^ Да, знам Најтвокеру...ама јас одам на таа карта дека веќе им имаат прогледано низ прсти за ваква работа, па се надевам нема пак, нема постојано тие шваби да се вадат со валкано играње, па не е прв пат! Значи тие свесно премолчуваат и многу добро приметуваат, само не им одговара! Па до кога вака?! Ако навистина правилото е да се изигра одново натпреварот, би требало да ја прифатат жалбата. Ама ако директно влијае на резултатот како што очекуваме 24:24, тогаш тие ќе отпаднат од игра и шансите да го признаат јавно голот се најминимални... Јас се надевам дека голот ќе биде прифатен за важечки како што е и очигледно, и натпреварот уште еднаш ќе се одигра! Не е ова како во фудбалот, тука ако е вистина правилото е уште еднаш да се изигра натпреварот, а тоа ми дава надеж!
Се разочарав многу од овој натпревар мислејќи дека можеме да победиме. Но сеуште ништо не сме изгубиле. Се надевам дека Чесите ќе ги победиме. Ги гледав денес имаа многу слаб натпревар. Стискам палци дека и во четврток ќе бидат станати на лева нога. Патем видете го тренерот на Шведска во далечната 1986год. Бил еден меѓу најдобрите ракометари во тоа време, па и не е за потценување. Погледнете: http://www.youtube.com/watch?v=JvMEie3riG4
Јас луѓенца мои.. овај женички мои не сум ич(ама ич) по спортот. Абе ко фатена во рацете сум а ми иде топка(ок де, не до толку, али сепак..) Не ме привлекува нешто посебно ниту да играм, ниту да гледам. Ракомет пак ич. Ама кога се работи за Македонија особено по кошаркава интересно ми е да ги следам. Па и се возбодувам нешо, ејј напредок. Од ракометариве не сум од никого посебно задоволна зато што сите се добри. Не ми се верува каков пресврт направивме со спортов. Искено, погорда не сум била никогаш. Не верував дека и ние некогаш ќе постигнеме ваков успех и со кошарката, а и сега со ракометов. Со Шветска натпреварот го гледав и многу се нервирав ама не беше лошо бидејќи водевме на повеќе наврати. И задоволна сум со тој резултат, се покажаа дечките. Абе ни судија не не спречува, кои ѕверови. Со Германците стварно беше напнато. Цел напревар бев ваква На крај ептен се разочарав. Колку го испцујав тој жучкото(судијата) не знаете. Ми личеше на лимун скиселен во фацата. Оо, платен педер, брееј. Да го акнеш од земја. Многу ми е криво што изгубивме, многу.
Ај да се олабавиме малце, и онака нашата нервоза, гризење на нокти, пцовки, главоболки, боксови во ѕид, нема да придонесат за некаква си одлука на ЕХФ. Ете пак се присетив на клипов. http://www.youtube.com/watch?v=gOBkdBEW3EU
Aх бре Mакедонче ,стално нас некој ни е крив Спојлер Kога губиме Dобро играа нашиве ракометари но не беа Oдлични ,да беа одлични ни судии ,ни свети судии, и десет гола да ни поништеа ке победевме! I на кошаркарската репрезентација не им беа наклонети судиите па расплакаа се живо и диво. сеуште сме млада репрезентација и се темели на неколку играчи и тие неколку не се семоќни ,цело е кога има се! но сепак респект за македонската репрезентација се трудат даваат се од себе, со можностите држиме некое ниво ,но сеуште има надеж ,имаме уште една утакмица пред нас без разлика на исходот од спорот. Mакедонијо напред!!!!
во 20:15 eве уште еден неправеден момент фелпс и чавиќ олипијада 2008, и србите се жалеа, но ништо. http://www.youtube.com/watch?v=mwamV3xvPMo
Фортунтелер, утре ќе дознаеме имаме рок до 9 часот наутро да ја испратиме таа жалба аргументирана, платени се 1000 евра за неа и уште џабе да биде, битно нашите нека пробаат...судиите знаат дека голот е чист и важечки, само дали ќе го признаат тоа јавно ќе видиме...
Сега за сега си остана победа на Германиците, иако нашите утре до 9 часот ќе ја поднесат жалбата, 0,1% е дека ќе ни ја уважат. Спојлер сега ЕХФ го спрема сценариот на образложението
Ептен ми е криво што изгубивме, а бевме толку близу Тоа последниот гол за што се збори насекаде, тоа стварно дадовме гол или не дадовме? Гледав и на јутуб, али неможам да видам дали влезе или не, ептен брзо оди топката.. Ако навистина било гол, како е можно да не ни го важат..разбирам има неправди секаде, ама ова е премногу, не е можно да сме дале поштено гол и да не ни го признаат..со кој аргумент? Простете, али стварно не ми е јасно И уште едно прашање, што бараат мислења од утакмицава во темата Подарок за годишнина? Не се шалам. Веројатно се работи за некоја грешка..ај видете и поправете
Правилото гласело ако ја прифатат жалбата натпреварот ќе се преигра одново, но тоа не било признавање или не на голот, туку негово забележување и воочување, што е исто со признавање само не е шија, врат е де. Инаку на фб сите пишуваат ЕХФ Мафија хахаха сега се насмеав Убава вест! Претседателот на ЕХФ присуствувал на натпреварот Македонија-Германија и рекол дека македонските навивачи прават неверојатна атмосфера, тој бил воодушевен! Прочитајте и сами: http://supersport.com.mk/rakomet/evrops ... -navivaci- И штом претседателот присуствувал, поголеми се шансите да се игра одново натпреварот луѓе! Имаме докази, имаме сведоци, претседателот присуствувал и сигурно досега ги видел снимките. Да се молиме правдата да излезе на виделина!
Јас ви викам, и да го признаеја голот, ќе им дадеа уште една минута, ќе направеа нешто! Не е важно, сега ни останува Чешка!
Мечот го загубивме на несреќен начин и такви работи секогаш ни се случуваат токму на нас, но ние во четврток се надевам и верувам во оваа репрезентација дека можеме да ја победиме Чешка и ќе ги поминеме групите. НАПРЕД МАКЕДОНИЈА