Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска ракометна репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 6 јануари 2012.

  1. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.563
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    Утре со среќа на нашите, да ја победеме Чешка и да одеме понатаму, а на Германците од се срце им посакувам да испаднат. Ауфитазен Доичланд!! :D 8)
     
  2. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Реално не било гол. Значи јас ги видов тие снимките и стварно секако ми изгледаше. :D Од еден кадар изгледа како да е гол, ама од камерата што снимала лево или десно, како и да би дошло на голот се гледа дека голманот не ја ни допира топката, таа мава во стативата и после се одбива од земја т.е. мава на сината површина, а од белата натаму е гол веќе. Не беше далеку од голот, ама ете не било гол. За жал...
    Ама ајде да стискаме палци утре да ја тепаме на Чешка, имаме квалитет, само малце среќа ни фали. :rofl:
     
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Бил не бил гол секако немаше да ни го уважат... Џабе се понадевавме.
    Туку утре нека изиграат најдобро, уште еднаш нека остават срце на терен и тоа ќе биде погодокот!
    Еднаш реков, уште милион пати ќе повторам: победиле или не тие се нашите херои, нашите победници!!
    Мораме да ги бодриме, мораме да сме со нив и во пораз и во победа!!!!
    Напред момци, можете вие!!!
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    На крајот на краиштата, без разлика дали признале дали било гол или не,се знае колку се храбри нашите :geek: :rock: :muscle: :D па сега им се допаѓало на нив или не :!: :emo: Што сакам утре да ја победиме Чешка, уф мераклиски :D дај Боже :angel: :angel:
     
  5. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
    Ајде момци,само храбро :clap:
    нашите срца и мисли се со вас :angel:
    имате многу мотиви за победа,како награда за сите ваши навивачи,посебно на оние 4000 беспоштедни грла во Ниш :angel:

    утре ќе биде најтешкиот натпревар(според многумина кои се разбираат во ракомет,Чешка е најсилната репрезентација во нашата група),морате целосно да се дадете себеси,со целото срце за Македонија!!!
    Нека и Бог биде утре со вас,и среќата да ви е наклонета :angel:

    СРЕЌНО И ХРАБРО !!!
     
  6. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Ќе се молам, и ќе навивам премногу за утре да победиме!! Сета сила и среќа што ја имам во себе, ќе го молам небото да им ја даде на нашите ракометари во тој час. Ги обожавам овие моменти на нашата сплотеност, нашето заедничко навивање, и атмосферата, ми дава чувство како ние, нашата држава, да сме една фамилија. Сакам да се повтори доживувањето како што беше со нашите кошаркари.. можеби многу барам... но знам дека вредиме, и дека имаме големи шанси да стигнеме далеку, како што стигнавме и со кошарката.

    Утре, навивајте најмногу што можете феминки мои, и едноставно во себе имајте ја сликата како на крајот од натпреварот, ракометарите скокаат и се гушкаат од среќа!! :)
     
  7. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Утре мора да ги решиме :muscle: :muscle:
    Нека знаат тие кои деца се Македончина :!:
     
  8. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Според некоја логика би требало утре да ги тепаме Чесите, пошто изгубија синоќа од Шведска со добра четири разика.
    Колку да се пофалам бев во Ниш вчера. Таква публика и Македонија никогаш немала. Во еден момент помислив дека цела Македонија е таму. Атмосверата беше фантастична верувале или не трибите се тресеа страв ме фати едно време. Кире малку ја утна, демек се лутел затоа што братму не го пуштале да игра. Прогласен е за играч кој прави најмногу асистенции на првеството ама немора толку да се форсира кога голот се гледаше дека беше негов, а и оној гол кој не го признаа е чист гол апла се гладаше и сега нека чекаат писмо со извинување од EHF. Како и да е се виде дека можат да играат и со четворица играчи 2 минути, а за тоа време да не добијат ни гол :)
    Секогаш двајца се посилни од еден... Germany+ЕHF vs. Macedonia
    Останува само да стискаме палци против Чешка и да стигмене до реваж со Германија и да им пееме повторно Deutschland, Deutschland, Aufwiedersehen
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Јас мислам дека исто колку што сакаме да ги тепаме Чесите, треба да сакаме Швеѓаните да ги тепаат Германците. Затоа утре за нас ракометот треба да започне во 6 и 15, со натпреварот Шведска-Германија да ги бодриме Швеѓаните, зошто ако победат, Германците отпаѓаат и нам нема да ни е толку важно дали ќе победиме со Чешка или не, секако ќе одиме Шведска, Македонија и Чешка во втора фаза. Затоа ни е нам толку битен натпреварот што се игра во 6 и 15! Јас ќе го гледам со сигурност и големо внимание, ви препорачувам и вам :)
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Утре ќе навивам за Швеѓаните како за свои, уффф колку ми станаа антипатични Германците.
    И се разбира многу верувам во нашите дека утре ќе тепаат.
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Статистика: Ангелов најдобар голман, Лазаров втор стрелец и асистент

    По одиграните две кола на ЕП во Србија, направена е и статистика за учинокот на ракометарите поединечно, а двајца македонски репрезентативци се наоѓаат во самиот врв.

