Еве ни го знаменцето бе -Арената се тресеше, толпата полуде со околу 100 децибели кога нивниот црвено-жолт состав погоди во два последователни напади, пишува на официјалниот сајт.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ 21 јануари: МАКЕДОНИЈА - Данска (18:15 часот) 23 јануари: МАКЕДОНИЈА - Полска (16:20 часот) 25 јануари: Србија - МАКЕДОНИЈА (20:15 часот) Едвај чекаме!
Распоредот на натпреварите: Ќе играме во сабота со Данска од 18:15 часот,понеделник со Полска од 16:20 часот,во среда со Србија од 20:15 часот.
Најпрво едно најголемо БРАВО за нашите борци. Немам зборови. Пресреќна сум и прегорда. Одлична игра на сите наши момци. Верувам дека сите се сложувате за заслужената награда за Миркуловски за најдобар на натпреварот. Браво за неговата храброст. Долго ќе се сеќаваат и ќе зборуваат за него Чесите. А вие момци само напред . Продолжете така. Цела Македонија е со вас. НАЈДОБРИ СТЕ. Одиме до крај. И на крај пофални зборови за Македонската фаланга. Најдобра публика имаме во светот. И Србите кои се домаќини, немаат толку бројна и бучна публика како нашата. Одиме во Белград! Сега се на ред Данците, Полјаците и Србите да ја доживеаат оваа пеколна атмосфера.
Нова вест Лазаров: Без еуфорија, ќе донесеме нови радости Капитенот на машката ракометна репрезентација не можеше да ја сокрие среќата по победата над Чешка. Сепак, во негов стил, покажа доза на смиреност и предупреди да се избегне настанување на еуфорија. -Битно е да се смириме, да сме здрави и живи, машки да се бориме и понатаму, да играме како што треба, да знаеме што сакаме и гарантирам дека ќе има уште радости. Но предупредувам, најдобро е да одиме без еуфорија, истакна Лазаров. Иако преку резултатот не изгледа така, потенцира Лазаров, ова беше тежок меч за нас, но постигнавме огромен успех. - Не само што ја добивме Чешка, туку и против Шведска и против Германија покажавме дека можеме да им парираме. Ме радува нешто друго , не се посрамотивме ниту еднаш, игравме како голема репрезентација и тоа трет меч по ред. Можеби забележавте, на сите три натпревари досега играчот на мечот беше од нашиот табор, со Шведска – Алушовски, со Германија – Стоилов, а вечерва – Миркуловски. Се надевам дека така ќе продолжиме понатаму, да се редиме еден по еден, изјави капитенот. За идните натпревари вели дека е најважно да се пристапи смирено и да не се „губи глава“. извор http://www.bakadar5.tk Порака до владата: Организирајте бесплатен автобуски превоз за Белград! Ова е барање до владата, јасно и гласно бараме да ни се овозможи бесплатен автобуски превоз до Белград, за да отидеме во што поголем број и да ја бодриме нашата репрезентација! Се надеваме дека владата на чело со Никола Груевски уште еднаш ќе си го покаже вистинското лице и ќе обезбеди автобуски превоз до србската престолнина! ВИ БЛАГОДАРИМЕ! извор http://www.bakadar5.tk За последното не сум сигурна дека ќе обезбедат превоз и ќе ја прифатат понудата, па блиску е Белград, а и да се обезбеде ќе нема доволно карти.
Едно огромно фала до македонската ракометна репрезентација за најубавиот роденденски подарок, феноменални беа!
Браво момци !!!! ептен се радувам луѓе многу ми е драго да ви кажам и баш би сакала да одам во Белград ама пуста работа вода ја однела како и да е она што ми е посебно драго е тоа што бар до сега што прочитав и македонците и србите не се противнички туку пријателски настроени не би сакала да се створи гужва и непријателство помеѓу двете земји посебно ако некој пијан сељак створи гужва за ништо. Сепак браво за Македонија и одиме во Белград по нови победи и радости.
А бе нормално кога дома играат ... многу фактори им се наклонети и плус се добра екипа. Ама не се знае ... има време. Него алал да им е на нашиве лавови! Со срце играат и вчерашниот натпревар посебно кога почнаа напад до напад да реализираат и да водат до крај е тоа треба да го практикуваат и понатаму. Само да се наметне таква игра и таква сигурност противниците има да се погубат. Фати мајата од кошаркарите и на ракометов ... Посакувам во Белград добра игра и уште подобар пласман! Можеме знам и повеќе да постигнеме А кога би вовеле и награда за најдобра навивачка публика дефинитивно нашата би го носела тој примат за најдобра. Им покажуваме на сите како се навива достојно, од срце и со радост.
Леле луѓе ама сте чудни,па нормално дека ќе се сакаат поише себе него ли нас,што ви е? И мислам дај не ја пунете темата со офф-топици,дали не сакале србите ил не не сакале Иначе нашиве навивачи и таму се степале,исто ко у Литванија што направија. http://www.b92.net/sport/rukomet/vesti. ... _id=575511
-Makedonci obozavaju da gaze domakine -Opasni su Makedonci, gledao sam ih sva 3 meca, cini mi se da ce iznenaditi kao u kosarci.