Ама не е во ред, едни наградени, а други не. Баш затоа што се нашата иднина, треба веднаш да ги наградат и стимулираат, инаку ќе ни одлетаат сите девојки негде по светот.
Подобро. Одличен успех ќе е некоја девојка од младите да и помогне првенствово да склучи договор со клуб од странство и да може да се развие. За жал, малку е веројатно тоа зошто сепак ова е турнир на кадети и не претставува некое големо достигнување, немаат тежина овие турнири, ниту пак се показател колку е/ќе биде некоја репрезентација добра пошто се работи за деца од 2003+ годиште и тек сега започнуваат професионално да се градат. А тие кои се на нивна возраст и се веќе талентирани, играат за сениорите. Затоа и не ги наградуваат.
Не мора тоа да биде некоја преголема награда, може нешто мало со што додатно ќе се мотивираат, чисто да знаат дека имаат поддршка.
Ќе бидат наградени по 31 000ден. и подароци. Ама само за информација, успехов и не толку голем бидејќи освоија 1 место во Б Дивизија, тоа излегува 15/16 севкупно во Европа. Со освоеното првенство влегуваат во А Дивизија, па ќе видиме вистински до каде се. Но, знаејќи во каква мрачна дупка е нашиот женскиот ракомет, ова е мала светлина во тунелот која дава надеж.
Колку само малку надеж имаше за пласман на СП, за на крај дечките да ги демантираат сите скептици. Браво. Огромна победа. Убавина беше да се гледа оваков натпревар, полн со црвено - жолта боја и бодрење. Столе и Жути се простија од репрезентацијата после толку години. Ќе недостигаат многу понатаму, со искуство, лидерски способности и еден таков посебен менталитет. Колку тажно беше обраќањето на Столе дека веќе телото не може да му издржи. Фала ви за се што направивте за Македонија! Најомилени ракометари ми бевте и двајцата. Киро не се дава. Рано му е за пензија. Тоа е тој менталитет непокорлив. Останува младите да земат се во свои раце. Јагуриновски ме изненади ептен позитивно. Тале и Кузмановски кога највеќе требаше тука беа. Нека продолжат да бидат столб и на првенствата, па да гледаме една нова Македонија.