Ама и се сипавте на ЛИН Разочарувањето не значи и плукање. Има ли некој кој не беше разочаран денес во моментот на последниот свиреж на судијата? Вакви бевме Денешната слика е дека потврлифме. Генерало сликата е дека сме многу јаки. И треба да се гордееме.
Па за критики и јас искритикував што така се опуштивме и дозволивме да ја стопат разликата толку брзо. Туку ме нервираат коментари од типот дека некој бил незадоволен од нашата репрезентација.Па дечките во прво полувреме играа одлично,за второто сите си кажавме дека се опуштија и им дозволија на Данците да ги стигнат.За да бидеш незадоволен треба да играат тапа цело време и катастофално да не победат со 5-10 разлика. А ние со силни репрезентации и повеќекратни шампиони лавовски се боревме и сега некој така да зборува.Ете тоа не ми се допаѓа.
Како да бидам најзадоволна кога знам дека можат многу повеќе?! Како што рече некој поназад, очигледно многумина имаат многу мали граници и дури со тоа ги омаловажуваат ракометарите. Како да сум задоволна како што треба, кога знам дека можевме да победиме? Задоволна ќе бидам КАКО ШТО ТРЕБА кога ќе знам дека стваааарно не сме можеле да се носиме со таа репрезентација, па ќе извадиме нерешено или победа. Ама вака кога знам дека нашите се едни од најдобрите, Кире прв, Диви прв, другите се одлични играчи, крадат топки, прават финти, шутираат, погодуваат?? Јас сум таа што ги знае квалитетите на ракометарите и сум задоволна од нив општо, ама од секоја утакмица поединечно гледано од оваа не сум и крај на муабетот. Другите мачкајте си очи. Оставете ме да се надевам дека ќе бидам екстра задоволна во понеделник.
Добро,рече катастрофално разочарана.Тоа нели е приближно на незадоволна .Иронија и сарказам стварно нема потреба да се употребуват. Не те посочив тебе лично туку знам повеќе такви личности. И упорно не ме разбирате. Не реков најзадоволна.Подобро секогаш може,дури и во случај на победа. Туку критикувавме што критикувавме,но мислам дека е доста.Па како што некој кажа Македонија е речиси нова во овие меѓународни натпреварувања.И со секој успех треба да бидеме задоволни,после пораз нормално дека ќе сме малку разочарани но не беше ова некој катастрофален пораз па толку незадоволни да бидеме,ниту пак дечките играа лошо.Кире Лазаров вечерва растури.
Не знам што да кажам, значи онемев! Опрана сум психички. Абе среќа да се немало бе! Зошто ? На кого му згрешивме ? Како ќе заспијам вечерва не знам.
Ама дечки едно е да се каже дека сум разочарана од играта прикажана денеска, а друго е дека сум разочарана од ракометарите. Јас мислам дека селекторот не ни чини, и се изјаснив дека според мене со Лино Червар би постигнале поголеми резултати, што се однесува до критика. Но во глобала добро е што и покрај тоа ова ни е само 3то настапување на европското првенство, успеваме да застанеме рамо до рамо со големите сили што се докажани во спорот, НО исто така нагласувам дека ако сакаме и ние да се докажеме, да бидеме најдобри треба да ги победиме најдобрите.
Се надевам дека момците ќе можат да се дигнат психолошки после овој болен пораз,но навистина е тешко после оваков шок да играш на највисоко ниво Жал ми е да критикувам било кого од момците,а на крај краева се бореа со цело срце,пожртвуваноста се виде на терен,перфектно 1 полувреме,слабо 2,не смееја да дозволат толкав пад.Ако некоја екипа претендира за висок пласман не мозе да пројде понатаму со такви падови во играта. И да,и јас мислам дека публиката има преголеми очекувања од ракометарите по успехот на кошаркарите.И Лазаров пред патувањето на првенството рече-Не очекувајте чуда.За жал чуда не се случуваат секој ден. Следам ракомет долго време,не сум некој експерт или добар познавач на ракометот,но од моја перспектива ако треба да се бара причината за оваква разврска на 3 од 4 меца,кој ги губиме во завршницата,тоа е селекторот.Зошто да бидеме реални,не може се да зависи од среќата. Можевме сите да слушнеме и видиме што и како им зборуваше на играчите на тајм аутите.Повеќе тие збореа и се бодреа отколку тој.Може да се префрли на него и одговорноста што не повика тајм аут во последниот напад,да изиграат некоја проверена комбинација,или да смени тактика кога се стопи нашата предност. Сигурна сум дека со квалитетен селектор и подобар стручен штаб оваа генерација ракометари можеа многу подалеку да стигнат.Штета. Се надевам дека Кире нема да се повлече од репрезентацијата бидејки тој е 70-80% од квалитетот на нашата екипа.И да се надеваме дека ќе се случи промена на стручниот штаб,па да очекуваме подобри резултати на следните европски и светски првенства.Затоа што имаме квалитет и желба.И најдобрата публика во светот.
Нема иронија бе девојче, прочитај ми ги постовите и ќе сфатиш дека сум крајно разочарана од УТАКМИЦАТА. Во огромниот пост пред неколку страни пишувам само и само за утакмицата. А не општо. А за да ја увидиш разликата, можеш да одиш страници и страници наназад и ќе сфатиш колку јас сум само една од тие што најмногу ја поддржуваат репрезентацијата. Коментарите во кои кажувам дека сум стварно разочарана се од играта на нашите на таа и таа утакмица. А не општо. И јас се уште зборувам за утакмицата, а ти ја шириш темата?! Остани на муабетот за работава со Данците, не исправај криви дрини тука кој бил за нашите, кој не бил. Кој ме читал тука знае дека ја сум најмногу ЗА нашите. Ама за утакмицава на која не се покажаа дефинитивно не.
