Срамота. Дозволивме да ја решат утакмицата последните 4 секунди. Ај што не го признаа голот на Наум, ама можеа да одолговлекуваат, макар и нерешено завршиле немаше толку да ми биде криво. И ништо не се виновни судиите, нашиве сами се криви што не ја држеа разликата што ја имаа. Да држеа позитива од 3 или 2 гола ќе немаа шанса Данциве, а не вака се опуштија, ни начукаа голови и сакаат во последни минути победа. Епа мало морген.
Судиите се криви за тој гол, но од друга страна тој гол беше и под фаул. Беа 3 чекори, немаше 4 колку што видов. Но можеше слободно да свири и фаул. Но ние сме си криви за целиот натпревар и за целиот пресврт. Освен оние 10 минути каде лом направивме и жива среќа за левата златна рака на Кире. Инаку лоша лоша лоша одбрана. Аман зашто не играа фластер? Тој момакот Хансен лом не направи, сам против Македонија да играше ќе не победеше. Друго беа пребрзи. Имаа одлична тактика, брзо само, а нашиве се спори џоа трактор и прават многу измени, а тоа во натпреваров беше ужасно, тие брзаат, ние неможеме да се смениме. Удрија кај што не боли. Штета штета. Не треба да разочаруваме, само одмор и тактика добра за победа над Полска. Можеме! Иако боли овој пораз, нека не боли, за да знаеме дека сме глупи. Ама и тоа е за луѓе. А ние сме луѓе, грешиме. А грешките се простуваат. Да не дозволиме да се повторат! Ајмо само јако и здружени сили
Водевме и 6, ама брзо намалија на 5. Па на 4, за да завршиме полвреме со 3. Добро само јас ли го приметив голманон наш, абе човекот на два-три пат на сред терен си се утрчава, и едаш шутна од гол на гол,не е нормален Не игравме лошо стварно греота е да се каже дека бевме лоши, само на крај потклекнавме И, овии брееее не чекаат ни секунда одма ни го турија
А што сите го пцуете судијата???? Да имавме 2-3 гола предност ко во прво полувреме, што можеше он со еден поништен да ни направи?! Ништо!!! Човекот искористи ситуација на крај оти ние му ја дадовме! 5 гола по ред ни даде Индијанчево и никој фластер не му играше! И судијата за тоа ни е крив, а? Барем еднаш да го спречеа немаше да изгубиме! Кога им даваш можност нормално оти ќе те заебат на крај!
И што има врска со колку сме воделе?Искрено ми се гади од вакви мрчења кога ќе изгубиме или кога губиме! Нема никаква врска,колку сме воделе или губеле пред тоа..Битно беше нерешено во тој момент,и голот на Мојсовски беше одлучувачки!А судијата свирна чекори кои ги немаше! И голот на крај на Данците е дефинитвно израз на искуство.Ретко кој би можел таква акција во секунда да изведе. Толку ли бе среќа да се немало Ајде одиме на победа против Полска и Србија.Се надевам Србија ќе ги добие првите два меча,и нема да зависи од нашиот па ќе може да ни попуштат колку толку,да не бидат барем нашиве под голем притисок.. Жал ми е за Македонија што изгуби како репрезентација како држава, ама искрено многу повеќе ми е жал за дечкиве! Си го оставија срцето на теренот,заслужија да победат!
Сами сме си криви за грешките, да допуштиш една добра игра и водство да ти паднат нагло ... Ама ок се е за памет. Ама ние сме тие, три напред два назад.
Разликата меѓу нашата кошаркарска и ракометна репрезентација (покрај Бошко ) е во тоа што кошаркарите ги решаваа инфаркт завршниците во наша полза. Полска е наша, а со тоа и квалификациите за Олимпијада. Така целта ќе е исполнета! За да стигнеме уште подалеку потребно е „гланцање“ на уште некои детали во нашата игра, рано е... МАКЕДОНИЈА!!!
'Sekogas tolku malku odlucuva... i sekogas toa tolku malkoto ne e*e..' Секакви коментари фрчат на фб. Инаку да, Борко нешто се занесува, се прават нашите ѕвезди, многу брзо се опуштаат и затоа губиме. Никогаш не играме до крај силно, во ниту еден спорт! Секој гол е драгоцен, а тие видоа дека водат 5-6 разлика и готово - како да тепаа. Никаде ги немаше второто полувреме, ни во одбрана ни во напад. 2 репрезентации одат понатаму.
добро во право си за ова, но и тоа едно голче во спортот е гол од големо значење, особено на вакви натпревари, ќе решеше нешто, од каде тие успеаа да избројат 4 чекори за да го поништат, знам дека нашите во последен момент зезна но јасно е ко ден дека шпанците ни пресудија и не дозволија ние да победиме. Не и не, ова не се случило еднаш досега, туку неколку пати што јас имам гледано натпревари а што ги судел судија шпанец или англичанец, исти ти ѓавол.
Требаше вака,требаше така.. Мразам такви коментари. Сигурно момциве не сакаа да изгубат,господее Се бореа колку што можеа,едноставно среќата како да избега од нас на крајот... Дел од играта е и поразот,не сфаќајте се така,не е се така црно,ниту е крај на свет. Calm down P.s и мене ми е интересен нашиов гоман
Толку сум разочарана што немате појма!! Па аман бее!!! Водеа со 6 разлика и на крај дозволија да не победат Судиите беа криви што ни го поништија голот, тоа да, ама никој не беше крив што ги начукаја сите на почетокот и ништо не оставија за крајот! Требаше полагано да се почне, а ако веќе се решија така да почнат па нека го држеа цело време истото темпо, не на крај да спласнат... Не велам дека играја лошо, секоја чест прекрасни беа...Ама ме разочараја... На голманот се до 7-мо коленому отерав у ...
Дечки бе.. у овие тажни моменти јас со едно питање.. Сега и Полска и Србија треба да ги тепаме за да одиме во полуфинале ?
хахахах се пресмеав на болдираново приметив и јас, си зима на пола терен, некои нивни позади него, голот си остана сам искористија шанса, имаа напад 4 секунди и нашиве уште трауматизирани од тоа како не ни го признаа голот, мислеа готово е заврши, кога лошото тек следеше, овој работи позади
Прашање е и тогаш дали ќе одиме. Ние сега имаме 1 бод, со две победи би имале 5, а Србија и Германија веќе имаат 4, им фали по една победа и ете ги над нас.
Имаше добра игра и на двете репрезентации а ние дефинитивно немаме среќа Се надевам на повеќе среќа следниот пат
Не ги обвинувајте останатите за нашите грешки. Од 7 гола предност во наша полза не победија со гол разлика и тоа во последните 5 секунди. Се опуштија премногу 2 полувреме што ми се лоши кога ке помислам.
Играта беше на ниво но голманот вечерва спиеше на теренот А и тренерот е катастрофа, овој Хансен ги здроби со голови тренерот не зеде ни 1 тајм аут да им направи муабет 2 реда како да го чуваат. Имам чувство дека Кире сам ја води играта. Тренерот е само за слика таму Ајде бе, се изнервирав многу.
Ах, не е само за слика, ете служи и за да добие жолт картон А за нешто друго, па мислам дека не придонесе ама баш ИЧ ништо...