Во колку саат почнува точно денешнава утакмица? А инаку во четвртокот навистина беше напнато. Татко ми телевизорот ќе го искршеше... Манасков е кретен невиден! Зошто воопшто го ставаат да игра? Поради него за малку ќе изгубевме! Истото го направи и 2012 кога игравме во Виена, квалификации за светското првенство, поради него изгубивме со 3 разлика. Јас стварно не знам на кого се метна. Татко му Пепи Манасков легенда бил и најдобра играч, а овој е 0 за разлика од него. Колку само се радував кога во четвртокот победивме. Одам следниот ден во школо и им викам Македонија победи во ракомет, а овие австрициве вака ме гледаат . Пазете, им игра репрезентација на ЕП ракомет, а овие не ни знаат дека го има тоа.
Денеска не му оди многу на Борко, нека проба со Никола или со Диви. Не знам колку пати преку телевизор му кажав. И ајде Ојлески малкуу.
Миркуловски колку не го можам дупка дупкосана. Само кога игра за Металург луѓево мислат дека е светец. Верувам во Прибак. ...и за оние кои не знаат за Борко нека ги затнат тоа устите. Нешто што не знаеш не го збори. Подобро научи нешто. Не за џабе го земаа у Германија.
Ги чекам сега ''големите'' горди македонци сега на фб,кога победуваме лелее горд сум што сум македонееец јеј такаа ве сакам ситее , а сеа ги пцујат по дома.Тоа е,и они се луѓе неможе секогаш да очекуваме победа,и во право е Дволичен,ама тоа е...
Ааа, значи овие беа тогаш ПСЖ, што ги тепавме во Борис. Дури сега сфатив. Више срече други пут. Второво полувреме повеќе ни тргна. И Диви го стави во игра, дури. Браво за Манасков. Изненади.
Да Манасков и Пецаковски исто така и ..од Миркуловски сум задоволна многу повреди претрпе ии Кире не се покажа во добро светло ама и тие се луѓе грешат ај со 6 разлика загубивме ништо страшно се надевам на победа со Исланд...Јас и покрај поразот се гордеам со НАШИВЕ РАКОМЕТАРИИИ <3
А го приметивте на почетокот, коментарот на коментаторот? - И сега очигледно, македонскиот терапевт ќе треба да влезе во игра. Не ми текнува кој се повреди...