Не знам каkо не сум пишила во темава. Денес заслужено си победивме. Ристевски А во среда од колку часот? Македонија, Македонија.....
МАЛЕР: Без Миркуловски и Јоноски против Србија Македонија стигна до огромен триумф во пресметката со Полска, но истовремено и скапо ја плати таа голема победа. Имено, ЕКИПА дознава дека повредите што Ацо Јоноски и Филип Миркуловски ги заработија на овој натпревар се од посериозен карактер, па двајцата ракометари сигурно нема да настапат на клучниот меч со селекцијата на Србија што ќе се одигра в среда. Јоноски, кој важи за еден од столбовите на нашата одбрана, одигра на висина на задачата во првите десетина минути, но потоа настрада во еден дуел со полските ракометари. Тој беше неспортски удрен со лакотот при што се здоби со незгодна скршеница на носот, па сега ќе мора целосно да мирува барем три-четири дена. Уште потешка е повредата на Миркуловски, кој се здобил со скршеница на десната рака во самиот финиш од мечот, откако постигна гол и изнуди исклучување на еден противнички ракометар. Лекарскиот тим на „црвено-жолтите“ констатирал дека повредата на одличниот бек е доста сериозна и дека тој нема да може да настапува за Македонија до крајот на овој шампионат. http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=4832 Уф!Ама штета!
Треба да се надеваме на победа на Шведска сега... нека ме поправи некој ако грешам. Инаку кога играат Шведска и Србија (колку часот?)
Не, Србија треба да победи, ем да биде поопуштено да се надеваме во среда со нас, ем да се исполни 3тиот услов за варијанта 1.
^Не! Колку што знам Србите треба да победат вечер за да можат барем малку да ни пуштат во среда. а сега играт од 20:15h
За Србија треба да навиваме. Во 20:15 на сител 3. Данска (бреј да не ти се верува,се радуваме на Данска )
Борко е ѕвер ама видиме малку предност и веднаш се опуштаме. Да имаше уште 5 минути ќе го изгубевме и овој натпревар. Тоа не е важно сега, важно е дека победивме. Сепак мислам дека најголем демотиватор ни се судиите, ама тоа ти е... Не искршила Полците, а судиите, слепи... реагираа само кога ептен мораа.
Јас па колку што знам треба Србија вечер да изгуби и задутре од нас,и плус Германија пак да изгуби задутре за да ние идеме во полуфинале. Можеби грешам,ама така ми објаснија
Работава е да одиме Србија и ние во полуфинале, Германија да не оди, си има варијанти, ама веќе се исполнува првата па да се надеваме да се оствари... Инаку... Лазаров: Србите ќе паднат пред 10.000 Македонци Пред стартот на Европското Првенство сметав дека ако играме можеме да ги победиме Србите. Сеуште стојам зад ова мое мислење. Ова го изјави капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров на прес-конференција по завршувањето на мечот со Полјаците во кој Македонија победи со 27:25. - Ќе одиме на победа и против Србија. Тоа го сметав пред почетокот на ЕП, а така мислам и сега, изјави Лазаров по натпреварот. Капитенот рече дека за средбата со домаќинот во среда очекува 10.000 навивачи. - Очекувам во среда да видам околу 10.000 Македонци во „Арена“ за да покажеме како се навива, како се игра и како се сака државата, изјави Лазаров. Прземено од: курир.мк
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 6qQZKTxdL8 Што им текнало вака на Србиве да гледаат ракомет
Многу ме интересира утакмицата Македонија-Србија Стварно треба да им се покаже дека сме прави патриоти и најдобри навивачи,зочто секогаш се маваат во гради дека поголеми патриоти нема од нив.