Леле јас мислам дека ќе ми пукне срцево во теков на првентсвото, па не можам веќе. Вчера бев на прослава за Водици, ама цело време го следевме натпреварот на нет, дури и 2 пати ја гледав репризата на сител 3. Морам да бидам искрена дека помалку се мислам да не има некој инцидент во натпреварот со Србија. Ајде со господ напред до нови победи.
И утре среќата да не служи ќе биде предобро. Дај боже и утре Данците да ги научиме на една добра лекција како се игра ракомет p.s Незнаете моите како сум ги молела да ме носат во Белград It's not fear!!!
Мене колоквиумите ми го расипаа планот, моите уште пред некој месец ми ветија дека за роденден ќе одам ,ама ете не отидов Спојлер + прва пратучетка ми живее таму, имав храна и смештај
Со нетрпение го чекам утрешниот натпревар..Се надевам дека нема да не разочараат срцките Филипче немој сонце да ме разочараш ако го видиш ова сожалисе над мене и не ме разочарувај
Дефинитивно на ова Европско првенство секој по секој може да победи. Фаворитите Франција и Данска со 0 бодови влегуваат во втората фаза. Мислам дека се далеку од полуфиналето со ваква игра, како што покажаа досега. Но сепак не сакам да ги потценам. Ајде момци да им покажеме на Данците дека можеме да се носиме и со нив. Утре одиме на победа. Само напред. Инаку за тие што во претходните постови ги критикуваа момците, сдк дека не е фер од нивна страна. Можеби момците направија многу грешки, но за тоа не треба да им замеруваме, бидејќи сите знаеме дека немаме долга клупа со која може да располага нашиот селектор, како што е случај со повеќето селекции. Друго Ванчо Димовски е повреден, Кире истотака пред првенството имаше повреда, потоа Миркуловски прима инјекции и тој има некоја повреда со рамото, еве слушнавме и за Наумче нешто со неговото колено не е се во најдобар ред. И покрај сите тие работи, нашите момци се борци, играат до крај и го оставаат срцето на теренот. Сремота е така да им правиме.
Денес ја гледав репризата на мечот со Чешка,добро бе Миркуловски,дете што ти дадоа на полувреме во соблекувална ? леташе по теренот и во одбрана и во напад,секаде го имаше Добро не морам да знам што ти дале,ам нека им дадат од тоа и на твоиве колеги за утре Спојлер Инаку утре имаме многу тешка задача со Данска тие без разлика што дојдоа со 0 бодови во оваа група,се меѓу главните фаворити за медал,што рече еден наш коментатор,тоа е екипа од едно друго,високо ниво на квалитет
Ептен ми се оди во Белград Му препекав на татко ми. Ќе се мрднам ако изгледам уште една утакмица ДОМА, не е фер ова Се надевам утре момциве ќе дадат се од себе и да ја згазиме Данска Сакам да имаме шанси за олимпијадата. Замислете и кошаркариве и ракометариве, лудница ќе биде. Многу сум горда на нашиве спортисти во овој момент, никој не игра во некоја голема лига(со исклучоци), а сепак им парираме на големите сили рамо до рамо. Само напред, заедно до победа
Нас дефинитивно ни требаат две победи , евентуално 1 победа и две нерешени Ќе видиме, со господ напред, утре нека ни тргне мечот
Најдобро ќе биде да имаме две победи и една нерешено, мислам дека Полска можеме да ја тепаме, а и Данска не покажаа нешто посебно. Србија мислам дека малце ќе ни биде проблем, нема изгубено натпревар, иако би ми било многу мило да ги утепаме баш Србите.
На вчерашниот ден пред 3 години на Светското првенство во Хрватска, Македонија ја победи Полска 30:29. Се надевам дека сега ке јa победиме со повеќе разлика. http://www.youtube.com/watch?v=EEHiGpVv ... re=related
Маж ми и татко ми ќе одат да навиваат денес во Белград.Карти купени, реквизити спремени, камера спремна. Уште да победиме
Македонска работа! Јас критикував. Не реков дека момциве не се бореа, напротив. Но имаше многу, ама многу грешки, кои сепак не би требало да ги прават ракометари од нивни ранг. Технички грешки безброј, бесмислени промашувања, значи сепак се работи за грешки за почетници и аматери. Играта на Кире, зборувам за ракометар од негов ранг, е катастрофална, подобро е кога тој не шутира. На мене не ми е поентата да мрчам овде и да плукам, напротив јас сум многу среќна за успехот на ракометарите, бидејќи сум силен навивач на македонската репрезентација во било кој спорт, и кога губи и кога победува. Но ајде и да бидеме реални. Јас се надевам дека во оваа фаза ќе покажеме поквалитетна игра од она што ја гледавме со Чешка. Искрено, подобро играа со Шведска, ама, пак поради наши грешки изигравме само реми. И фер сум, не би била фер кога овде, за доброто на сите би глумела дека ми се допаднала играта на нашиве, а не е така. Имав забелешки и ги пишав овде. Сепак ова е мое мислење, кое не мора да се совпадне со на останатите. Втората фаза е успех, но не треба да се задоволуваме само со ова. Момците можат повеќе, Кире може повеќе, и затоа очекувано е да одиме понатаму, евентуален пласман или во најмала рака соодветно освоено место е солиден успех. Доста со скромност и залажувања, овој народ и овие навивачи сакаат повеќе, бидејќи тие момци го можат тоа. Кошаркарите можеа и го направија тоа, ракометарите исто така можат. Фудбалерите сеуште не . Ајде момци, покажете се во вистинско светло, и утре, и во понеделник и во среда, па и вас да ве дочекаме на плоштад. Но доколку не успеат, доколку отпаднеме од оваа фаза, нема да плукам по овие момци, сепак горда сум на нив, но ќе бидам разочарана, бидејќи можеле, ама поради одредени причини не успеале. Но сепак има време, светот допрва ќе слушне за нас. Ја имаме најдобрата публика, ќе ги имаме и најдобрите спортисти, па тогаш сите нам ќе ни се тресат кога ќе се паднат со нас во група .
Да се знае кои сме http://tocka.com.mk/index2.php?ID=59035 Едит: вака и треба. да се плашат од нас... http://tocka.com.mk/index2.php?ID=59036 Ете да видите кој е аутсајдер..
240 километри одиме посеверно. 22.680 капацитете, на новата арена, кај што ќе се борат нашите лавови. 100 децибели? пффф сеа ќе пукаат дури тапанчиња, посебно во среда, посебно хохохо Клипов од пресс24 начисто ме наежи. http://www.press24.mk/video/sport/video ... metni-sili Данска ни е шансата, Данска ако е велесила, Данска играше лошо. НО беа 5то место на претходното првенство пред 2 години, а лани на светското го понесоа среброто. Така да тоа што има 0 бодови во групата не значи дека е аутсајдер. Тука веќе нема аутсајдери. А ние можеме, ние најдобро играме против големите. Ќе ги јадеме? Ќе ги мачкаме? НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!!
БРАВО ЗА МАКЕДОНИЈАААА!!!!! САМО НАПРЕД МАКЕДОНЦИ!!!! МАКЕДОНИЈА - СО ТЕБЕ СМЕ!!!! Македонската фаланга очигледно е најдобрата публика на цел свет, најбројни и најгласни сме! Многу ми се допаѓа видеово, ме ежи секој пат кога ќе го погледнам - ГОРДА СУМ ШТО СУМ МАКЕДОНКА!!! http://www.youtube.com/watch?v=3c_qsgl4 ... r_embedded