Ах бе, овие Шведи и сите па уште се радуваат Нашите доста добро играа можеме ние сите да ги победиме, знам јас, па што ако се Шведите најјаки чудо големо, малку се подисплашија од нашиве какви беа на лицата,тужни страв имаат а? Море знам добро се, само овие странциве не се баш толку силни џабе се радуваат Ете така, да не должам, нареден пат нашиве да играат уште подобро од сега
Kaj мене сега заврши натпреварот, среќна сум што извлековме бод, иако жалам што не победивме, имавме добри изгледи за тоа. Некако Кире Лазаров немаше денес среќа . А какви се овие коментатори бре ? п.с. Ми фалат Роси и Спаркс на темата
Срцево ми иступка скроз, ќе си умрев на двапати За прв натпревар, храбро многу. Кире, некако ми беше млак и многу индивидуално играше. Нејсе, пишав и прееска на статус, и овде ќе пишам: Пред да биде поплавен ФБ со УРААА, УААА, НАПРЕЕЕД, МАКЕДОНИЈА и слично, сакам да изјавам дека сум горда Македонка. Онака. Што и да биде. И горда сум! Со се сите сонца, срца, љубови и радост!
На мене така ми се чини или Латас беше еден од коментаторите . Искрено јас очекував да не згазат, со оглед на тоа која е Шведска, ама пријатно ме изненадија, но сум разочарана бидејќи можевме да победиме. Значи можевме, имавме две шанси пред крајот, и стотина на Кире, кој вечерва беше катастрофа. Покрај ваква игра, речиси сум убедена дека Чешка ќе ја минеме. За Германија сум воздржана .
Е, за малце бе. Ама ај, нерешено беше, барем не изгубивме. НАПРЕД МАКЕДОНИЈА! А од Германците во вторник само сланина ќе остане.
Охооооооооо аутсајдери? Кој? Германците? Да знаеме Браво бе момци, жива среќа што пишувам пост во темава, што не збориме во живо за да ми го слушнете зарипнатиот глас и да ги видите црвените мои дланки Ова е одлично, со фаворитот во групата освоивме бод. Да можевме да победиме, но уште полесно можевме да изгубиме. Сигурна сум дека на 4 минути до крајот сите бевме дома и веќе ја анализиравме утакмицата и нашиот пораз. НО затоа го имаме Наумче, а и Темелков кој направија пресврт. Па да тоа е Македонија, инфаркт завршница Добро е и ова, последниот удар на швеѓаните беше неуспешен, а со погодок губевме. Така да радувајте се на овој гол, величете ги момциве, зашто се фантастични. Зашто Борко е цар на голот, зашто Наумче не радува, зашто Стоилов е одличен пред голот, зашто 39те години и младиот дух на Алушевски не водеа низ целиот натпревар, зашто Миркуловски беше нашата златна замена, а Темелков ни донесе пресврт и возбуда на цели трибини. А Кире, епа и најдобрите имаат просечен ден, немаше Кире лош ден, добро беше и ова, но не е ова Кире кој што беше пред 3 години најдобар стрелец. Само едно посакувам за 2 дена, Кире да има златна рака, да биде нашиот Кире на кој девојките ќе лудуваат, мажите ќе го бакнуваат неговиот дрес, а целата сала и неговите соиграчи ќе го извикуваат неговото име. Ајде Кире можеш, без твојата игра имаме бод, а со твојата море ЛОМ ќе правиме! Aјде македончиња, да ги скршиме германците, зашто не ги бива Не го гледаше сигурно натпреварот Германија-Чешка. Чесиве беа каде каде подобри. Германците беа тапа, многу лоша игра. Ми дадоа надеж А воедно ќе ги замолам сител да го вратат Игорче, нека коментира. А не тука некој да ми се прави паметен и да неможе да ја затвори устата на 1 секунда. ОК знаеме стратег бил, се испофали, ама ние имаме стратег тренер кој знае да збори. Сериозно ми доаѓаше на муте да гледам. Само ради публиката гледав со тон.
Кире му е мајката, да беше во форма со 10 разлика ќе тепавме. Пишав дека сум изненадена од момците, одлични беа. Борко е играч на натпреварот. Уште во Хрватска беше фантастичен. Не го гледав Роси, ама видов дека изгубиле. Ми влева надеж поразот од Чешка.
