Со Полска играме, не со Германија. И да, имаме шанси,ама само ако победиме. Или едната да е нерешена, а едната победа, ама за ова не сум сигурна, не ме држи за збор. Ве молам некој да ме поправи ако грешам. Ама во секој случај, не смее да си дозволиме уште еднаш да изгубиме. Тогаш слободно може да си ги пакуваме куферите.
Добро бре а што беше работата со публиката ? 10 илјади публика а никаде ги нема, на минатиот натпревар погласни беа......
Јас не се разбирам во спорт и не го следам но татко ми е експерт за овие работи со години следи спорт и секогаш вели недај боже судија да е Шпанец или Англичанец тие се најлоши судии и секогаш кога играат Македонците тие прават мучки со топките и сега се потврди истото. Се сеќавам вака кога Македонија се натпреваруваше во фудбал незнам со кого исто така еден или два гола ни поништија и тоа кој ако не судија шпанец. Јебига таква среќа има Македонија истото го доживеавме и на ЕП по кошарка. Барем да беше нерешено ако ништо друго но да се надеваме дека на следните утакмици ќе бидат подобри.
Проблемот беше во тоа што премногу се опуштивме. Водевме што водевме, одлична предност имавме, но не ја зачувавме. И судиите замешаа прсти на крајот, и .. тоа е што е. Уфф неможам да опишам колку се нервирам, без глас останав, уште се тресам цела. Незнам друго што да кажам освен-повеќе среќа следниот пат. Е многу ми е криво!
Па добро бре, до толку среќа да се немало?! Ај што не тепавме, али бар нерешено да беше! Ај за последново немавме среќа, али за цело второ полувреме??!! Овие нашиве не можеа еден глуп Индијанец да го спречат 5 гола по ред да им даде! Смотани! Сами сме си криви што на крај ја зезнуваме секогаш! Али пак и малце среќа од горе нема лошо да ни падне! Како и да е, јас бар на овој Индијанецов му испцув се до петто колено, идиот скапан! Многу ме нервира!!!!
Типичен пример дека само една секунда може да промени многу, но тоа многу најчесто не е од корист. Штета.
Како бе?! Во дел од секундата примивме гол! Барем да задржеа време кога веќе не бидува. Ете мала невнимателност направи тие да не стигнат во резултатот. Барем да си задржевме +2-3 разлика. Ништо. Ете тоа е. Кога не бие малер, не бие. Па и да бевме +10 тие ќе не стигнеа. И си го повлекувам зборот за судиите. Не беше фер што не ни го признаа последниот гол. Еееее па!
Ама нашиот даде убаво гол, овој судијава го поништи да судеа како што треба, најсигурна сум дека ќе ги победевме Данците, на почетокот можеби арно се тргна, ама на крајот судииве зезнаа, очигледно е зошто.Па судијана виде дека е гол и го поништува апла се гледа дека е наместено
Леле Данцивееееееее, играа страшно жилаво, брзо и попрецизно од нас! Одма , ама одма враќаа, у секунда цццц.... На момент се изгубија они ние искористивме, ама после не утепаа. Не ми е јасно како можевме од +5 да дојдеме на -3 па овај на нерешено. Оние Ханс и братучет му Хансен немаа утка мртвите. Само оној голманон наш лелеле амн сто пати излезе на пола терен, амн голман си не играч. Инаку добр бевме, малку среќа немавме на крај предвереме се проглаивме за поедници, се опуштвме а тоа не чинеше, сакапо. А за судиите, незнам дали беше у право....ќе видиме.
Леле бе значи не ми се верува Оние лишки од судии се скроз ненормални....лелеллеле.Како бе МојСо направил 4 чекори?Како?Лага е за да тепаат Данциве...лагаааааааааааааааааааааааааааааа ..Знаете што ? Губам надеж за понатаму. Не сум разочарана од ракометариве,свака им част!Но разочарана сум од тоа дека секоја грешка на ракометарите ќе се смета во полза на противникот.А луѓе ко луѓе сите правиме грешки. Им честитам на нашите момци а особено на Кире денес добро се покажа и на Стојанче .Сакам да му кажам на Владимир дека го сакам!И среќно понатака,вие немате мана ама други не ве сакаат! Како и да е...МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРИ ВО МОЕТО СРЦЕ ЗАСЕКОГАШ!!!
Криво ми е што изгубивме, барем нерешено да беше, ама ете имаа среќа противниците, во последен момент си дадоа гол.