    [​IMG]

    Дека македонската ракометна репрезентација игра солидно на ЕП во Србија покажува и објавената статистика за првите две кола од континенталниот куп. Двајца Македонци се наоѓаат во самиот врв во три категории.

    Имено, нашиот чувар на мрежата Петар Ангелов – Диви е најдобриот голман по две одиграни кола. Од вкупно 23 удари кон неговиот гол тој успеал да одбрани 11, или има 44 проценти успешност. Во просек по натпревар, Петар Ангелов има 5,5 одбрани.

    Борко Ристовски се наоѓа на делба на 12-тото место со 15 одбрани од 44 удари кон неговиот гол, или со 32 проценти успешност. Ристовски се наоѓа на шестото место во одбраната на седмерците. Македонскиот голман од пет удари од седум метри, два успеал да ги одбрани.

    Македонскиот најдобар ракометар Кире Лазаров се наоѓа на врвот во две категории. На листата на стрелците, со вкупно 14 голови од 36 шутеви, Лазаров се наоѓа на второто место зад најдобриот досега, Швеѓанецот Никлас Екберг кој постигна 16 голови од 21 обид.

    Лазаров го дели првото место на листата на асистенти. Покрај името на нашиот најдобар ракометар стои бројката од 12 асистенции или по шест на еден натпревар, исто колку што во моментов има најдобриот ракометар на Чешка, Филип Јиха.

    Македонски ракометар кој заработил најмногу исклучувања е Аце Јоновски кој досега има две казни од по две минути, додека Темелков и Алушовски со по две украдени топки го делат третото место во оваа категорија.

    Стојанче Стоилов и Бранислав Ангеловски го делат осмото место кај најдобрите блокери со две блокади на два натпревари.

    На листата на загубени топки Наумче Мојсоски високо котира и се наоѓа на делба на третото место со вкупно осум загубени топки, или четири по натпревар. На оваа листа Кире Лазаров се наоѓа на 13-тото место со пет загубени топки на два натпревари.

    Извор: kurir.mk
     
    На julie77, Rozich, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  12. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Германците за нас: „Македонците се жешки како жешко масло!“


    Германската спортска јавност, како и тамошните медиуми се импресионирани од нашата „ракометна легија“ и со пофални зборови го истакнуваат фанатизмот кој ги следи нашите ракометари.
    „Фанатизмот на македонските навивачи е својствен само за Балканот“, оценува германскиот селектор Хојбергер во пресрет на решавачкиот дуел. Пораз на Германија ќе значи историски неуспех, пишува Дојче Веле.

    Германската спортска јавност преокупирана со ракометни теми во пресрет на решавачкиот дуел на Европското првенство во Србија против Македонија. Водечките спортски медиуми ги анализираат слабостите и предностите на германскиот тим против Македонија, а интернет порталот на спортската телевизија „Спорт 1“ донесува и интервју со капитенот на македонските ракометари, Кире Лазаров. Се чини, германските медиуми повеќе се исплашени од македонските навивачи, отколку од ракометарите, коментира Дојче Веле.

    Поранешниот, долгогодишен селектор на германскиот тим Хајнер Бранд, со кој беше остварен и историскиот триумф на Светското првенство во 2007-та, вели дека Германија има сили да се врати по поразот од Чешка и да забележи победа против Македонија.
    Германија има добри шанси против Македонија, затоа што македонската репрезентација потроши многу енергија во дуелот против Шведска, оцени Бранд.
    Капитенот Паскал Хенс, кој разочара против Чесите, против македонскиот состав очекува уште потешка задача. И тој и германските медиуми особено ги потенцираат македонските навивачи.

    „Мораме да излеземе од дупката. Против Македонија ќе биде многу тешко. Тоа мораме да си го прифатиме во главите“, вели Хенс.

    Фанатизам на трибините

    „Македонците се жешки како жешко масло. Тоа е неверојатно“, изјави плејмејкерот Михаел Хас откако го изгледа дуелот Македонија-Шведска. „За нас ова ќе биде како меч на гостински терен и мораме да останеме ладнокрвни“, вели Хас, кому посебен впечаток му оставиле и македонските навивачи.

    Навивачите се главна тема и за државната телевизија ЦетДеЕф која донесува и цела анализа под наслов „Македонската ракометна легија“. Освен што носат шлемови карактеристични за римските легионери, македонските навивачи прават неверојатна атмосфера, јавува дописникот на телевизијата од Ниш. Почетните стравувања дека може да дојде до некакви инциденти, не се оствариле, јавува тој натаму. Дури и Швеѓаните биле задоволни од атмосферата во салата за време на мечот.

    „Во салата имаше прекрасна атмосфера, во ниту еден случај таа не беше непријателска. Тоа беше еден голем празник на ракометот“, ја пренесува ЦеДеЕф изјавата на шведскиот интернационалец Штефан Левгрен.

