпо, да направат солидна разлика, па со мирни глави сите да си седиме. Браво за Борче, Кирца, Мирце, Столе-та и сви остали. Пецаковски нека си оди. Не го можам повеќе. Као манекен на модна писта се понаша! Кретен! И за крај еден АПЕЛ: Чичко Грујо: Не се занасај и дај организирај едно 2-3 авиони (се крена маглата) и уште едно 400-500 карти и да одиме да ги бодриме. Ипак, со тешка група се спојуваме: Шпанија, Исланд, Унгарија и Норвешка - им треба помош на нашите. Bice jako tesko
^ И јас како тебе се изна пцујв* се нервирав лел.Мајка ми и татко ми се вратија на 15 мин. од крајот на натпреварот и иди татко ми в соба тие губат,излегав,пенал судат мајка ми го избрка Кире погодва,малце малер беше Тато изгледа . Едно големо браво за Борче забранењето и тоа што не се глупирапе многу, Браво за Кире и секако да не го заборавам Миркуловски-Филипчее , и мојот омилен ДЕЈАН МАНАСКОВ . А браво и за Столе денес Ако се оние кој што ги наведе SnowWhite91 во тешка група одиме пак со Исланд,ама од ти 4те една или две не треба да отпаднат? Поздравче за сите наши ракометари и зошто Митревски не е со голманите ?И едно големо БРАВО
Сега играат Унгарија-Норвешка: која тепа-таа иде. Ние колку што разбрав ќе играме само со екипите со кои не сме играле, односно со 3-те држави кои ќе продолжат од група Б. Митревски го нема затоа што на клупа се пријавуваат 16 играчи, нашите пријавуваат 2 голмани (скоро секогаш и скоро сите екипи така прават) и 14 играчи кои ротираат.
Зар биваше да го преспијам цел натпревар и никој да не ме разбуди? Во сабота аларм ќе морам да си ставам. Или евентуално да не заспијам во 10 сабајле. НЕисе, фејбуков фрчи за Борко. Ме изнервозираа уште по сабајлечки. Ма нозе треба да му мијат. И Стојчевски повеќе нема да игра, м? Ај барем добро е што Прибак ќе е тука. Ги читам имињата, пак истите. Кирче, Мирче, Стојанче и Борче. Алал им вера.