Не се толку jаки исланд колку што нашивр паника ги фати кога овие се приближиja и изедначиja. Ако малку се вразумат второ полувреме може да се очекува реална победа...ама нашиве :-/
Јас искрено ќе престанам да гледам, и ракомет и кошарка и не знам уште што, само фудбал. Најзлатен спорт си е. Тука може во последна минута гол да ти дадат и се да се измени и се е пренапорно, а кај фудбал и не е баш наједноставно.
да да имаме реални шанси за победа и мнооооогу ме нервира тоа голманот нивни сељачиштееее едно многу сакам лично него на крај да го видам поразен!
Значи сами си се продаваме стално!!! Не се овие којзнае што така се покажа! Ај момци стегајте малце заби! Прибак ме разочара...
Ние бевме причината поради која отпадна Чешка, сега нивните судии ни враќаат за тоа. Реално гледано, игравме многу подобро од нив, ама кога судиите не сакаат - не сакаат.
Самите си се виновни, последниов натпревар 2-3 грешки скапо ги чинеа. Самите си одат во пропаст. Имаа шанси се држеа, ама ете, некој треба да е своеглав, да се прави најпаметен. И не играат на крило, а Жути е супер играч за својата позиција..али ете, тоа е. Да не зборам дека немаме асален тренер.
Немав можност да го гледам денешниот натпревар против Исланд за да коментирам за играта и резултатот, но гледам дека сме изгубиле 2 разлика, и ги читам изјавите па сакав да си го искажам своето мислење во врска со тоа.... Читам, Бранко Ангеловски го критикува селекторот и целата фама пред првенството со пасошите, па сега ни крив ни должен Прибак им е крив... Не дека нема вистина во тоа, зборовите му се на место и се согласувам со неговата изјава, ама каков професионалец си ти бре на сеуште незавршено првенство да даваш такви изјави!? На што личи тоа, па истиот тој Обрван му даде шанса на Ангеловски во нападот после толку години стаж во репрезентацијата, и истиот тој го повика на неколку дена пред почетокот на првенството! Абе некако многу сме сплотени и заедно кога победуваме, ама кога нешто не штима, одма лаеме наоколу и плукаме... Каде беше да ја даде оваа изјава уште пред почетокот на првенството, и со достоинство да го одбиеше повикот за настап!? Па да беше онака - ке беше вака, е и баба ми да беше машко - ќе ја викавме дедо! Ужас, сите знаеме каде е проблемот и што е погрешно откако ќе заврши! Тресе ми се лаџа... Потона бродот, еве глувците први бегаат! Не за џабе рекле, "Има нешто труло у држави Данској" А јас па се` си мислам дека е до нас...
Ту бре, дури и од школо не пуштија за да гледаме и пак ништо. Нече среча поштеног човека. Ај може Шпанија ќе ни попуштат, и така ништо не им мења. Спојлер Многу филмови гледам, знам.
Па да ама треба Шпанија да ја тепаме што е немогуче! Мислам дека ќе се бориме за 9,10 место што за мене е успех со оглед на тоа што не очекував дека ќе ја минеме групата! Повеќе среќа на светско у Катар наредна година,ако се пласираме
А па сеа глеам дека Австија изгубила само 1 разлика од Шпанциве... Првенствово ми е со доста изненадувања, ништо не се знае,али за тоа дека ќе изгубиме од Шпанија сум убедена поради нас првенствено и нашиот лош начин на игра...факт е дека Шпанија е ослабната, башка најдобриот голман на светот Штербик не игра на ова првенство... Да бевме паметни немаше да дозволиме да го изгубиме денешниот меч! Не можам да се сопрам со коментари што ми е
Прво си отидов(ме) од школо, па во автобус на слушалки слушав. Навивав ко чакната некоја, бев среќна што водиме. Потоа се симнав, да чекам друг автобус на постојка и мајка ми ми беше коментатор. - Еве го **** мава... еве, гооо.... и ништо. Оп, контра. Се изнервирав и не слушав после тоа ниту радио во автобус, ниту пак и` реков на мајка ми да ми врши пренос. Стигнав дома, убедливо не` водеа, ми се спиеше и заспав. Ете, тоа се моите импресии. Нареден пат, пак ќе играме во исто време. Чисто се сомневам дека повторно ќе имам шанса да си одам дома. Така што... ништо. Ама не бев единствена, низ Центар, сите со слушалки, старо-младо...
абе ајде нашиве многу се преценија ќе победат еден натпревар и готово мислат 1 место освоиле вчера со исланд стварно слабо играа борко толку неможеше да претпостави дека доле во десен агол сите шутираат... брат ми тренира ракомет и имам идено да ги глеам, колку пожртвувано играат дома а таму ништо не покажаа, многу поддршка добиваат од нас и си креват акции треба да не ги рецкаме ко пред години што беше па да видиме тогаш како ќе се потрудат да стигнат до 4 место а не 10то место се брукаме таму или биди најдобар или не иди таму воопшто многу сум разочарана и лута на нашиве а знам дека не сум единствена
Кога Борко брани убаво,останативе губат топки и не знаат да шутираат,а кога ракометариве се убаво играат,Борко го нема никаде.Иако верувам дека можеа подобро,и ова не е малку,не е многу ама испаѓа дека сме подобри од Србија. Сепак во спортот треба и среќа,не е се до умеењето. Ај од кај знаеме нашиве секогаш изненадуваат,може ќе ја победат Шпанија,или па и на нив исто им е дали ке победат илу не и онака продолжуваат па да ни попуштат малку ( мислам поопуштено. да играат ) Сепак си ги сакам многу и незнам што го фалеа тој Прибак толку,демек засилување?
Епа нека ни е честито 10 место! И покрај убедливиот пораз од Шпанија не сакам негативно да гледам на работите! Со оглед на сите пехови што ги имавме дури и огромен успех е што продолживме во втората фаза каде што отсуствуваа доста репрезентации како Чешка,Србија,Црна Гора и Норвешка а да не споменувам дека големата Германија воопшто не се пласираше на првенствово! Јас само искрено се надевам дека овие искуства што ги стекнуваат на ваквите големи натпреварувања ќе им помогнат да ги поправат грешките кои постојат во играта и дека ќе се покажат во право светло ако даде Бог на светско првенство во Катар!
Јаооо, па уште 10ти сме испаднале Па неможеме да кажеме дека сме немале среќа, со толку повреди и грешки Топ сме бе.