„Разбуди се“ нека легне да поспие, и нека не замара со вакви коментари, статии, извештаии и сл. Не дека на некого му дошло до нивните мислења и ставови. Се лутат дека Шиптари ги викаме, а самите се нарекуваат Шкиптаре или како год, сега не знам како се пишува тоа. Тоа е наша песна, и ние може да навиваме како сакаме. Ако се појаки, нек растурат на терен, што да им кажам. Од ваквите, и Билјана Секуловска ми се сере очајно.
Биче фешта кога ќе играме со србите. Ќе се пролее крв сигурно, а од тоа многу ми е страв.. Си ги знаеме нашиве навивачи, а нивните не се нешто подолу, дури и бетар.. Ќе замешаат политки, наши сме, ваши сме и ајт!
Нормално дека Разбуди се ќе реагираат и ќе го осудуваат навивањето со такви песни, на кои не им беше ни време ни место. Единствена црна дамка на нашите навивачи, без повод и причина да се разгорува неслогата, а албанците ги нарекуваме дивтари. Колку сме контроверзни. Се прашувам само каде беа тие 4000 изгорени "патриоти" кога требаше да се брани Кале и во мал милион други инциденти? Ама изгледа им е посигурно во Србија да пеат, а тука да ќутат.
Не разбирам, тогаш како поинаку треба да навиваат нашите, со балади или тажачки песни??? Гледам странците се изненадени од нашите навивачи, се чудам како пак странците навиваат за своите изгледа не навиваат, молчат додека не видат на крај дали победиле,па тогаш да се одлучат дали ќе се радуваат или не Море што сакам да ги победиме Данска, Полска, Србија, сите да бидеме како ехо на нашиве кошаркари или продолжение :geek: Шо ми е мерак ко ќе ги видам нашите во салана онака распеани од срце и душа, уф....
Во врска со навивачите, кај тие што се осмелиле да промрчат се чувствува доза на завист и љубомора, нашата фаланга е од сите јавно прогласена за најдобра публика на првенството, многу јасно, да се знае кои сме и ушни тапанчиња да пукаат ако треба, ги разбирам и нив сепак нашите се единствени и многу прашина се крева околу Македонија на првенствово
Братучед ми, кој инаку има 11 години, вчера при напреварот со Чешка од возбуда се развикал: Напред Кирооо Глигороооввв!!! Штама и сите вакви фацки
Мислам дека во следната фаза продолжуваат со 4, не се префрлаат поените од натпреварите против тие што не продолжуваат (во случајов Словачка).
Аааа да, заборавив дека Словачка не продолжува. Супер! Инаку, кој сака нека гледа, јас ќе гледам паралелно Исланд со Словенија во 6 и 10, и уште поинтересно Шпанија со Русија во 6 и 15. Потоа играат Хрватите со Норвешка во 8 и 10, и Франција со Унгарија истотака вторава е поинтересна во 8 и 15.
Видео: Рикер страстен навивач за Македонија Поранешниот амбасадор на САД во Македонија Филип Рикер беше меѓу првите синоќа кој им ја честиташе големата победа на македонските ракометари над репрезенатацијата на Чешка на Европското првенство во ракомет во Србија. Американскиот дипломат синоќа беше на трибините во салата „Чаир“ во Ниш меѓу македонските навивачи облечен во дрес од македонската ракометна репрезенатација со неговото име на грбот. Веднаш по завршувањето на натпреварот, Рикер се симна на теренот и им го честиташе успехот на ракометарите и стручниот тим. Во интервју за официјалниот сајт на Европската ракометна федерација Рикер вели дека го засакал ракометот додека престојувал како амбасадор во Скопје. „Со сопругата почнавме да одиме на натпреварите, станавме пријатели со тимот и навистина го засакавме ракометот оттогаш“, вели Рикер на шега додавајќи дека како задолжен за земјите од Западен Балкан во Стејт департментот му е дозволено да навива за Македонија. Српските медиуми вчера пренесоа дека Рикер по средбите со политичкиот врв во Белград со специјален лет пристигнал во Ниш неколку часа пред натпреварот. http://www.youtube.com/watch?v=k-nDnad9 ... r_embedded Мноооооогу добро видео :up: http://www.youtube.com/watch?v=6RQduf8n ... er&list=UL
Џенцкии јас препекав за да одам Белград, го отепав татко ми цел ден, ај ај ај ко некое бебе сум , не е ич скапо, 10 евра била картата ,,уфф да сум таму барем на 1 утакмица Сакам бе па.. Нестрплива сум до утрешниот натпревар, ќе грми цела салаа сигурна сумммм, сигурно сега ојдоја уште поке македонци, ахх сакам и јас паа Данциии пазете се.
И јас сакам, ама кој ме прашува. Дури и навивачки реквизити купив денес со надеж дека ќе попуштат, ама ништо... Не ми запали финтата овој пат.