Имаме селектор, најслаб што може бе! Водиме со 6 разлика, и за на крај да не растури само еден Дански играч. Па дај бе направи некоја стратегија мајко му стара. Зошто си селектор?! Сите се фатија за Лазаров, што му го одбранил последниот гол, или за Наумче, што му досудија чекори. А гол разликата?! Сами си прокоцкаа. Се опуштија, мислеа ЕЈ, водиме. Веќе не ни можат ништо. И останаа со подзината уста. Македонциве треба да им се нанесува неправда, цело време, за да играат како што треба изгледа. Со Германија се бореа лавовски, и изгубија со помош на судиите. Ако не ја победеа Чешка, следна фаза немаше. Затоа играа и растурија. Сега видоа дека водат и.. Што мајка бараше голманов да ја шутира топкава од еден до друг крај? Ете ти еден гол. Што е, тука е. Се надеваме дека ќе победат со Полска и Србија, друго не ни останува ништо освен да се надеваме.
И јас тоа се прашувам Кире поминаа 3 часа,јас се уште не можам да се совземам од ова што не снајде На кого ли сме му згрешиле. Ова е неверојатно, по еден ваков расплет, нема што повеќе да се каже- изјави Кире Лазаров
Задоволна сум од тоа што нашите го направија и секоја им чест, тоа е успех што се бореа и рамо до рамо беа со тие големи репрезентации, што докажаа дека може и има некој што може да ги надмине нив, не само за ракометов, туку и за кошарката.Направија да барем од малку странците покажат почит спрема нас, на ваков начин, со храброст, сила, без разлика колку и да не негираат.Секогаш имало и ќе има некој што не оспорувал/оспорува, но не треба тоа да не спречува за понатамошни успеси.Верувам и знам дека нашите можат и те како повеќе од ова, се надевам дека еден ден ќе бидеме над нив заслужуваме и тоа многу.Најважно е што знаеме на каков начин да успееме, а не на таков начин како што успеваат странците со сплетки, местенки итн., тоа веќе не е победа, сега се гледа кој всушност победил. Не велам дека не сум разочарана или дека не ми е криво, но можам за брзо време да прифатам дека тоа е тоа нема поинаку, не може да се смени, но може понатака, со уште повеќе сила, добра стратегија и позитивна мисла, а другото останува на дедо Боже, како ќе речит, така ако треба да победиме, ќе победиме, па макар и сите биле против нас
Од старт првото да го бришеме, не можеме да се ослонуваме на тоа, бидна веќе нерешено, за влакно ќе испаднеше, ама ете не испадна! И јас сакав Србија да ја тепа Германија, и реално појака беше, ама ете. Германците ја стигнаа Србија по 7 гола разлика, Данците нас по 6 гола разлика, Полјаците Шведска по 11 гола разлика. Значи фактички не смееме да се радуваме предвреме и на големата предност, зошто всушност тоа ништо и не значи. И обично завршува или реми, или пораз за тој што успеал да направи серија голови во предност. Тоа е тоа, нека го стават во Марфиеви закони. Другиве 6 ако испаднат, би било совршено, а особено тоа седмото што ми личи скоро и на невозможно.
Србија и Германија одиграа нерешено за жал сега единствена шанса ни е да ги победиме следните два натпревари а Србија да ги загуби двата.
Кире Л. повеќе збори од селекторот, тој кажува што и како да се прави.Тоа можевме и сами да го воочиме кога покажуваше камерата.
Морам и ова да го искоментирам, ама откако кошаркарите постигнаа толкав успех, многу патриоти и навивачи се појавија. Само се прашувам кај беа истите тие кога игравме во Вараждин? Оти тогаш не појдоа вака да ги бодрат. И Хрватска не е далеку. Ние, за жал, многу предоцна сфаќаме дека имаме луѓе кои вредат. На пример: Знаеше некој дека Владо Илевиски е толку добар кошаркар и игра во еден од подобрите интернационални тимови? Знаеше некој дека Кире Лазаров играше во Загреб и во Атлетико Мадрид? Требаше Тоше да умре, па за сите да видеме каква ѕвезда сме имале и колку вредел? Е тоа сме ние, модерни. Еден да земе да плукне, одма сите плукаат, еден да земе да навива, одма сите. Претходно никој никаде го нема. Кире потфрли на претходните натпревари и во ред е да се критикува, ама не и да се плука, или не се сеќаваат на оној Кире во Вараждин. И после бегале сите од Македонија. Епа ќе бегаат, кога кај нас не се цени квалитетот!
