Ние гледачите, навивачите што гледаме од страна си имаме една мана- очајно сакаме да се повтори натпреварот Македонија-Литванија и пресвртот во последниот момент. Никако да разбереме дека тоа помина и можеби никогаш нема да доживееме нешто слично.
Па и повеќе од очигледно беше дека утакмицата ке заврши нерешено. Првото полувреме не го гледав, но второто... србите играа поочајно и од нашите... немаше кој да шутира кон германскиот гол. И на двата тима им одговараше да земат по 1 поен... и си зедоа. Последниот германски шут не се ни обидоа да го спречат, а и овој ракометар што го исклучија 20 секунди пред крајот... со боречки зафат го легна на земја германецот. Продадена утакмица од србите А јас ке се молам да играат исто и со нас
Не да ми е криво, ќе си пукнев од нервоза. Ама што е тука е, покажавме дека можеме да биде рамо до рамо,па дури подобри од ракометни велесили. Се надевам дека во наредните натпревари малку повеќе ќе не послужи среќата и ќе се вратиме во игра. Со господа напред во нови победи.
Баш на фејс прочитав, судијата бил педер, судијата ова, судијата она. Ало, голот беше ПОД ФАУЛ. И не се важи! Секако дека се разочарав кога не победивме, ама Данците стварно беа јаки. Оној Хансен како ЧАк Норис брат да му е. Не знаеше да промаши во второто полувреме. Најтрегидичен беше поразот после водење со 7 разлика! Ама тоа е. Понатаму среќа и се надевам барем 5то место ке земеме. едит: Диви, ме разочара, комплетно!
Прво за нашата утакмица. Разочарана сум максимално. Ти да водиш 6 разлика, па да те водат 2 разлика за на крај да те победат?! Слабо. Мноооооогу слабо. Хансен не растури што не растури, 12/17, Кире 13/17. Кире одлична игра и пеналите 3/3, браво. Данците прво полувреме смирени, дури и укочени...за второто како ѕверови и кучиња пуштени од ланец да се фрлат на терен и да се изживуваат врз нашиве јагненца. Општо кај нас не ми се допаѓа што немаме агресија во играта. Па ракомет е мајку му, се дозволува насилство до одреден степен ееееее да му се плукнам, ич не сте слободни, све стегнато играте некако. Дај опуштете се малце, џабе стегнатоста кога губиме. Како и да е, треба да си неспособен за од 6 разлика, да те заводат со 2, и потоа на крај на те тепаатАма кај мораше 33тиот да го дадат бе, ај што многу голови паднаа океј е тоа, ама зошто бар не заврши нерешено, ЗОШТО?! Судиите беа максимално фер, иако на Наумче сепак требаше да го признаат голот. Ама све вака ни се случува нас, со Германија на Кире да го признаеја голот, со Данска на Наумче...и што е најтрагично СВЕ ЗА 1 НЕ ПОБЕДУВААТ! Заслужено изгубивме, крајно попуштивме, дури и недозволиво. Борко - тапа утакмицава! own: Сега за Србија - Германија... е тоа е ракомет народе. Тоа беше утакмица за приказ и углед на сите останати, исто како и Шведска со Германија. Германците не се толку јака репрезентација, колку што имаат јак селектор, секоја чест. Србија ги водеше 7 гола разлика, за на крај Германија да изедначат. И на Србите истото им се случи, ама тие успеаа бар реми да извадат, а ние?! Агресија, насилна игра, активна, мерачка бре, класа ракомет. Германците беа пресреќни за ремито, се радуваа како да победиле, а Србите разочарани. Па нормално, заслужија победа, ама и тие како нас попуштија. И пак подобро се извлекоа од нас, што го кркавме на крај од самата неспособност да се справиме во последните мигови. Инаку нашата фаланга е стопати појака од српските навивачи. Тоа се докажа денес. Ако домаќини, пак појако навиваме од нив! Немаме конкуренција. Голманот на Србија секоја репрезентација би го посакала. Браво Станичу, стварно си еден од најдобрите. Све одбрани човекот, се прашувам и како ги пропушти тие голови, дури 21? Чудно, не гледав голови, само одбрани. Се уште сте сигурни дека