Многу работи во животот не се фер, но едноставно мораме да ги прифатиме ваквите моменти и да одиме напред. Суштината на сознавањето не е во тоа дали ја губиме играта, туку како ја губиме, што спознаваме со тоа, на што не научил поразот и како тоа не менува. Да губиш, на одереден начин значи да добиваш.
Ракометарите ја прават играта(зборувам за играта од наша страна), зарем не? Тука ги вклучувам и голманот и селекторот. Точно е дека сум разочарана од ракометарите затоа што можеа подобро, а ја пропуштија шансата. Кажав и зошто.
Така де, ти си разочарана од ракометарите на утакмицата, а не од ракометарите како репрезентативци воопшто. Има огромна разлика и верувам сите очекуваа да победиме кога видоа како играме и какви шанси имавме, ама ете...бидна. Сите се разочарани од утакмицата, сите очекуваа да триумфираме над Данците. Тоа не значи дека се разочарани од ракометарите.
Единствена заслужена утакмица на Германциве им е поразот од Чешка. Па не озбилно..Ко што ние се ги губиме утакмициве за малце,они се со тоа малце победуваат.Шваба ти е тоа бе ејј Чист доказ дека со добар селектор и стратегија постојат многу големи шанси за успех,колку и да се слаби играчите. Нашите кошаркари и покрај кратката клупа и неискуството победуваа,а се по заслуга на Докузовски.Човекот беше беспрекорен. Во првото полувреме водевме, кога им ја знаевме типичната тактика на Данциве.Им ги знаевме слабите точки,како да се пробиеме у напад и да ги блокраме у одбрана.Ама проблемот беше кога Данците на полувреме не прочитаа нас.Точно ни ги знеа нашите чекори,и во второ полувреме влегоа со нова стратегија,доволно за нас да се изгубиме скроз.А нашиот ни тренер само гледаше како се топи разликата,како Хансен не полни буквално цело време од иста позиција,и не превзеде АПСОЛУТНО НИШТО!Ги остави играчите сами да се снаоѓаат на теренот,не повика ни тајм-аут,не ни смени ништо,абе мислиш све иде ко подмачкано. Жално! Од тоа што можев да слушнам Кирил даваше подобри совети него ли тренеров. Дали заприметивте дека дури во замените напад-одбрана кои треба да се одвиваат толку брзо и им се силна страна на Данците,тренерот не знаеше кого да прати во игра,па долго игравме со по 5 играчи и одбрана дур он се реши?Катастрофално,стварно. Пак ќе кажам,жално за момциве. Абе остај се,по фаца му се гледа бе дека е смотан еј.Нели?
Тоа првото се однесуваше на Лин. За тебе не реков ништо.Само ти реплицирав на она дека не ми е поентата да кажам дека сум најзадоволна од натпреварот туку дека не треба толку строго да се критикува. Јас кога се работи за натпревари сум гоолем оптимист.Еве и Реал ги исплескаа во средата па јас уште се надевам на пресврт.Така и со Македонија. Не исправувам криви дрини,ниту посочувам некој.Него сакам да кажам да не бидеме толку строги критичари кога играчите оставаат срце на терен и ете немале среќа денес,одбраната играла послабо,пропуштиле неколку шанси.Се тоа стои но бидете и малку оптимисти.Играчите да не сакат да губат и тоа со еден гол разлика.Малку среќа и победата ќе беше во наши раце.
Аххх.. таман подзаборавив и кога ја видов случајно темава, пак ми се појави онаа грутка во стомаков. Штета, за трошка изгубивме. Ама пак си ја сакам Македонија јас. Але алеее !!!
Единствена предност на фактот што сум 1 смена утре и треба да станам во 06:30ч. е што бар ќе го гледам ракометов во 16:15.
знам дека од некои ке бидам нападнета се воздржувам овие денови да не напишам коментар ама денес морам...значи не ни се криви ни судии ни данци ни шваби ни никој НИЕ САМИТЕ СМЕ КРИВИ и гол да водиме се понашаме како да е крај утакмица-А НЕ Е! Значи мајка му стара да имаш +6 предност и да изгубиш треба да си најголем ДЕБИЛ И ГЛУПАК а тое е пред се Шутрако наш кој никако незнае тај аут да свика...а и кога ке го свика само знае да каже: немојте да примите гол него дадејте-ама кажи како глупак еден пот итно ОТКАЗ да дадеш мамето твое....и да искрено заслужено изгубивме затоа што дозволивме само еден данец да не убие за 5 мин....капак на цела нервоза ми беа и србиве што се слични нашиве водеа водеа на крај нерешено,ама пак барем добија +1 а ние? Не гледам веке ракомет Македонија бидејки млада ке умрам од толку стресови и нервози а мил ми е животот...и да се изјаснам од денес навивам само за Србија и Шпанија
MAKEDONIA SE SAKA MAKEDONIJA SE LJUBI I KOGA POBEDUVA I KOGA GUBI. [mod-kirilica:fcc4mt6y][/mod-kirilica:fcc4mt6y]