Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска ракометна репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 6 јануари 2012.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.670
    Пол:
    Женски
    Мене ми се чини дека најслаба карика во нашиот тим е тренерот. Незнае ни тајм аут да побара кога е потребно. Друга работа е тоа што сме ментално нестабилни. Лесно паѓаме во тек на игра лесно се опуштаме.
    Лазаров иако не беше во препознатливата форма(освен денес) пак ни беше најсилна карика во целиот тим. Се одеше преку него, Лазаров да не беше денес ќе изгубевме убедливо. Кире и неговите пасови до Стоилов не одржуваа во игра цел натпревар. Јасно беше дека во натпревар со многу голови нема да издржеме до крај со Данците. Ментално сме слаби и без добар тренер. Плус среќата беше на нивна страна.
    Ама нема разочарувања :) Докажавме дека сме рамо до рамо со една Германија, Шведска, Данска кои се сметаат за ракометни велесили.
    Можеби ракометарите нема да можат да го повторат успехот на кошаркарите, ама сигурно е дека македонскиот спорт оди во нагорна линија. Полека но сигурно созреваме и ние на ваквите натпреварувања, веќе не препознаваат и по кошаркарите и по ракометарите и по навивачите, што е секако успех.
     
    На Ema.Sk, esperanca, Buttterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  2. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Сега само да се молиме Германија да изгуби и другиве да не тепаат на сите утакмици, а ние да имаме 2 победи. Не верувам дека е возможно, многу ми криво. Болат ваквите порази, разочарана сум максимално, добро бе неможеа ли фластер да му стават на Хансен бе, 10 гола по ред ние се заебаваме. Овој Борко ќе давал гол од гол. Браво за Кирца тоа се бараше царе, ама сам неможе да не спасува. Миркуловски, Мојсовски, Лазаров, Темелков, Стоилов, Алушевски и Велко во одбраната, другиве можат комотно за мажуретки да се пријават заедно со селекторов. Ми иде да искршам нешто од што сум нервозно не ми се верува што напраивме од 6 разлика да не тепаат, абе ајдее неможам да поверувам многу ме боли поразов ;( ;(
     
  3. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Со душа ја чекам утакмицата со Србија, е тоа ќе биде оставање срце на терен, башка и јака публика ќе имаат србиве.
    Да ни попуштат туку така нема шанси, затоа нашиве нека стснат заби и да ги утепаат пољаците, а после и србите.
    Имаме одлична игра, но ептен слаба организација, поготово одбраната, вечерва толку празнини им оставивме чудо едно.
    И на претходните утакмици исто, слаба страна ни е одбраната. Башка што Борко не е семоќен, се да брани.
    Ние немавме ниту еден лесен напад, нашиве се жртвуваа да им влезат и на данциве и на германците, за разлика од тоа тие кај нас ко од шала минуваа.

    Имаме добри шутери, добри играчи и добар голман само одбраната да се зајакне и ќе ги мачкаме.
    Одбраната не сјеба вечерва, исто и со германциве, чесите беа нијанса послаби па победивме, меѓутоа имаме ужасна одбрана која ите како ни прави штети.
     
    На Buttterfly, crazyinlove19, happygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  4. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Како бре од 5-6 гола предност успеавме вака да завршиме?

    Се нервирам кога супер играевме во прво полувреме и после во второ се паѓа во вода.
    Глупава Данска,глупав Хансен,глупи судии :@

    Да се надевам дека со Полска и Србија ќе имам повеќе среќа.И ајде и јас сум разочарана но не чини толку да ги критикуваме момците.Сепак и тие оставаат срце на терен и се борат со сите сили.На нив им е полошо отколку на нас.

    Напред Македонија.
     
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.452
    Допаѓања:
    22.943
    Пол:
    Женски
    A нели треба и Германија и Србија да изгубат во следните натпревари, што е невозможно? Затоа што и двете репрезентации имаат по 4 бода сега.
    Еве гледам, србите 5 - 2 водат на германците.
     
  6. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    „На кого ли сме му згрешиле. Ова е неверојатно, по еден ваков расплет, нема што повеќе да се каже“,

    „Одигравме голем меч, како за медал. Во првото полувреме бевме фантастични, со игра како од учебниците. Имавме водство од 5-6 голови разлика против големата Данска. Во второто, тие се вратија со помош на големите шутери. Го имав последниот шут, жалам што не го погодив. Топката можеше да се одбие било каде во полето, но таа дојде кај Данците в раце и ни дадоа гол...Не знам, не знам...не Знам што да кажам...Ова е многу болно, на психолошки план. Ќе мора да го преживееме, да се вратиме во ритам. не се плашам за мене, но момците се во шок“, истакна Кире Лазаров кој вечерва беше фантастичен, но Македонија сепак на крајот доживеа неверојатен, незаслужен пораз од Данска.

    :l: ;(
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Второто полувреме слабо...
    Ај, повеќе среќа и победа со Полска. :)
     
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.556
    Допаѓања:
    251.854
    Тренерот!
    Многу лош тренер имаме.
    Во кошарката покрај одличниот тим, тренерот беше фантастичен, имаше стратегија, он и те како е заслужен за успехот на кошакарите.

