Ама не е ова кошарка да се враќа времето, ниту фудбал да се додаваат минути по 90тата, тука ако има грешка се исправа веднаш ако е увидена, или се стопира времето како што е за пенал пр. Ех да не се направеа дека не го виделе голот, сега ќе беше 24:24 реми и тие бод и ние бод, само тие ќе отпаднеа па мораше некој да замижи на оваа неправда...
Џабе е, кога судиите помошници не реагираат покрај одлуката на главниот судија, овој од публикава не верувам дека би придонел поголемо значење Спојлер ај поздрав со песната http://www.youtube.com/watch?v=ua8DhmJHewo
Кажав веќе ќе кажам пак. Да се молиме да се преигра натпреварот, ракометарите веќе се видоа меѓусебе кој каков е и ќе биде полесно од овој натпревар верувам! Немаме ние што да изгубиме, имаат само тие шанси да изгубат, пораз веќе имаме се што ќе биде може да биде само исто како сега и повеќе од тоа. Помалку не може од ова. Правдата нека се истера, во секој случај. Па ќе биде после Aufwiedersehen!
Кога ке се знае дали би преигрувале? И зошто не ни го рачунаа голот ако навистина бил поштен? Како е тоа можно.. (јас искрено не видов дали беше гол или не)
Нејм имаш видео поназад и ќе видиш дека е гол, топката е пола метар зад гол-линијата! Читај ги странициве и се ќе прочиташ и ќе разбереш... а за преигрувањето еве тука Се на се, утре ќе видиме нека ја испратат нашиве жалбата па...Господ нека ни е напомош да ја истуркаме правдата пред сите, иако цела јавност знае дека сме во право! Еве и овде: http://www.youtube.com/watch?v=7m_5G0MeQgc
Прочитав се ја, а 9 часот на што? ке има нешто на телевизија, вести нешто тогаш? Сеуште не ми е јасно, ако било гол, зошто не ни го важеа..
Да знаете дека ви ги простувам оф топиците денес. Не е фер бе луѓе! Сума сумариум, никој не не сака нас. Ќе се најде некој судија чијшто фаворит ќе биде Македонија? : / А на судијата, мајке му га... На сите!
иххх,зошто бе вака мора се да е комплицирано кај нас,може ли некогаш среќата нас да не следи ? Жал ми е да напаѓам некого од момците,да не беа тие,не би ни играле на европско првенство,ама дека се правеа грешки,се правеа,многу пропуштени шанси,тоа секогаш се враќа за судиите немам коментар,секој виде добро што се случуваше,ама знаевме од почеток дека ке се суди во полза на Германците џабе и приговорот до ЕХФ,ништо нема да добиеме од тоа можеби имаме преголеми очекувања (од кошаркарската треска),сепак нашите важат за аутсајдери на првенството,така да не можеме многу да им забележуваме и ако испаднат од групата,иако многу ќе ми биде криво по судското сакатење на нашите играчи во 1 полувреме,не го ни гледав второто полувреме можеби сме аутсајдери но ги имаме најдобрите навивачи таму http://kajgana.com/ova-e-atmosferata-pr ... -germanija http://kajgana.com/kako-izgleda-koga-ma ... ite-lokali
ЕХФ им дале рок на нашиве да аргументираат жалба до 9 часот сабајле, процедура е тоа сите ја проаѓаат тоа не значи дека нема да ни го признаат голот! Ќе видиме дали ќе го важат или не, има снимка, има доказ, голот е чист пола метар веднаш зад линијата. А не го важеа зошто никој не го забележа тоа, зошто и самите ракометари беа во тесно тоа беа последни 2 минути од натпреварот и не ни приметиле, а голманот се истрча откако виде дека никој не приметува, или некој се прави дека не приметува како на пр. судиите, и тој истрча ја дрпна топката и ја исфрли во игра... ете затоа. И тие што приметија отпосле се бунеа, публиката 100% има приметено, на фејсбук читам коментари од Срби дека тие приметиле, дека се на наша страна и дека ова е навистина срамота што го прават! Ќе видиме утре...
А па знаете што? Дури и ако не ни ја прифатат жалбата, ќе навивам со сите сили што ги имам за Шведска на натпреварот против Германија, за Германија да отпадне! Како викаат...се се врти во круг, кој ќе те зезне ќе го јаде од друг. Ако правдата не биде на наша страна, тогаш да навиваме за Швеѓаните да ги утепаат швабиве, тоа би ни останало.
Да кажат дека е грешка ЕХФ и да се преигра натпреварот? Таков натпревар каде цела гарда на ЕХФ присуствуваше и да дозволи таков лапсуз и преигрување на натпревар? Уф, да не речам ама шансите се и помали од минимални. Ќе речат немаат доволно докази не се гледа... Инаку има двајца судии, еден е до голот баш за да го гледа голот, а другиот е до играчите за да ги гледа фаулите. Имаме слика, се гледа дека гледа судијата во топката. Епа што МАШКИ ПОЛОВ ОРГАН не свирна дека е гол? Мамата нивна. Си кажав дека вината за резултатот е пола наша и на нашите грешки и пола на судиите. Никој од нашите ракометари не треба и не е на место да ги вреѓаме, сите играа од срце, сите грешат, тоа е спортот. Ама да не признаеш гол на 1 метар од тебе? Е тоа неможам да го сватам. Кога дознав за голот чурев, ми доаѓаше да ги убијам педериштана.
^Да кажат дека не се гледа не верувам, има снимка т.е. милијарда снимки, камери од секој агол, се убаво се гледа, + и публиката што беше во живо сигурно видела. Околу доказот нема збор, ќе го одобрат зошто е очигледен нема што тука, туку може да напраат као извинување и бла бла бла. Јас сепак очекувам дека ќе дозволат да се игра одново натпреварот! http://www.kurir.mk/sport/rakomet/57374 ... ENA-SNIMKA
И да одобрат да се преигра натпреваров нека бараат само објективни судии, а на ко овие копилиња денес. Зошто германциве дури тек тогаш би ни ебале матер, тие вечерва се тепаа, а не во втора утакмица, и да победат нашиве нема да можат да продоложат даље поради повреди. Мене и не ми значи многу тој гол, да носеше повисок пласман ајде, ама вака боље да се спремаат играчиве за следната утакмица отколку повторно да играат со фашистичкиве волови.
Читам по фејсбук од Банско и Бугарите, Србите и Русите за нас навивале. Не можам да дочекам да ја видам одлуката на ЕХФ... ако биде се по план и како што треба, би требало да се преигра натпреварот.