Мене многу ме иритира што ние Македонците многу лесно ги прифаќаме работите. Ај доволно ни е 5 место, па ај меѓу првите 8..и сами си се откажуваме од некои работи. Зошто да не се бориме за полуфинале? Зошто да не го повториме успехот од кошаркарите, па и да го преминеме. Сите гледам викаат немора тоа да ни биде цел тоа, и никогаш не си поставуваме високи цели, затоа и ниско ќе не рангираат. Ај доволно ни е втора фаза, па за понатаму ќе видиме. НЕ, време да ги издигнеме нашите цели на едно повисоко ниво. Ние можеме да одиме и погоре. Најдобра публика имаме, јаки играчи, уште Лино Червар како селектор да го имавме ќе ни немаше крај.
^^Тоа и ја највише се нервирам што ги немало до сега нигде никогаш не ни гледале ракомет и сега ќе ги плукаат Кире ваков бил Кире таков а не ни знаат што Кире има до сега направено за нашата репрезентација и дека е еден од најдобрите ракометари во Европа секоја година во ЛШ е најдобар стрелец...Ама тоа ти е македонски менталитет не можеш ништо да измениш и за Перо Антиќ на почеток од првенството така викаа а на крај кога заврши Перо најдобар беше од сите...Тоа е.
Можеби толку можеме само, ова ни се границите. Сакаме полуфинале и финале, ама имаме лош тренер и лоша одбрана, да бидеме реални. Можеби сеуште го немаме онаа искуство да знаеме како во вакви завршници. И зошто упорно го барате успехот на кошаркарите? Сфатете дека не се работи за ист тим. Доста со тој притисок дека мора да го повторат нивниот успех. Ги фрлате во сенка ракометарите, а тоа е лошо.
Еееее на што ќе личеше спортот ако вака се гледаат работите = математички натпревар, равенка со 6 непознати. Ние не треба да чекаме друг да згреши, да зависиме од туѓиот успех/неуспех. Ние само треба да се стремиме кон победа, ... победа победа и само победа.
Јас морам да кажам дека катастрофално сум разочарана од нашите ракометари. Овој пат не ни беа виновни ниту судиите, ниту спротивните играчи туку самите ние. Црнете ме колку сакате, тоа е вистината.
Јуле мислам дека не ме сфати, или јас лошо се изразив, како и да е сакав да кажам дека многу за граница го сметаат успехот на кошаркарите. Зошто да биде така? Да не не можеме повисоко? Поентата ми беше дека од старт самите си даваме ниски цели. Не дека кошаркарите постигнаа низок успех, напротив, туку ние од почеток не веруваме дека можеме до врвот.
А ако победеа сеа ќе беше славење на велико. Колку сме горди што сме Македонци Фалење како ја имаме најдобата репрезентација ццц и после сте ми биле некои патриоти. Срамота Знаеш, лесно е да викаш од пред телевизор, да пцуеш на цел глас мислејќи дека ќе постигнеш нешто Ама не е така Стави се, не само ти не сфаќај буквално. Ставете се сите во кожата на ракометарите како им е нив Да разочараат толкава публика и народ кој стварно навива за нив и им останува верни и покрај неуспесите Мислиш дека они сакаа денес да изгубат? Значи се додека победуваат ваууу сите горди на нив, пејат песни, постираат статуси на фб и слично. А штом изгубаT...GOTOVO. За ништо не ги бива...Нека се враќаат да не не брукаат за џабе А на последната утакмица денес и на утакмицата со Германија има само едно нешто да се каже ЕБАНА СРЕЌА имаат проклетниците Јас си навивам и сум екстремно ГОРДА на нашите ракометари за квалитетната игра која ја покажаа на ова првенство
Работава е само да се критикувало. Точно е дека пропуштивме многу шанси но и до овде да стигнеш е успех а пак ако ги победиме и Полска и Србија уште толку повеќе.Не е работа само да си патриот и навивач кога победуваат туку да им даваш подршка и кога немаат среќа како сега. Да не заборавиме дека во спортот и среќата играе огромна улога.Што е тука е. Горди сме на нашите момци .