    Атмосферата ја коментираше и селекторот Мартин Хојбергер.

    „Мораме да бидеме подготвени за тоа. Ваков фанатизам на трибините, тоа го има само на Балканот. Но во тоа е и возбудата и предизвикот во играта“, вели Хојбергер.
     

    Прикачени фајлови:

    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Нишка бања, топла вода, идеме по двата бода!!! [​IMG]



    За кого?
    ЗА МАКЕДОНИЈА!
     
    На sesilija, Elennaa, Tomcia и 15 други им се допаѓа ова.
  14. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Ајдее! Гладни сме за победа!
    Ни фали еуфоријата од летото, ајде дечки сигурно ќе победиме!! :party: :party: :party:
     
  15. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Димовски: Да победиме за Македонија!

    Обврска ни е на овој голем празник да ја израдуваме нашата фантастична публика и цела Македонија, изјави Ванчо Димовски за Спорт Арена.
    Иако поради повреда натпреварите ги следи од клупа, борбениот ракометар вели дека сите се подготвени за вечерашниот натпревар.

    -Што се однесува до мене јас не сум 100% подготвен и за жал не можам максимално да и помогнам на репрезентацијата. Но за наша среќа тука е Стојанче Стоилов кој имаше одличен натпревар против Германија. Мислам дека денес ќе пресуди искуството кое ние верувам дека го поседуваме за вакви важни натпревари. Играме против репрезентација која не можам да ја дефинирам, многу опасна, игра чуден ракомет, може да победи но може и да загуби од секого, изјави Димовски за Спорт Арена.


    Одиме да победиме за Македонија, потенцира Димовски.


    :l:
     
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Инаку знаеме сите дека во секоја репрезентација постојат врскаџии. Да речеме во кошарската Ивица и Марко го преседоа првенството од клупата, а солидни кошаркари кое можеа да помогнат не беа викнати од Докузовски. За фудбалот да не зборам тоа е мафија.
    Но и во ракометот. Филип Лазаров е добар играч, но не доволно добар за репрезентација.
    Кога влегува во игра Филип мене ми се темни пред очи.
    А на позицијата на која игра Филип имаме злато од ракометар Раде Стојавиќ, кој за жал Шундовски не го покани ни во поширокиот список на ракометари. Зошто? никој не знае.
    Но сите имаме очи и го гледаме клипов.
    Момчево и те како заслужува да е на првенствово.
    Кој шут го има...

    http://www.youtube.com/watch?v=7wyT_ADnqoI
     
    На esperanca и Smilly им се допаѓа ова.
  17. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    ^ И според мене Раде Стојановиќ е многу добар ракометар, меѓутоа уште пред 2-3 години се испокара т.е. му крена рака на некој селектор/тренер (оддамна беше, не ми текнува точно) и од тогаш, за жал е избришан од секоја листа.

    За Филип Лазаров - не ми се допаѓа како игра, шутира превисоко, а и незнам дали знаете - мижи кога шутира... :/
     
  18. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
    :?
    Македонија жртва на ракометна шпионажа

    http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6F7E ... ED81E8A286

    „Ден по натпреварот со Шведска седиме во хотелот на кафе со нивниот репрезентативец од српско потекло Далибор Додер и тој ми вели: ’Знаевме се' за вас‘, смеејќи се. ’Како тоа?‘, се чудам, а тој ми открива дека гледале касета од нашиот контролен меч со Црна Гора за време на подготовките на Златибор, кој беше од затворен тип. Кој ли не' снимал во саличката со влез што истовремено е и излез, а ние да не го забележиме? Дури, почнавме да се сомневаме дека некој од нас го сторил тоа“, раскажува најдобриот македонски ракометар.

    Начевски додава дека сигурно бил снимен и последниот тренинг пред стартниот дуел на првенството со Швеѓаните, бидејќи противничките ракометари имаа подготвен одговор за сите наши акции што требаше да бидат изненадување за нив. Лазаров се надоврзува со информацијата дека шведските репрезентативци што играат во Шпанија биле задолжени детално да ги анализираат неговата игра, движењата, каде шутира, како ги проигрува соиграчите. „Тастери“ во случајов биле голманот Јохан Сјестранд и пивотменот Магнус Јернемир, обајцата од Барселона. Колку информативната обработка успеа да го запре еден од најдобрите десни бекови во светот зборува и неговата статистика: Лазаров во првиот меч на шампионатот постигна седум гола (но од 19 удари), не реализира два седмерца, а од 9 метри имаше ефект 3/12.
     
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    А да, на Илија Темелковски мислам му крена рака, односно се случило во соблекувална демек го нападнал...едниот обвинуваше, другиот негираше...очевидци нема :D Па кога го ставаше постојано на трибини а не на терен за да можат дрва како Филип да играат...али тоа е...
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Феминки Шведска - Германија од колку играат?

    Мислам дека вечер победа не ни бега!!! ]:)