Абе се спасија швеѓаниве, извлекоа бод. Задоволна сум, можевме да победиме, но лесно можевме и да изгубиме. Голманот ни беше одличен. Играта на Лазараов и Мојсовски беше очекувана, па цела шведска одбрана беше врз нив, ама имам претчуство дека со Германија ќе распалат.
Aбе Мојсо здиви !!! Мене ептен пријатно ме изненади Мојсовски, како за прв натпревар супер сме со оглед на тоа што Шветска беше години наназад светски и европски шампион . Незнам дали само јас забележав ама нашион голман беше кифла невидена во натпреваров ! Дали на лева нога имаше станато човекон или не беше убо најаден кифли , катастрофа беше . А одбранати ни беше перфектна , само ете .... А инаку и јас мислам дека Латас беше еден од коментаторите , кој го намести таму алал да му е.
Абре све ќе тепаме, и Германците и Чесите,, уфф само колку бев здивена, ќе испотепав некој. Можевме да тепаме пааааа
Јас мислам дека Борко имаше WOW одбрани, а едниот од коментаторите незнаеше да сврзе реченица, незнам што му беше, мене ми беше смешен, а другиот коментатор не го ни надополнуваше, најверојатно и он не го разбираше!
Јас сум презадоволна од натпреварот, иако замалку што не добив инфаркт. Сите беа многу добри, игравме одлично, публиката беше прекрасна. Им покажавме на сите како се игра, иако бевме сметани за најголеми аутсајдери. Само напред. Ние можеме, знаеме и сакаме. Селекторот на Шведска. (Ова го видов на фб)
Добар резултат е и нерешено,ама горчи бодов најмногу затоа што Швеѓаните не беа толку добри,туку ние многу грешевме јас инаку го гледав само првото полувреме,немав нерви за второто само на 2 пати проверив резултат,негде околу 45 мин кога водевме со 4 разлика и при крајот кога губевме со 3,реков готово изгубиме,кога на крај пуштам резултат нерешено се плашам само нашите ракометари да не потрошија многу од својата енергија и дали ке можат рамноправно да влезат во наредните 2 дуела браво за Алушевски,како да има 19 а не 39 години На жалост,противникот со одлична одбрана успеа да го задржи Кире,кога тој би играл како треба и може би биле многу поопасни Во секој случај,честитки на момците за пожртвуваноста како и за одличната публика па ајде нека ни тргне уште подобро во наредните мечеви.Гладни сме за радости и успеси ова некаде го прочитав како коментар- -- Мајстори сме за трилери значи цццц Субвенцнии од влада лексилиум за цела нација --- точно не знам дали ке мозам да ги гледам наредните 2 меча ако играат вака
Хехехех не сме ние девојкиве за пред телевизор и пред компјутер. Дирек да ни платат и да не однесат на трибини! Гледам и вас ви врие крвта како и мене. Каков татко, каков брат бре - јас бев таа најгласно што викаше дома.Презадоволна сум од играта и баш сум горда што не доминираше еден играч кој ќе ги дава сите голови, па ако го нема него да биде катастрофа. Одлично! Ова нека им биде поттик на ракометарите и за понатаму, нека не се олабавуваат многу многу.. Абе браво!
Супер сме за почеток! Подобро вака по еден бод, наместо сите 3 бода за нив да отидеа. Браво за нас, не дадовме одпор, барем успеавме да изедничиме. Со малку повеќе среќа и одиме кон победа над Германија! МАКЕДОНИЈА!
прашањето е: дали ќе преживееме ако играме со екипче од судии до самиот крај? ова не беше натпревар, ова беше рочиште на македончето во сала. судија секаде ти суди, судија и во спорт ќе ти пресуди.
^ Maкедонче бе, судијата е за се крив Нема врска, не шлапајте глупости. Не е совршен судијата, посебно нема да прежалам кога го исклучи Наумче и му даде 2 минутки аут a воедно и седмерец. Ама сепак судијата беше прилично коректен. Кој беше крив за утките на Кире? За неколкуте промашени седмерци? И за клучни шутеви кои само можеа да скршат некоја навивачка глава. Не ги кривете судиите за сопствените грешки. Иначе шведскиот тренер е еден од најдобрите поранешни шведски ракометари, едно од најзвучните шведски и европски ракометни имиња е. Не го потценувајте Staffan Olsson. Баш изгледа човекот професионално. Им се смееме на сите а плачеме кога не оговараат и потценуваат, баш беше коректен човекот, ај да ни згреши нешто па да го оговараме