^ Никој не рече дека не е горд и слично. Пред другите посекако се однесуваме како се да е совршено, ама меѓу нас е дозволено да си прокоментираме, нели? Мислам што, ќе си мачкаме очи? Што ја пропуштивме утакмицата поради фактот што ептен се опуштивме и пропуштивме, тоа си е така. Давајќи критика на утакмицата како и на секоја друга не те прави помалку патриот од другите. Глупости! Дај престанете веќе. Сите сме со ракометарите и во победа и пораз, критиката што ја даваме не не прави помалку патриоти од тие што само се смеат и ги тапшаат по рамо! Затоа постојат позитивни и негативни критики, од толку позитивни, редно беше и по некоја негативна да дадеме, зар не смееме? Аман веќе. Што има тоа врска со патриотизмот, или некој тоа го гледа како расипување на патриотското во нас? Нема врска бре, коментираме од спортски аспект. Бог да чува човече. Ако си реален не значи дека не си патриот. Баш ако си мислиш дека се е совршено и покрај тоа што не е никако не и помагаш на нацијата, во случајов репрезентацијата. Убаво е да си ги знаат грешките, за да не ги повторуваат. Ние сме секако покрај ракометарите, ама и сами се свесни за своите грешки, и они ги признаваат вие не?! Please.
^ Нормално дека ќе беше славење. Тоа ми беше и зборот. Игравме мноооогу лошо и заслужено изгубивме. Ова е се што сакам да кажам, да не се повторуваме : Ниту среќата не влијаеше овојпат, бидејќи имавме огромна среќа со тоа што водевме со 6 разлика но заради тоа што не знаеме да ја задржиме туку многу се опуштаме ја испуштивме од раце. Едит: Палавуша, сосема се согласувам со тебе. На нашите ракометари им се случи овој пораз токму заради тоа опуштање. Редно е да се даде и негативна критика, за да се заоштрат малку. И самите забележавме дека играат мноооогу подобро кога се под притисок и кога се работи за "победа или смрт". Овие критики не ме прават ни прашинка помал патриот од другите. Само што едни се свесни, други исто така, но како што рече Плавува си мачкаат очи.
Да не ве цитирам сите. Во ред е да имаме поголеми амбиции, и јас пред некој ден пишав дека мора да се стремиме кон успеси, ама видов дека и покрај што имаме квалитетен тим, ние сепак сме сеуште неискусни. Овие држави со кои игравме се сите поранешни прваци, ние само што почнавме да учествуваме на вакви првенства, почетници сме во интернационалните натпреварувања, па затоа и вакви пропусти и грешки. А и имаме мала клупа, што е голем недостаток. Не се момциве семоќни. Одлично се носат со овие репрезентации, ама тоа е, искуството си го прави своето. Јас се одјавувам од темава, бидејќи имам сериозна главоболка од поразов, а ме чека и книгата . Башка што ко дрвен адвокат се осеќам овде .
Aбе остај,Игорче е виновен сите сакаа тој да коментира еве го па изгубивме..Може јас требаше да идам па ке им донесев срека Вината може е во ракометарите но и да се признаеше последниот гол текот на настаните можеби ке беа други па зошто да не дојдовме до победа? Пропуштивме победа ама и радувајте се дека можевме да изгубиме со повеке разлика со оглед на тоа дека сите се плашеа од Данска. Не е работата да се критикува како што кажа Блак Свон,најлесно е од страна да се коментира.Ама никој не знае каква лудница е таму.