Абе луѓе нема шанси да ни го уважат ова! ЕХФ ќе најде изговор, или ќе се извини. Да се преигрува натпревар? Мало морген. Да беше обратно, можеби ќе размислеа, ама во наша корист, да видам да не верувам. Да не се надеваме многу многу на ова.
Незнам што ми е, ама многу опимистички размислувам за одлукава. Иако сум свесна дека немаме шанси, мало парче од мене е сигурно дека ќе се преигрува. Ама мало.
Одвај чекам да донесат одлука.Ама тоа се педери судии сигурно ќе добијат по некој мерцедес од швапците и затоа за нив судеа.Браво за нашите кои се бореа со сите сили
Аеее , а јас прееска загледав, си помислив дека топкава ја мина гол линијата, видов, ама си реков изгледа погрешно сум видела, а тоа у право сум била Се надевам ќе ја одобрат молбата и повторно ќе се одигра натпреварот, само со други судии ама пак од друга страна чим сето ова било исценирано, па и штом германците се сила некоја тогаш пак џабе ќе ни биде, само не верувам дека при сите овие докази, ќе го негираат ова Мислам дефинитивно би требало повторно да играме со Германците
И да нема резултат приговорот нормална работа, да се реагира на неправда. Така и светот дознава за неправдата. А интересно најчесто аутсајдерите имаат неправда. Чудно ил не Како и да по ова ќе видите дека се се врти околу парите па и во спортот. Кој финансира во ЕХФ, Македонија или Германија? Колку луѓе во ЕХФ се германци? Кој ги диктира работите во ракометот сиромашните или големите богатите држави? Се ќе ви е јасно. Кој дава пари, тој ќе добие. НИКОГАШ не им се наклонети судиите на сиромашните помали нации, бидејки судиите зимаат плата, а таа плата кој им ја дава? Вложувачите во ЕХФ. Се е еден круг. Имаме случаи на шампиони и одлични освоени места на држави кои биле аутсајдери, НО нивниот пат е многу потежок од патот на "старите велесили" кои живеат на стара слава и ќе повторам на пари.
За казнување ќе ги казнат судиите, само дали ќе добиеме одново играње на натпреварот е главното прашање...
Глупи шваби . Многу бевме обесправени.И треба повторно да се игра натпреварот,во спротивно ќе биде една голема неправда.Игравме одлично и покрај толку судииски грешки не се дадовме.Браво Македончиња . И ако не се повтори натпреварот ќе одам таму и лично ќе му ја скршам главата на судијата.Ете така.
Колку и да е сурово нема шанси Германцине да дозволат да се признае голот на Кире Ама ајде господ златен ќе ни помогне во четврток да си победиме и да си го оствариме она стихчено Нишка бања топла вода дојдовме по двата бода
Мислам дека треба да се сконцентрираме на натпреварот со Чешка и да го добиеме. Ако имаше правда и ако беа коректни судии, тоа ќе го направеа за време на натпреварот. Видовме како се однесуваа тогаш, па што можеме да очекувам сега, откако заврши натпреварот. Парите и политиката, за жал, се вмешани и во спортот и очекувано беше да има ваков однос од страна на судиите, бидејќи сепак се работи за Германија, која е била веле сила, но е и финасиер, баш како што напиша Роси. Затоа, да не очекуваме многу утре, да очекуваме во четврток, да победиме, јас мислам дека заслуживме, уште од натпреварот со Шведска .
Ние да ја тепаме Чешка, Шведска да ја тепа Германија. А баш ќе го гледам и натпреварот Шведска со Германија со акцент на судиите.
Абе дечки, нејќам да бидам песимист. И јас сакам, да извлечеме бар еден поен, мислам кој не сака.. Меѓутоа можноста од поново да се игра 0,00000000000000000000000001. Да не си даваме и лажна надеж, и да си мачкаме очи. Нема теоретски шанси. Они ко прво, дали воопшто ќе ни се извинат е прашањето? А ко второ, кои сме ние? А која е Германија? Калимеро, одамна рекол, дека нема правда. Друго што сакав да кажам, е дека, другите одлучуваат за нас. Има тука разни комбинации, овој да победи, оној да изгуби итн. Така да, не зависи се од нас.