    Овде, имаме солидни ракометари, но лош тренер и лоша одбрана.
    И штета е на толкава разлика и таква игра во прво полувреме, накрај во последна секунда да го изгубиме натпреварот.
    Со Чешка имавме лошо прво полувреме, а во второто ги решивме.
    Така требаше и сега. Да се чуваме за второ полувреме, сепак тогаш се одлучува кој ќе победи.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Видете и какви Македонци има :@ :@
     

    Прикачени фајлови:

    • cats.jpg
      cats.jpg
      Големина на фајлот:
      56,8 KB
      Прегледи:
      111
  10. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Зашто бе да не ни попуштат Србите? :) На таквите нерешавачки натпревари обично тренерите ги одмараат ракометарите.Мислам секако,ако им биде нерешавачки.
    Ете со Словачка ми се чини ,Србија изигра нерешено уствари не се ни трудеа...и тренерот сам си изјави дека си ги одмара ракометарите за следните натпревари..

    Иначе многу јаки бе Србиве сега ги гледам,не сум знаела дека се толку добри у ракомет. :^) И судииве колку им попуштаат..ептен!
     
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Србите да ни попуштат?
    Луѓе не се ударајте у груди, тие никад такво нешто не би направиле за никој, а ние не сме поштедени од тоа. Плус тоа е толку непрофесионално.
    Не е ова македонско фудбалско првенство па дај ќе наместиме на ти го дај ми го.

    А се надевам Шундовски ќе е сменет.
    Лоша тактика всушност игра еднолично, за секој тим иста тактика.
    Не ми е јасно како не гледаше дека играме лошо во одбраната, зашто не смени нешто? Зашто?
    Кога играше Митко фластер беа тоа најдобрите минути на Македонија.
    [​IMG]
     
    На esperanca, Buttterfly, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Кормиларот на македонската репрезентација, Звонко Шундовски, исто така е без одговор на прашањето како може Македонија да игра така добро против најдобрите селекции во Европа, а извонредните изданија да не бидат наградени и со добар резултат. Дуелот со Данска дефинитивно боли, ако се знае дека бевме многу близу до два, а останавме без ниту еден бод.

    „Немавме среќа, топката едноставно им дојде во раце и експресно заврши во нашата мрежа. Можеби требаше да почекаме уште некоја секунда, навистина не знам што да кажам во една ваква ситуација. Повторно играме одлично, а мораме да си заминеме од теренот со наведнати глави, со уште еден поразителен резултат. Ова беше многу тежок натпревар, бевме супериорни во првото полувреме, а во вториот дел паднавме, најверојатно поради фактот дека ова ни беше четврта тесна средба во серија. Успеавме да се вратиме, имавме напад за победа, но сите видовте што се случи“ - разочаран беше македонскиот селектор на прес-конференцијата по средбата.
     
  13. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Нездрави се сите што пишуваат такви коментари како овој погоре.Па бог да чува вие Македонци сте или Данци??? :fubar:
    Исто беше и со Германија кога игравме.Се вклучувам на Фб и гледам некои пишуваат статуси за Германија.Што им е финтата? Многу ли шизици сакаат да испаднат а уствари се многу прости и глупави.

    Инаку не знам што ќе биде.Многу сакам да продолжиме понатаму.Значи за порази најмногу се нервирам.
     
  14. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Што се притресувате за нив, тие се желни за внимание, затоа намерно така пишуваат.
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    А да го истепавте трењерот.
    Па луѓе на крајот на краиштата добро изигравме, за одбраната во 2ро полувреме вистина заслабнавме и како да немавме сила како на првото, ама тоа е, да го вратиме времето назад и претпоследниот шут да не беше чекори. :(
     
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.556
    Допаѓања:
    251.854
    Ние ќе чекаме некој да ни попушти, или да изгуби, па ние да одиме понатаму.
    Ако не, судијата е крив :!: .
     
  17. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Ма нема тоа везе,нека влеезат тие со 7 бода.Ама имаме и ние шанси :!:
    Можеби минимални,ама..толку добро ги изигравме сите натпревари што ќе ги згазиме Полјаците.
    А Србиве..ќе ги имаат судиите во рака,ама ај може ќе ни се насмевне среќата,како шок-финишот со Литванија.
    Можеме да влеземе со 5 бода..
    А ако изиграме нерешено со Србија,имаме шанси за следна фаза,нели? :?:
     
  18. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Дечките се супер, одлични, немам никаков коментар. Изгинаа на терен. Дадоа се' од себе. :bow: :bow: :bow: :bow:

    И баш заради тоа многу боли она што ни се случи вечерва. Боли упм!! :devil: :@
     
    На esperanca, Gordana10 и BoaVista им се допаѓа ова.
  19. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.563
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    Уф како ми се плаче...како кога изгубивме во кошарка од Шпанците, па и повеќе, како некој многу јако да ме натепал... ;(
    ја испуштивме победата, 2та бода кој за влакно беа наши, за момент :| но среќата повторно им се насмевна на спротивната екипа и ние повторно со празни раце остануваме.
    Добри беа, па и одлични, но што е тоа е, нема назат, барем до 8место да можеме да стигнеме за да одиме на олимпијада( да се надеваме) :)
     
  20. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Еден совет ќе им дадам нека пуштат снимки и нека видат како Кометал играше кога беа прваци, нека го викнат Кастратовиќ да им биде тренер, а не овој што појма нема.
    Тој си ги знаеше играчките, знаеше која за каде е, а сега како каже Кире така е, овој ако ништо друго барем мажоретка или маскота нека биде покорисен ќе е.