Незнам дали сте слушнале.. Ама кога Стојанче Стоилов даваше гол, српскиот спикер викаше: Спикер- Стојанчеееее Публика- Стоилоов И тоа неколку пати.. Јас од неколку мислења, неможам да променам мислење за нив. Во понеделник, ќе навиваме за Македонија, јас ќе си ставам слушалки, и ќе слушам радио, на час, кога веќе неможам да гледам. Не ме интересира, како што не пуштија за кошаркарите, можеме барем да слушаме за ракометарите.
Погаден народ од Србиве значи нема! Бетер се од Грцине. Многу сакам да ги растуриме со 10 разлика. Уфф сега браќа останете навивајте, а коа пишувавте глупости и вадевте грчки знамиња, кај бевте бе браќа? Сега Грциве нека ви даваат подршка, иста сорта сте. Па и тие нашле да коментираат за натпреваров наш, а тоа што Германциве им се вратија од 15 разлика а? Од секогаш сум ги мрзела како народ, само прават лице. А за тоа погоре каде што викаше тој спикерот, тој така за сите викаше, не само за Стојанче, на сите утакмици(во аренава).
И Кире кога даваше спикерот викаше Кирил а публиката Лазаров Едит: Не не мразат до толку Србиве бе, еве еден нивни коментар во текот на мечот помеѓу Франција и Словенија го гледам онлајн на јутуб makedonci ne zajebavajte se sutra nego dobijte te poljake dusansilni93 15 seconds ago tomorow Polska will meet Kire Lazarov TheDimitar6 19 seconds ago
Кога сме кај Србите, ако не смееше да се вадат толкави знамиња тогаш како само тие смееја да го рашират нивното, или може не го дадоа само нашето зашто се исплашија да не ја изгубат наклонетоста од нивните другарчиња Грчињата?
Лазаров: „Македонците да продолжат да веруваат во нас“ Македонските ракометари веќе го заборавија „хорор“ натпреварот против Данска, а денеска со „ладни“ глави го одржаа и последниот тренинг пред утрешниот натпревар со Полска. Капитенот Лазаров призна дека вчерашниот пораз болел, но дека Македонија досега покажа сила и квалитет за кои сите зборуваат. Лазаров им за заблагодари на сите Македонци за неизмерната подршка и им порача да не се откажуваат од репрезентацијата. http://vimeo.com/35460647
Од такт ме извадија браќава со коментариве. Превземено од еден српски форум. - а и те камедонце бих много волео да прскамо 10 разлике, неам ништа против тог народа, ујна ми је македонка, ал кад видим како су се упалили мученици није ми добро - Rece neko na tribini, Filip i Aleksandar se prevrcu u grobu definitivno - Imam ogromnu zelju da odem na utakmicu Srbija-Makedonija sa zastvom Grcke - И ја Или оваквом македонском заставом Искоментирал некој наш на провокацијава - А, како би било Македонци да се појаве са ваквом заставом?Дали би било то у реду од страну Македонаца? Не идите на ниске провокације.Првенство је протеклу у врло фер и коректну атмосферу.Македонски навијачи су врло коректни и није имало никакве провокације.Имај мало људског у себи Уфф криво им е што навиваме од срце. Кај нив се игра а тие несакаат да отидат на утакмица.Како не им е мерак,незнам Еве уште нешто: Навијачи Србије могу и без карте у Арену Спојлер Директор репрезентације Србије, Владица Спасојевић, баш као и играчи позивају све да дођу у Београдску Арену и подрже Орлове у најважнијем мечу на шампионату. Победом над Шведском Србија би обезбедила пласман у полуфинале, па наредна утакмица против Македоније не би имала велики значај. – Слободно, сви који су у прилици нека око 19. 45 дођу испред Арене. Није битно да ли имају карту, довољно је да поседују нешто са ознаком Србије или просто, црвену мајицу. Свако ће ући у дворану око 20 часова. И покрај тоа пак не бараат нас и нашата подршка. Незнаат да направат атмосфера како ние што знаеме,и тоа на нивна територија. Пу! Срамота... Дај Боже да ги тепаме Полска и Србија. Господ е голем!!!
^Мајка ми е Србинка, цела фамилија од страната на мајка ми е од србија, ама навистина понекогаш се невидени говеда-како народ, знаат од такт да ме извадат со вакви коментари.Уххххх господ е голеееем, да ги смачкаме како дете мравка кога ќе згази, па тогаш да ги видам.
Па читав некаде како владата на Србија ги моли граѓаните да одат да утакмицата со нас за да ја наполнат салата за МАкедонците да не се чувствуваат како на домашен терен ХА ХА Што ако се домаќини кога ние во тоа светло со навивачи се покажавме милион пати боље?
Ни нашиве не се глупи, картите за со Србија, уште од претходно се купени. Освен Србиве ако не направиле лимит колку пуштаат на продажба, за да го смалат бројот на Македонските навивачи.
Јас мислам дека ќе биде исклучително тежок натпреварот со Србите, ама нашиве ќе победат, исто и за Полска.Не би сакала да говорам за тоа што се случува со нас, Грците и Србите, па и околу, веројатно имам доста за зборување, но и темата не е за тоа, а и би се воздржала да зборувам на истата тема, се знае која Така што сметам дека би требало сега уште посилни да бидат нашите, бидна што бидна тоа со Данцине на некој начин да се премине преку тоа и да го завршиме тоа што ни остана, секако со успех
Морам да прокоментирам за навивачите од Србија дека се 0 во споредба со нашите навивачи. Вчера ги гледав со Германија, беа тивки и некоординирани.Нашиве навивачи се една целина. Да ти зачука силно срцето кога ќе ги слушнеш како пеат, да заплачеш од возбуда и радост. А за провокациите во поглед на политиката секогаш ги имало и за жал ќе ги има. Не треба само да потклекнуваме на такви провокации. Јас се надевам дека нема да има никакви непријатни случки меѓу навивачите во среда со Србија.
Во Србија не е актуелен ракометот. Јас немам роднини, но од моите пријатели што имаат роднини и пријатели посебно во Белград многумина дури не знаеле дека има првенство кај нив. И во Белград делеле карти секаде. Делеле преку Авон, преку Орифлејм, делеле низ фирми, секаде делеле гратиси за да ја наполнат арената. Плус кога игра репрезентацијата на Србија игра во салата во Ниш, во Чаир. Не играат во Арена, зашто постои незаинтересираност. А и Ниш се смета за ракометен град. Така да мене не ме плаши нивната публика, иако како што ние се палиме на нивниот меч, така и тие може ќе се попалат. Иако нивните навивачи се кошаркарски, фудбалски, одбојкарски, тениски... ракометот не им е многу популарен И браво за Макстил и владата. Иако памтам што се случуваше кога беа кошаркарите. Еден ист со ист број пасош доби 10 карти. Пратија неколкумина регуларно, останатите си ги поделија меѓусебе владата ...
И цела сала да ја наполнат Србите пак нема да бидат како Македонската публика. Ние какви песнопојци сме си Излези момче.....Едно име имаме..... Кај бре они со нас ќе се мерат, уште кога делат влезници без пари се знае какви навивачи се.
Девојки, натпреварот со Полска е утре,така? Да не знае некоја во колку е? Немој и јас да си го зацрнам навивањето со црното ми школо.