Шуќур не дадоа гол во последните секунди.. Ми олесна... Идеме јако, сега.... Алеее Алееее.... МАКЕДОНИЈА
Кире Лазаров треба многу повеќе да се покаже, има јак шут. Сеа на полувреме нека стивнат и да очекуваме победа, друго што да кажам.
Море да не ги урочам, ама овие судии се каде-каде бољи. Само имаа една грешка, тогаш Стоиловски што се не му направија, и ништо.
Добро се држиме до сега, и покрај техничките грешки. Супер резултат имаме, само подобар напад во второто полувреме! Можеме ние, можеме! Одиме на победа!
Јас им давам предлог дома да не гледаме второ полувреме оти се испотепавме меѓусебе, фрчат нервози и пцовки, па не чини ова еј! Ми се плачи на сите реклами со навивачкиве песни жими се..
Абе, зошто по ѓаволите не подавате на крилата Алушевски и Темелков? Само едни та исти си подаваат. Ајде, малку посериозно ако сакаме да одиме напред.
добро овие џиновите не сокршија ги дават, тегнат , влечат, маваат нашиве, ова е гладијаторска игра не ракометарска... мислам дека треба да им се направи по една спрепка па како што се високи така фино ке паднат
Нерешено и среќа што е така. Колку сме флегматични. Овие се јаки, реално. Дадовме ли гол- цап,цап - ни го вратија. Голманот си се држи до гол и брани човекот, а Ристе наш, 5м пред гол! И после не нервирај се, цркни од нервоза! Брзо, јасно, не ни требаат пасивни напади. Ајде момци, не ги разочарувајте Феминките! Знам дека можете!
Технички грешки не кинат. Покрај одбрана. Ама верувам во момците, ќе победат. За кого? За МАКЕДОНИЈА!
Абе сериозно некој на Кире да не му фрли клетва. Засега асистирањата слабо му идат, головите уште послабо. Премногу високо шутира. Треба малку да поработи второ полувреме. Цела Македонија највеќе на него се надеваат. Нека не не разочара. Ајде може! Браво овојпат за Мојсовски. 100% реализација. И да нека ги активираат повеќе крилата. Ајде ајде второ полувреме подобро. Со вас сме!
Значи ракометов психички ме уништи Премногу грешки направивме, а Чесите одма реагираат на некоја наша слабост. Ајде момци, можете вие
Се поправивме или ммене ми се чини? За кого?! ЗА МАКЕДОНИЈАА! Без зафрканција, сега сме најјаки! Браво момци, браво! Цела Македонија е со вас! Ако продолжиме вака, Чесиве можат само вода да ни носат. Значи, Чесиве можат само вода да ни носат. Бравоо!