Не верувам дека со Србија ќе биде фер. Домаќини се, форсирани ќе бидат. Ме плаши само да не се испотепаат нашиве со нивните навивачи
Да не мешам, ама како ги победивме Литванците во кошарка? А и да не победиме, големо чудо, НИЕ СМЕ ГОРДИ!
Србија играат со Германија и Шведска, така што ќе одат дефинитивно на победа со нас! Ќе видиме како ќе биде, јас реков се надеваме, а не веруваме или не. Србите очекувам дека ќе изгубат или од Германија или од Шведска, сигурно нема да ги победат тие две репрезентации, ќе биде нешто реми, некој пораз едно друго, па ќе мора да не победат нас. Е тука доаѓа моментот и ќе видиме. Па и Литванија беа домаќини во кошарка па ги победивме! Можеме и Србија да ја победиме!
Абе ги победивме, ама многу нефер утакмица од нивна страна беше. И со Србиве ќе е така претпоставувам. Само не е проблем.. Докажуваме колку сме јаки и покрај сопките
1 бод пренесуваме во следната фаза, сега имаме 3бода ама бидејќи Чешка испаѓа тие 2бода не се важат и само со 1бод одеме во Белград, исто и Шветска тие имаа исто победа против Чешка ама бидејќи Чешка испага од групата во следната фаза ке имат само 1 бод, а Германците 4ри(не победија нас и Шветска) Спојлер во претходниот пост наместо бод јас со т(бот) моја грешка од возбудата
ВРЕДЕШЕ ПАЃАЊЕТО НИЗ ЗАМРЗНИТИТЕ УЛИЦИ НИЗ ГРАД И БАРАЊЕ ПРАЗНО МЕСТО ПО КАФИЧИТЕ !!! Ама се радуваам
со 1 бод одиме сега , така ?!?! оти мислам сега чешка испаѓа и бодовите од победата не ни се рачунаат , само 1 бод од нерешениот натпреварот против шведска
да,само 1 бод поради победата на Германија против Шведска,инаку би имале 3 Србија 4 Германија 4 Полска 2 МАКЕДОНИЈА 1 Шведска 1 Данска 0 Сабота -Данска во 16:15 Пон. -Полска 20:15 Среда -Србија 16:15
Одиме за Белград, но нема да биде повеќе Бел градот, ќе го обоиме со црвено жолта боја, да му удриме малку ведрина...
Македонци нека ни е честито победата Спојлер Ви се верува ли дека има луѓе што не гледаат ракомет туку одат на именден
Миркуловски: Македонија е најдобра кога е најгусто Напишано од Спорт Денес Четврток, 19 Јануари 2012 22:36 Најдобриот поединец во редовите на Македонија на натпреварот против Чешка, Филип Миркуловски не ги криеше емоциите по крајот на средбата во која нашите момци извојуваа победа за пласман во втората фаза. Миркуловски беше предводник на одбраната, одличен асистент во нападот и непогрешлив стрелец, 5 погодоци од 5 шута со што му беше од голема помош на Лазаров и Мојсовски. „Најпрво сакам да им се заблагодарам на нашите фанови, тие беа извонредни, направија да се чувствуваме како да играме дома. Натпреварот беше навистина тежок, во него влеговме со притисок на императивот на победата“. „Натпреварот се кршеше во средината од второто полувреме а тогаш ние одигравме одлично, одбраната беше на високо ниво, не направивме никаква грешка. Македонија игра најдобро кога е најгусто, ова до сега многу пати е докажано“. „Одиме во Белград со само еден поен, но имаме уште што да кажеме и да се докажеме против репрезентациите од групата А, имаме шанса треба само да ја зграбчиме“, изјави Миркуловски по натпреварот. превземено од http://sportdenes.com
^ ЗА МАКЕДОНИЈА! Солзи во очи, гордост во срце, врисок од грло. Само за Македонија! Само за нашата победа! Спојлер Ако и' е на Шведска, сега е трета во табелата, така и и' треба кога предава натпревар. Нека пукне!