Диви е прв? Хмммм после ова што го видов од Станиќ, не верувам Германија и Србија имаат по 5 бода, а ние сме последни на табелата и имаме 1. Полска да ја тепаме, ќе имаме 3. За со Србија, не се надевајте џабе, да ни ја пуштат не верувам, а да ги тепаме нема шанси. Јас се надевав дека Србија ќе победи со Германија, па и Германија со Србија да победеше, све све ама нерешено не! Тоа што најмалку ни одговараше, токму тоа и се случи. А се надевав и се уште се надевам на 3то место во групава, па да се бориме за 5то место бар. На Олимпијада исто се надевам одиме, т.е. мислам дека стварно ќе одиме. Да речам не е фер, не бива, сами сме си криви сами се заебавме. Мора да ја тепаме и Полска и Србија па да имаме 5 бода па да праиме муабет за 3то место, ама вака како што стојат работите тешко таа работа. Па барем за утакмицава се надевав ќе победиме, дури и чудно ми падна прво полувреме водиме 6 гола разлика, нешто не ми штимаше. И потоа Декстер, селекторот на Данска настапи психички врз нив, а особено врз Хансен и се вратија во игра и не утепаа. Да се молиме за 3то место во групава, зошто повеќе од тоа за жал и не можеме. Многу ми е криво што судбината на нашата репрезентација и држава на првенството сега зависи од резултатите на другите натпревари од други репрезентации... најмалку што сакав е од други да зависиме, но ете и тоа го доживуваме. Да ги ставиме Полска, Данска и Шведска зад нас, па да бидеме 3то место и да се бориме за 5то воопшто, инаку ништо, џабе се. Ние сме се уште со нашите ракометари, многу нормално, само што е право, право е и не сакам да слушнам некој да прокоментира коментар од типот: не беше фер, судиите вака, судиите така. Сами сме си криви, фактот си останува факт. А, едно поздравче ви праќа селекторот на Данска: ...
Еве и јас ќе кажам мое мислење. Прво ќе почнам од нашите. Мислам дека голот на Наумче требаше да биде признаен. Точно беше под фаул, ама многу вавкви голови под фаули се признаени. Немаше да биде овој прв таков гол. Друго судијата секогаш треба да сочека да види како ќе заврши акцијата, па потоа да суди. А дека имало чекори, тоа беше само оправдување, бидејќи Наумче не се ни помрдна. Инаку прекрасна игра на нашите.Сите беа одлични. А Данците не дека денес беа појаки од нашите, победија на среќа.Среќа што за жал ние никако ја немаме. Србија:Германија Германија уште еднаш успеа да се спаси од пораз. Со неколку глупави одлуки на судиите успеа да издвојува реми со Србија. Кога Рогушот (оти стварно е прав рогуш) намерно ја удри топката со нога, судиите се направија слепи, ништо не досудија, туку дозволија Германија да оди во контра и да постигне гол. Потоа за цепелинот, немаше никаков престап од Никчевич, како што тие досудија. И на крај што судиите ја дигнаа раката за пасивен напад, по само 10 или 15 секунди игра од нападот на Србија, за да има напад за Германија и да изедначат. Ете тоа беа неколку глупави судиски одлуки кои дозволија Германија уште еднаш да не биде поразена. Ехф е решена Германија на сила да ја прави првак, бидејќи не се доволно јаки како пред неколку години. Швдеска:Полска Шведска во првото полувреме беше одлична, ама во второто полувреме беше катострофална, што дозволи противникот од -11 да се врати во игра, и да изедначи со нив. Кај Полска беше обратно, во првото полувреме беа катострофални, со многу грешки. Игледа полувремето добро им влиајаше, па успеа да стигнат до реми со Шведска и покрај тоа што имаа 11 голови минус. Навистина натпреварите денес во Белградската арена завршија како од филм.
За 4ката, Рогиш, се околу него се случува. Се камерите него нешто го снимаат кога има фрка, се тој е на местото на злосторот... аман бе Рогиш титула за најпроблематичен спортист да имаше, ќе ја собереше сигурно!