Многу ми е жал за децева, после таква пожртвуваност и борбена игра, против ракометна велесила како Германија. А народотот наш....После толку прочитани и слушнати нефер коментари, навистина не знам дали ги заслужуваме.
Топката ја помина гол линијата http://www.kurir.mk/sport/rakomet/57374-Topkata-ja-mina-gol-linijata-USPORENA-SNIMKA Сега останува да речат е не е бело црно е, се сомневам дека ќе го признаат, ќе речат ај ќе ви дадеме 1 гол плус со Чешка, ако губите со многу разлика
без разлика дали било гол или не работата е завршена, добро е што пратиле жалба бидејќи не трба да ќутиме. синоќа бев многу разочарана што изгубивме за малку но тоа е тоа. играчите направија неколку клучни грешки но не се за осудување играа до последен здив и тоа треба да се цени. а посебно сум горда на македонските навивачи во ниш тоа е прекрасна глетка и прекрасно звучи, се надевам само дека ќе останат и за утре и дека се ќе помине без скандали. а за судењето се е кажано срамота е но овие работи ги има низ цел свет така да јеби га преку леб погача небива сега ќе се бориме да створиме име за наредните генерации да можат праведно да победуваат. Главите горе и напред македонци за утрешниот натпревар
Ако некој може да притисне можеби малце тоа се, Србите како домаќини, они имаа многу поголем авторитет во спортот.
Женски абе јас да ве прашам нешто многу ме мучи.Гледам дека некои викаат дека по жалбата за непризнаениот гол утакмицава можда да се преигрува. Е сеа ја ко што знам,од другиве спортови,официјален реузлтат нема шанса да се менува,ни да се преигрува утакмица на првенства. Ако судиите згрешиле можат да бидат суспендирани,парично казнети,исто така и германската репрезентација или играч одделно,ама официјален резултат НЕ може да биде сменет,нели е така и у ракомет? Чист пример у светско првенство у фудбал,незнам точно која година,во полуфинале мислам дека,играа Турција-Бразил.Ривалдо исфолира пенал,судијата му го досуди и на играч од Турција му даде црвен картон. Турција го изгуби натпреварот и се жалеше.УЕФА го суспендираше судијата а Ривалдо плати огромна парична казна..арно ама Бразил си отиде понатаму а Турција си испадна,никакво преигрување утакмица,никакви промени на резултати..
Јас овде не гледам гол. Да бидеме реални можевме да победиме и тоа со добра разлика, испуштивме клучни шанси во последните минути , направивме многу грешки во цел натпревар.И да судиите беа порѕирно и пренагласено наклонети кон Германската репрезенатција.Кире не требаше да ги утне 2та седмерци, не смeе играч од таков калибар да си го дозволи тоа.А и Мојсовски беше излезен од колосек. Браво за две работи - Диви , ала му вера али џабе кога нашиве не искорисија, не ги прифатија одбранените топки.Штета.. И браво за навивачите кои беа во толакав број и грмогласни исто како да играме на домашен терен а не на Европско првенство.Тоа е голема подршка.Али верувам во момците и мислам дека ке соберат сили и дека Чешка ке биде наша.
Тоа што е обележано на сликата дефинитивно не е голот. Топката е горе, гледајте кон рацете на ракометарите. Како и да е, одлуката сигурно нема да биде во наша полза, а тоа што претставници од ЕХФ (воедно Германци) беа присутни на натпреварот не укажува ама баш на ништо друго освен дека се нацртале таму со цел да се прави притисок врз судиите. Ако не беше така, кај беа на натпреварот Чешка- Германија, или таму Германците изгубија па ај да го фатат последниот воз и да се стрчаат додека можат да им помогнат на нивните боксери