Личи ли бре вака да се плука по репрезентативци,момци кои душа оставаа онде, какви и да се треба да ги бодриме, што треба да бидеме песимисти?Кој ќе ги бодри ако не ние, кој ќе им пее ако не ние, које да верува во нив ако не ние? жив срам е изјавава за човеков: http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedon ... gi-bodrime
Кире се уште најдобар стрелец. Ама што фајде од тоа? Супер за Кире, туку дајте резултати, бодови сакаме, а не врв на табела кој бил прв, втор итн. За Македонија се работи, крајот го краси делото, знаете? http://www.ehf-euro.com/Goalscorers.3591.0.html
http://www.youtube.com/watch?v=NZAnU9Jf ... _embedded#! Црвена,црвена боја ми е најмила.. Со тебе секогаш одиме на победа!!! Ех да беа дресовите црвени можи ќе победеа ама ништо Шала на страна стварно не ми се свиѓаа дресовине ич
А да се обидете од друг агол да ја гледате изјавата. Според мое толкување, а и гледам дека и тоа се деси вечерва, Македонија загуби и одма се плука по нив. Друго, факт е дека ретко кој гледаше кошарка и веруваше дека Македонија ќе стигне до 4 место. Тогаш сите станавме страсни навивачи. Трето, успехот на кошаркарите се политизира, власта собираше поени од спортски успех. Типично за неа. И битно, ракометарите се под притисок да го постигнат успехот на кошаркарите. Читајте ги и вашите коментари. Ако не успеат, нема да бидат хероии. Жално, ама вистинито. Ете тоа сакаше да го каже Гордон. Дечкиве се одлични, се носат со велесили, ама ова е наш прв настап на ЕП мислам, и како за прв, сме одлични. Успех е и оваа, ама ете момциве се покажаа дека ги бива и затоа сакаме поголем успех од оваа. Оти можат. Но лошо е што се споредуваат со кошаркарите и што се очекува истиот пласман и од нив. Јас можам да претпоставам какви ќе бидат реакциите, ако момциве не успеат да одат понатаму. Кире изјави дека се плаши од тој психолошки момент, а се плашам и јас, бидејќи сите очекуваат од нив, дури повеќе и од нивните можности. Морам да надополнам, ако сакаме спортски успеси, мора повеќе да се вложува во спортот. Треба пари ако сакаме титули.
не ни тргна во Белград, ако не да не вратат во Ниш да ги доиграме другите 2утакмици инаку добро ќе биде 8-7 место барем ама Германците што среќа си имаат, имаат. Очигледно е. редактирав за да кажам дека потполно се согласувам со Јуле. Премногу се научивме на победи, за власта и тоа дека собирала поени нема да коментирам, нескам ниту пак да мешам политика и спорт, ама дека ракометарите се под притисок и сакат да освојат што е можно подобро место и дека самиот народ се навикна на победи, тука ви со право. Тоа е реалноста, треба да се прифате онаква каква е
Пишав и уште пред да почне првиот натпревар со Шведска, не можам да го заборавам коментарот од човекот на граница кој одеше да навива и рече: „Најмалку што очекуваме е да го постигнат она што го постигнаа кошаркарите.“ Не значи дека ако кошаркарите постигнаа 4то место, под дифолт треба сите да постигнуваат 4то место ако отидат негде подалеку од шутирање со топка дома. Но, секако дека очекуваме успех! И да, ако сме веќе кај тоа, па да ви кажам кошаркарите играа многу попожртвувано од ракометарите. Тие даваа се од себе, ама баш се од себе, мнооооооогу ретко се случуваа грешки од причина пропусти, грешките беа претежно поради поголемата сила на противникот. Додека тука, можејќи да ја тепаме и Германија и Данска, ние попуштивме при крај и оставивме да не совладаат. Не бива, нели?
Зашто ,зашто секогаш нас ни се случува ова, колку само немаме среќа Многу ми беше тешко после натпреваров ама имам само пофалби за нашите ракометари предобри беа сите никого нема да навредувам сите се бореа, а за тоа што имавме 6 голови предност ќе кажам само дека 6 голови во ракомет не се ништо во фудбал можеби се недостижни но не и во ракомет, ние само знаеме да се буниме и да плукаме по нашите кога ќе изгубат а кога победуваат се најдобри...е тоа одсекогаш ми сметало кај нас... треба да ги бодриме и во добро и во лошо, што треба да рече и Шведска тие имаа 11 голови предност на полувреме па на крај беше нерешено...Не знам за вас ама јас секогаш ќе ги бодрам нашите момци и додека имаме теоретски шанси па макар и минимални како сега ќе се надевам до крај дека можеме да успееме...Напред момци без разочарување не е се готово
1. Србија да ја тепа Германија 2. Ние да ја тепаме Полска 3. Данска да ја тепа Германија 4. Србија да ја тепа Шведска 5. Полска да ја тепа Германија 6. Шведска да ја тепам Данска 7. Ние да ја тепаме Србија АКО ВАКА ИСПАДНИ НА КРАЈОТ СЕ...МАКЕДОНИЈА Е ВО НАЈДОБРИТЕ 4....НА ОВА ПРВЕНСТВО НЕ ПРОСЛЕДИ ГОЛЕМА НЕСРЕЌА, СЕГА ОЧЕКУВАМЕ ПОМОШ ОД БОГА И НЕСРЕЌАТА ДА НИ СЕ ВРАТИ ДУПЛО КАКО СРЕЌА ! НАДЕЖТА ПОСЛЕДНА УМИРА.... Преземено од фб